СТРАНИЦАТА Е ПОСТАВЕНА ПРВЕНСТВЕНО НА УЧЕНИЦИТЕ ДА ИМ ГО ОЛЕСНИ СОВЛAДУВАЊЕТО НА ТЕМИТЕ ОД ГЕОГРАФИЈАТА КАКО И ДА СЕ ЗАПОЗНААТ СО СВЕТСКИТЕ ВЕСТИ И ЗАНИМЛИВОСТИ ОД ГЕОГРАФСКИТЕ СОДРЖИ.

Посети

Tuesday, June 30, 2015

Најголемото езеро во Централна Европа.

Езеро Балатон преставува слатковидно езеро,  кое се ноаѓа во централна Европа. Со површина од 562 км2 преставува најголемото тектонско езеро во Централна Европа .Ова езера се ноаѓа во западна Унгарија. Често пати езерото е нарекувано како морето на Унгарија
Покрај ова езера се наоѓаат повеќе летувалишта во северениот брег најпознати летувалишта се Балатонфизво, Балатонналмади, Балатонфиред, Тихани Хестелз итн. Туризмот на овие летувалишта е доста развиен , најголем промет се остварува од јуни до септември, кога просечната температура на водата е 25 степени. За време на силните зими се орагнизира риболов на лед и така се продолжува туристичкјата сезона. 
Реката Зала е најголемата притока на езерото, а канализираниот Шио е единствената река кое се  излева од езерото.
Со површина од 592 кm², должина од 77 км и широчина од 4 до 14 километри, езерото се наоѓа на 104 метри надморска височина, со најголема длабочина од 12,2 метри (просечна длабочина од 3,2 метри). 
Постојат неколку варијанти за потеколот на името Балатон:
Во буквална смисла често е преведувано како блатно езеро, што би одело во правец на тоа дека името потекнува од словенскиот збор блато, меѓутоа бела веќе нема никакво значење во модениот унгарски јазик, додека тон има значење на езеро.За време на Римската империја езерото било нарекувано Плитко езеро додека Германците го нарекувале Гер Plattensee, кое има исто значење како и на латински јазик.  


Monday, June 29, 2015

Највисокиот врв на балканот

Врвот Мусала е највисокиот врв на Балканскиот полуостров. Овој врв е лоциран на планината Рила во Република Бугарија Височината на овој врв изнесува 2925м, и покрај тоа што  Р. Бугарија има голем број врвови со над 2000 метри височина како на пример: 
  • Голема Сјуткја 2186 м
  • Голем Перелик 2191 м 
  • Черни врв 2290м  

но врвот Мусала  претсавува највисокиот врв во Бугарија и највисокиот врв на  Балканскиот полуостров.  Врвот Мусала е повисок за 8м   од врвот Олимп кој се наоѓа во Р. Грција.
Во близина на на овој врв се наоѓа и познатиот туристички центар Боровец или околу 80 км од главниот град на Бугарија- Софија. Постојат повеќе легенди за името Мусала според етимологијата на зборот најприфатливо е дека името произлегло од Мус Аллах или место за молитва "врв за молитва" името е дадена за времето на владеењето на турците на балканскиот полуостров. Исто така името на овој врв во периодот од 1949 година до 1962 година се нарекувал "Сталин "по името на советскиот диктатор Јосиф Сталин. Просечната годишна температура на Мусала е -3  степени целзусови што ја прави најладното место на балканот. Во просек 254 денови во годината врвот Мусала е покриен со снег.
  Туризмот на планината Рила и освојување на највисокиот врв на Балканот е голем предизвик за огромен број планинари не само од Р.Бугарија тука од целиот Балкан и пошироко
.На северозападниот дел од оваа планина се наоѓаат т.н седумте рилски езера, со што освен големиот предизвик на освојувањето на врвот Мусала езерата ја збогатуваат љубопитноста  кај планинарите и љубителите на природата. Врвот Мусала годишно го  посетуваат
50 илјади туристи

.

Sunday, June 28, 2015

На денешен ден 28 јуни

На денешен ден 28 јуни 1993 година Македонија станува членка на УНЕСКО, со што формално стана дел од асоцијацијата на ООН.

