СТРАНИЦАТА Е ПОСТАВЕНА ПРВЕНСТВЕНО НА УЧЕНИЦИТЕ ДА ИМ ГО ОЛЕСНИ СОВЛAДУВАЊЕТО НА ТЕМИТЕ ОД ГЕОГРАФИЈАТА КАКО И ДА СЕ ЗАПОЗНААТ СО СВЕТСКИТЕ ВЕСТИ И ЗАНИМЛИВОСТИ ОД ГЕОГРАФСКИТЕ СОДРЖИ.

Посети

Thursday, June 4, 2015

Големо пелистерско езеро


Големо Пелистерско Езеро — постаглацијално ледничко езеро кое се наоѓа во изворишниот дел на Езерска Река, лева притока на реката Сапунчица, источно од врвот Вртешка, на надморска висина од 2.218 m. Езерото е во рамките на Националниот парк Пелистер Настанато е со заемно дејство на ерозивните и акумулативните глацијални процеси, во преиздлабениот дел на циркот, кој од јужната и источната страна е заграден со моренски бедем, чија должина изнесува 320 m. Во правец југозапад-североисток езерото е долго 223 m, а најголемата ширина во правец ји–сз изнесува 166 m. 
Вкупната должина на езерскиот брег изнесува 785,25 m, а во овие рамки тоа зафаќа површина од 42.000 m2. Најголемата длабочина при највисокиот водостој изнесува 17,2 m, додека при најнизок водостој таа е 13,8 m, односно просечната длабочина при среден водостој е 15,5 m според што тоа е трето по длабочина природно езеро, а најдлабоко планинско езеро во Македонија  Во базенот на ова езеро се акумулираат вкупно 185.374 m3 вода.. До езерото води добро обележана планинарска патека со почеток од С. Нижеполе кај месноста Лак Поток и ски-лифтот, преку пределот Дебел Рид, а исто така може да се стигне пеш или со теренско возило од хотелот „Молика“ преку месноста Јоргов Камен и Малото Пелистерско Езеро. Од планинарскиот дом крај Големото Пелистерско Езеро започнува и води директна добро обележана планинарска патека кон селото Брајчино во Преспа  

No comments:

Post a Comment