К2 е втора највисока планина на земјата, сместена во масивот Каракорум од планинскиот венец Химелаи. К2 е пониска само од Монт Еверест. Пакистанците тврдат дека висината на планината е 8.884 метри. Врвот К2 се наоѓа на границата помеѓу автономниот округ Ташкурган кој е дел од Сјинџанг, Кина, и северните територии на Пакистан. Овој регион е спорен, бидејќи и Индија исто така тврди дека тој е интегрален дел од индиската држава Џаму и Кашмир. Моментално К2 е под пакистанска управа. Планината првпат била истражена од европски истражувачки тим во 1856 година предводен од Хенри Хевершим Годвин-Остен. Томас Монтгомери бил член на тимот кој го нарекол К2 заради тоа што бил вториот откриен врв на масивот Каракорум. Кинеските власти К2 официјално го нарекуваат Ќогир други називи се
- Монт Годвин Остен,
- Ламба Пахар- Висока планина,
- Дапсанг,Кечу
- Чогори- Крал на планините
No comments:
Post a Comment