Saturday, June 27, 2015

Најдождливото место

Черапунџи  е град во Индија, се наоѓа на 1484 м надморска височина, познат е како најдождливото место во Азија. Во 1816 година во Черапунџи, кој е сместен во јужните делови на малајските планини, забележана е годишна количина од 20,447 мм. Со тоа Черапунџи се смета за место со најголем број на врнежи кој паднале во текот на годината. После овој податок ниедна земја не можела да го оспори и  да докаже дека има друго место со поголем број врнежи во текот на годината. Сепак после 44 година покасно во истото место е забележан нов рекорд од 26,461,2 мм. Бројката е навистина висока и нејзи можеме да ја споредиме со вкупните количини кој паѓаат во текот на период од 42 години во целиот Пекинг Черапунџи држи светски рекорд по годишна наврнато количина  . Во текот на месецот јули 1861 година паднало  9299,6 мм 

Friday, June 26, 2015

На денешен ден 26 јуни


  • На денешен ден 26 јуни во 1959 година отворен е пловниот пат помеѓу реката Сент Лоренц и големите езера. Реката сент лоренц преку каналот се поврзува со поголемите градови кои се тука лоцирани  Шикаго, Детроит, Торонто.

  • На денешен ден во 1541 година во Лима главниот град на Перу убиен е Франциско пизаро

Кракатау

Кракатау бил мал остров во Индонезија кога ја разнела силна вулканска ерупција. Островот бил од вулканско потекло, а експлозијата се случила во 1883 година. Тоа е едне од најпознатите експозии на сите времиња. Ерупцијата го уништил целиот остров, а на тоа места денес е островот Ракатау. Звукот на експлузијата се слишнал доАвстралија,  на оддалеченост од 3500 км. Остров се срушил и претворил во прашина. Во воздухот одлетал околу 19километри  кубни вулкански матријал. Облакот на прашината се дигнал 8 км во височина, а потоа со години кружел околу земјата, предизвикувајќи климатски промени и намалување на летните температури и спектакуларно заогање на сонцето ширум светот.Погинало повеќе од 36 000 луѓе. Ерупцијата само по себе не била толку смртоносна, туку огромните бранови- цунами кој биле повеќе од 40 метра, уништил 163 села покрај бреговите на Јава и Суматра. Вулканот Кракатау настанал со вулканска активност иако вулканот бил пасиевн се до ерупцијата во 1680 година. Појака ерупција од онаа во 1883 година забележана е само кога експлодирал вулканот Тамбора, на индонезискиот остров Сумбави. Таа ерупција во 1815 година исфрлила пет пати повеќе вулкански матријал, ама ерупцијата на Кракатау предизвукала поголемо внимание

Saturday, June 20, 2015

Фарски острови



Фарски острови се група од 18 острови кои се наоѓаат во северниот дел на Атланскиот океан, помеѓу Шкотска Норвешка и Исланд. Од 1948 се под надлежност на Данска освен во обалста на одбраната и надворешната политика. Изворно име на овие острови е Foroyar што на дански значи овчји острови. Првите жители на овие острови биле Викинзите, многу оид нив почнале да се вдижат кон Исланд, а дел од нив решиле да останат тука ида започнат нов живот во новата колонија.Нивната истроија започува во XI век. Кон крајот на X век го примаат христијанството. Најголем град е Торсхавн, кој рои околу 19 000 жители. Фарците денес се занимаваат со риболов и овчарство. Еднствен остров кој е ненаселен е Лујтла Дујмун. Островите располагаат со своја богата фауна.

Thursday, June 18, 2015

Бен Невис

Бен невис е највисокиот врв на Британските острови. Се наоѓа на западниот дел на Грампијанските планини. Има височина од 1.344м, со тоа  Бен Невис претставува популарна туристичка атракција со околу 100 илјади посетители годишно.Околу Бен Невис има неколку ридови со надморска височина од 700 м, и на нив најчесто се искачуваати ентузијасти и професионални планинари од сите возрасти.На местото каде што порано постоел активен вулкан, отворена била опсерваторија која активно работела од 1883 до 1904 година. Нивните метеоролошки истражувања била многу важни како би се откриле климатските појави во Шкотска. Физичарот Чарлс Вилсон бил инсириран да ја конструира познатата Вилсонова комора.


Wednesday, June 17, 2015

Кангченѕунга

Кангченsунга е трета највисока планина во светот. Се издига на 8.586 метри надморска височина во пределот на Химелаите наречен Кангчеsунга Химал , која што на запад се граничи со реката Тамур и на исток со реката Теста. Кангченsунга е лоцирана на границата помеѓу Непал и индиската држава Сиким. До 1852 година се претпоставуваше дека Кангченsунга наголемата планина во светот, ама после британското тригонометриско мерење во 1849 година се потврдило дека Монт Еверест - тогаш познат како peak XV  најголема додека Кангчеsунга третапланина во светот после Монт Еверест и K2.
Првото познато искачување се случило 1955 година, Џо Браун и Џoрџ Бенд се искачиле на оваа планина на 25 мај, останатите членови од тимот Норман Харди и Тони Стритер се искачиле следниот ден на 26 мај


Tuesday, June 16, 2015

Курилски острови

Курилски острови преставуваат архипелаг кои го сочинуваат сва паралелни островски гребени, големиот и малиот курилски гребен. Првиот извештај за Курилските острови ги донел рускиот патешественик и истражувач Владимир Атласов. Луѓето повемено, со помал или со поголем успех, се обидуваат да ја скротат силата на исконските природни сили кои господарат со Курилските острови. Како своевиден споменик на скротителите на топлината скриена во јадрата на земјата, во подножјето на вулканот Барански островот Итруп- се наоѓа една од многубројните геотермални станици во Русија




Monday, June 15, 2015

15 јуни Меѓународен ден на ветерот


Денес е 15 јуни меѓународен ден на ветерот. Во Македонија ќе го прославиме на единствен начин прошетка- Излези и осети ја силината на ветерот. Првите ветерници изградени во Македонија се наоѓаат во близина на градот Богданци. Во идинина се очекува и други вакви ветерни паркови да бидат поставени во нашата држава.






Saturday, June 13, 2015

Цугшпице


Цугшпице преставува највисокиот врв на масивот Ветерштајн, Баварски Алпи истовремено преставува највисокиот врв во Германија со надморска височина од 2.962 метри. 
Се наоѓа на границата помеѓу Германија и Австрија. Прекрасно место каде може да се најде спокојство помешано со возбуда. 
Цугшпице прв пат бил искачен на 7 август 1820 година од страна на Јозеф Наус неговиот помошник Мајер и водичот Јохан Георг Таушл. Три жичници водат до врвот Цугшпице.
Искачување со жичарница нуди  спектакуларен поглед кон езерото Eibsee.











Friday, June 12, 2015

Александар Хумболт


Александар Хумболт Германски истражувач, географ и зоолог. Хумболт почнал да ја проучува Јужна Америка во 1799 година, заедно со францускиот ботаничар Еме Бонплан. Тие пет години ја проучувале геологијата и растенијата на овој континент. Хумболт прв се искачил на Чимборозо, највисокиот врв  во Еквадор, и ја опишал неговата околина



Thursday, June 11, 2015

На денешен ден 11 јуни


На денешен ден 11 јуни во 1770 година Капетанот Џејмс Кук го открива големиот корален гребен во Австралија. Инаку овој гребен познат под името голем корален гребен кој се наоѓа во североисточна Австралија преставува најголемиот корален гребен во светот. Вкупната должина на овој гребен изнесува 2030 км. Се наоѓа во водите на сојузната држава Квисленд и е прогласен од УНЕСКО за светско природно наследство во 1981 година




Wednesday, June 10, 2015

Убавините на планината Стогово

Стогово е планина во западниот дел на Македонија која припаѓа на планинската верига Шарско-Корабскиот масив. Стогово се протега северо-запад југо-исток. Има должина од околу 22 км и ширина околу 16 км.  На север се граничи со планината Бистра и Крчин, на исток е планината Јама и потоа се спушта кон Кичевската котлина. На југ продолжува кон планината Караорман, а на запад се спушта кон Дебарското езеро, каде се областите Дримкол и Малесија. Стогово припаѓа на групата млади верижни планини и има карстни карактеристики, се гледа дека глацијалниот период има оставено свои траги на лицето на планината. Има повеќе остри и карпести врвови, на повеќе места штрчат карпести формации, има вртачи, неколку планински езерца, но од другата страна има и огромни пространства на широки тревни површини, идеални пасишта за развој на овчарството, и не случајно тука се лоцирани над десетици бачила.
Највисокиот врв на оваа прекрасна планина е Голем рид со 2273 м, потоа е Бабин Срт со 2240 м и Канеш 2218. Оваа планина располага со големи количини на вода, има многи извори и планински рекички  како Песочанка,Еловечка река и други



Tuesday, June 9, 2015

Интересни факти за Австрија

Aстрија е една од најпопуларните дестинации во Европа. Во 16 и 17 век Виена станува културна престолнина на стариот континент - австриските благородници диктираа модата во архитектурата, класичната музика и дворцов етикета. 
Од неверојатните Австриските Алпи до прекрасните дворци во Виена, Австрија нуди уникатна и различно искуство за туристите. Ви претставуваме 14 интересни факти за Австрија!

Факти за историјата на Авсатрија

Австро-унгарската бароницата Берта фон Зутнер е првата жена добитник на Нобеловата награда за мир. Наградата е во 1905 година. Виенската зоолошка градина е формирана во далечната 1752 година од императорот Франц Стефан (Франц I). Таа е најстарата зоолошка градина во светот. Во дворецот Шьонбрун има над 1.440 соби.
Знамето на Австрија е еден од најстарите национални знамиња во светот. Датира од 1191 година,  кога Леполд учествува во битката кај Акра за време на Третиот крстоносен поход.
Во централната гробишта на Виена има над 2,5 милиони гробот - повеќе од сегашното население на градот. На гробиштата почиваат личности како Бетовен, Брамс, Шуберт и Штраус. 
Најголемиот смарагд во светот се наоѓа во Австрија. Тој тежи 2860 карати е и изложен во царски ризница во Хофбург, Виена.
Австрија е единствениот член на Европската унија, кој не е дел од НАТО.

 Факти за природата на Австрија

62% од територијата на Австрија е зафатена од австриските Алпи. Во Австрија се наоѓаат 13 врвот над 3000 метри и 34 над 2000 метри.
 Водопадот Кримлер крај Салцбург е висок 380 метри и е највисокиот водопад во Европа. Всушност Кримлер (или Кримъл) се неколку последователни водопадот формирање заедничка каскада.

Факти за австријците  и австриската култура

Австрија е татковина на некои од најпознатитекомпозитори на класична музика - Хајдн, Моцарт, Шуберт, Јохан Штраус, Франц Лист, Густав Малер и Антон Брукнер. Таткото на психоанализа, Сигмунд Фројд е австриец. Кон 2012 година 19 Австријци се добитници на Нобелова награда - 7 во област Филозофија и Медицина, 4 во Хемија и 3 за заслуги кон физиката. Австрија е една од земјите со најголем процент нобелови лауреати по глава на жител - зад Луксембург, скандинавските земји и Швајцарија. Над 50% од австриските мажи се со прекумерна тежина (највисокиот процент во ЕУ), но само 8,6% имаат прекумерна тежина, што е четвртиот најнизок процент во ЕУ. Од друтата страна само 20.3% (8.6 со прекумерна тежина) од жените се со прекумерна тежина, што е најнизок резултат во целата Европска унија.

Monday, June 8, 2015

Езерце Сандански

Езерцето Сандански претаставува вештачко езеро,  оддалечено е околу 4 км километери од градот Делчево.Со вода се снабдува од реката  Брегалница, која поминува веднаш покрај него. Ова езерце е наменето за спортска рекреација-риболов. Езерцето Сандански  плени со својата убавина и претаставува скриен бисер кое несомнено е атракција за викедните на Делчевци и жителите на другите околни места. 
Вистинско место за пикник и прекрасни нови доживувања покрај убавината на ова мало и убаво езерце ви нудат и прекрасниот манастир во непосредна близина на ова езерце во подножјето на питомата планина  Голак а тоа е  Св Ѓорѓија. 
На патот кон езерото се наоѓаат истатоци од средновековна кула и во честа на таа кула е изграден мотел кој го ниси истото име  Кула
Ова езерце има  4 видови на риба. Во кругор на езерцето можат да се забележати поголем број на дивеч, некои видови на домашни животни, околу езерото има патеки за шетање, високи дрвја, летниковци за уживање и конзумирање на уловената риба која може да се подготви на скара додека се лови. Околината на самото езеро е уредено и збогатено се некои тари предмети среден век, карактеристично за поднебјето кое дава посебен шмек во самата природа

Sunday, June 7, 2015

Голак

Планина Голак
Голак се наоѓа меѓу Делчевската котлина од исток и Кочанската котлина на запад. Од север се спушта до реката Брегалница која прави еден голем лак околу оваа планина. На југ продолжува како Обозна планина која од Плачковица е одделена со Калуѓерска река и превалот Обозна. Планинскиот масив зафаќа  12 800 ха, спаѓа во средно високи планини
 Највисок врв на Голак е врвот Чавка - 1538 метри и оддалечен е од Делчево 12 км, а на Обозна највисок врв е Јастребец 1273 метри. 
Планината Голак го носи епитетот воздушна бања, бидејќи воздухот е многу чист, а климатските услови се благи.  Голак преставува популарна дестинација за викенд посети на делчевчани и и на гости од другите градови кои често одмараат на Голак до планината се стигнува по асфалтен пат. Секоја година на 8-ми и 9 -ти Август во чест на празникот Пантелејмон на планината Голак, кај истоимениот манастир Св Пантелејмон се одржуваат Голачки фолклорни средби кои има интернационален карактер. Инаку Голачките фолклорни средби е манифестација со ревијален карактер, а настапите на изворните инструменти, старите уникатни носии, играорците ги селдат неколку илјади граѓани

Friday, June 5, 2015

На денешен ден 5 Јуни

На денешен ден 5 јуни во 1972 во Стокхолм е одржана првата конференција на ОН за животната средина. Оттогаш 5 јуни е прогласен за СВЕТСКИ ДЕН НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА



Јангценкјанг Плава Река

Јангценгјанг Плава река- со нејзините 6.380 преставува најголемата река во Азија и трета во светот. Сливот на оваа река зафаќа 1,8 мил.км/2. Извира од јужните падини Квенлун. Во горните текови тече во тесно корито, во длабока и непристапна долина, на која се издигаат високи планини. Кога се спушта од Тибет, влегува во плодната Сечуанска котлина. Во однос на жолтата река, таа има поголемо собраќајно значење. За големите бродови плодна е 1.000 км до градот Вухан а за помалите и до 3.000 км. Во изворишните делови се храни од топење на снегот, а во останатиое дел од монсунските дождови. Во лето има висок, во зима низок водостој. За време на големите врнежи нараснува до 28 метри, а во сатеските и до 50 метри. Јангценгјанг исто така се нарекува  со името Чанг Џијанг, таа е најдолгата река во Кина а трета во светото после Нил и Амазон. Таа ја дели Кина на северен и јужен дел, со оглед на тоа дека преставува најголемата река во Кина за земјата има големо значење од економска географска и културна перспектива. Браната која е изградена на оваа река е една од најголемите во светски рамки



Thursday, June 4, 2015

Големо пелистерско езеро


Големо Пелистерско Езеро — постаглацијално ледничко езеро кое се наоѓа во изворишниот дел на Езерска Река, лева притока на реката Сапунчица, источно од врвот Вртешка, на надморска висина од 2.218 m. Езерото е во рамките на Националниот парк Пелистер Настанато е со заемно дејство на ерозивните и акумулативните глацијални процеси, во преиздлабениот дел на циркот, кој од јужната и источната страна е заграден со моренски бедем, чија должина изнесува 320 m. Во правец југозапад-североисток езерото е долго 223 m, а најголемата ширина во правец ји–сз изнесува 166 m. 
Вкупната должина на езерскиот брег изнесува 785,25 m, а во овие рамки тоа зафаќа површина од 42.000 m2. Најголемата длабочина при највисокиот водостој изнесува 17,2 m, додека при најнизок водостој таа е 13,8 m, односно просечната длабочина при среден водостој е 15,5 m според што тоа е трето по длабочина природно езеро, а најдлабоко планинско езеро во Македонија  Во базенот на ова езеро се акумулираат вкупно 185.374 m3 вода.. До езерото води добро обележана планинарска патека со почеток од С. Нижеполе кај месноста Лак Поток и ски-лифтот, преку пределот Дебел Рид, а исто така може да се стигне пеш или со теренско возило од хотелот „Молика“ преку месноста Јоргов Камен и Малото Пелистерско Езеро. Од планинарскиот дом крај Големото Пелистерско Езеро започнува и води директна добро обележана планинарска патека кон селото Брајчино во Преспа  

Wednesday, June 3, 2015

Пустина Тар

Пустината Тар, исто така позната и како Голема индиска пустина, преставува голем, сушен регион во северозападниот дел на Индискиот потконтинент што преставува природна граница меѓу Индија и Пакистан . Тоа е 17-та најголема пустина во светот,  9-ти најголема суптропска пустина во светот.  Околу 85% од пустината Тар се наоѓа во Индија, а останатиот дел во Пакистан. 

Во Индија, таа  опфаќа околу 320.000 км2 (120,000 sq mi), од кои 60% е во Раџастан и се протега во Гуџарат, Пенџаб и Харајана. Ова пустината се состои од многу сув дел, регионот Marusthali на запад, и регионот semidesert на исток со помалку песочни дини и малку повеќе врнежи. 



На денешен ден 3 јуни

На денешен ден 3 јуни, Хернандо Де Сото во 1540 година е првиот европеец кој ги преминува Апалачките планини.  Тој бил Шпански морепловец, истражувач и конквистадор. Имал значајна улога во освојувањето на Панама, Никарагва и Перу заедно со Франциско Пизаро. Негова наголема заслуга е експедицијата во Северна Америка, денешен Сад во потрага по Елдорадо 






Tuesday, June 2, 2015

Регионална поделба на Азија

Северна Азија - главно ги опфаќа териториите што спаѓаат во  во сливот на Арктичкиот океан. Од планината Урал до Тихиот океан. Оваа територија во целост се наоѓа во Русија

Источна Азија- Нр Кина, Монголија Народна демократска република Кореја-Северна, Република  Кореја-Јужна,Јапонија и Тајван
ДржаваГлавен градПовршина(кm²)Население(ООН, 2009)
КинаПекинг9 806 4001 331 115 200
ТајванТајпеј35 87023 027 672
МонголијаУлан Батор1 564 2002 671 000
Јужна КорејаПјонгјанг122 76023 906 000
Северна КорејаСеул99 27048 333 000
ЈапонијаТокио377 800127 580 000

Јужна Азија- Исламска република Пакистан, Индија, Непал, Бутан, Народна република Бангладеш, Демократска Социјалистишка Република Шри Ланка и Малдиви
Југоисточна Азија- Острови Борнео Јава,Суматра Сулавеси, Минданао и други
Држави:  Мјанмар,Тајланд, Демократска народна република Лаос, Камбоџа, Социјалистичка република Виетнам, Федерација Малезија, Сингапур, Брунеј, Индонезија, Демократска Република Тимор и Филипини


ДржаваГлавен градПовршина(кm²)Население (ООН, 2009)
ПакистанИсламабад796 100166 649 000
ИндијаЊу Делхи3 287 6001 165 040 000
НепалКатманду147 20029 331 000
БутанТимфу46 700697 000
БангладешДака147 600162 221 000
Шри ЛанкаКоломбо65 61020 238 000
МалдивиМале298309 000


Средна Азија-Република Казакстан,Република Туркменистан,Република Узбекистан, Република Киргистан, Република Таџекистан и Авганистан

ДржаваГлавен градПовршина(кm²)Население (ООН, 2009)
ТуркменистанАстана488 1005 110 000
УзбекистанАшгабат447 40027 488 000
КаргистанТашкент198 5005 482 000
ТаџикистанБишкек143 1006 952 000
АвганистанДушанбе662 20028 150 000
КазахстанКабул2 717 30015 571 506


Југозападна Азија-Турција,Грузија, Ерменија,Азербејџан, Кипар, Либан, Сирија,Израел, Јордан, Ирак, Иран, Саудиска Арабија, Кувајт, Бахраин, Катар, Обединети Арапски Емирати, Оман и Јемен
ДржаваГлавен градПовршина(кm²)Население(ООН, 2009)
ТурцијаАнкара780 60071 517 100
ГрузијаТбилси69 7004 382 100
АзербејџанБаку86 6008 629 900
КипарНикозија9 251801 600
ЛибанБејрут10 4524 224 000
СиријаДамаск185 18021 906 000
ИзраелЕрусалим21 0007 411 500
ИракБагдад438 30030 747 000
ИранТехеран1 648 00070 517 100
Саудиска АрабијаРијад2 149 70025 721 000
КувајтКувајт17 8202 985 000
БехреинМанама17 820791 000
КатарДоха11 4301 409 000
АОЕАбу Даби82 9004 579 000
ОманМаскат212 4602 845 000
ЈеменСана536 87023 580 000


Баобаб

Баобаб е дрво што расте во саваните, има мошне дебело стебло со големи резерви на вода.Плодовите од него се користат како храна, а во неговото стебло луѓето прават отвори за живеење.

Израел Природно географски карактеристики

Израел се наоѓа помеѓу Азија и Африка, односно на потегот меѓу Средоземното море, Црвеното море и Мртвото море. Административно политички граничи со следниве држави
Север Либан, исток Сирија и Јордан, а на југ и југозапад со Египет. Зафаќа површина од 20.700 км2 со населеност од 5.050.850 жители
Израел е земја на плодни рамнини. Тие се наоѓаат покрај брегот на средоземното море. На север е плодната Шаронска, а на југ Шефелска рамнина. Покрај рамнините во Израел има и ридски предели и висорамнинини и тоа, на север и исток Галилеја, Самарија и Јудеја. Најголема височина во земјата се наоѓа на Галилејската висорамнина во крајниот северен дел на земјата, а тоа е височината Мерон  1207 м. Оваа височина стрмно се спушта на исток во раседната долина на реката Јордан и депресијата на Галилејското езеро -209 м. Исто така и ридестите простори на Јудеја и Самарија на исток се спуштаат кон долината на Јордан и Мртвото море. Долината на реката Јордан е дел од големиот светски ров која допира се до Источна Африка. Голем дел од земјата зафаќа пустината Негев на југ
Во поглед на климата иако Израел има  релативно мала површина сепак  на неговата територија се  забележуваат повеќе разлики во климатските особини. така покрај приморјето  поднебјето е средоземно, а околу Мртвото море и басенот Јордан е суво и суптропско. На планинските предели климата е изменета додека на повисоките делови зимите се ладни.  Во областа на Негев климата е пустинска и полупустинска. Еден од најтешките проблеми на Израел е недостик на вода. Врнежите кои се јавуваат во вид  на дожд не се територијално уедначени. Така на север обично ги има доволно над 700 мм а на југ врнежите се сосема мали количини.
Израел располага со мал број на речни токови. Реките кои припаѓаат на сливот на средоземното море се куси и со мали количини на вода. Од нив најзначајна е  реката Кишон која се карактеризира со доста плодна долина. Од површинските речни токови најголема е реката Јордан која протекува низ Галилејското или Тиберијското езеро и понатаму се влева во Мртвото море. И двете езера се солени и се наоѓаат во длабоку депресии. Така Мртвото море е под нивото на средоземното мореза -392 м  а, Галилејското езеро за -209 м.



К- 2

К2  е втора највисока планина на земјата, сместена во масивот Каракорум од планинскиот венец Химелаи. К2 е пониска само од Монт Еверест. Пакистанците тврдат дека висината на планината е 8.884 метри. Врвот К2 се наоѓа на границата помеѓу автономниот округ Ташкурган  кој е дел од Сјинџанг, Кина, и северните територии на Пакистан. Овој регион е спорен, бидејќи и Индија исто така тврди дека тој е интегрален дел од индиската држава Џаму и Кашмир. Моментално К2 е под пакистанска управа. Планината првпат била истражена од европски истражувачки тим во 1856 година предводен од Хенри Хевершим Годвин-Остен. Томас Монтгомери бил член на тимот кој го нарекол К2 заради тоа што бил вториот откриен врв на масивот Каракорум. Кинеските власти К2 официјално го нарекуваат Ќогир други називи се
  • Монт Годвин Остен, 
  • Ламба Пахар- Висока планина,
  • Дапсанг,Кечу 
  • Чогори- Крал на планините 

Monday, June 1, 2015

Боговинско езеро



Боговинско езеро е најголемо од 27- леднички езера на Шар Планина. Езерото се наоѓа меѓу Брустовец и Мала Смрека на 1.936 надморска височина. Во правец југозапад североисток е долго 245 м и широко 210 метри. Најголема длабочина изнесува 2.2 метри. Има површина од 66.680 м2 . Се наоѓа на карпест басен. 
Боговињското езеро има најголем број на притоки кои се влеваат во него. Најголема и најпозната е секако истоимената боговињска река, која се влива во него и на спротивната страна се одлива за да продолжи кон селото Боговиње, и  на крај се влива во Вардар кај селото Радиовце