СТРАНИЦАТА Е ПОСТАВЕНА ПРВЕНСТВЕНО НА УЧЕНИЦИТЕ ДА ИМ ГО ОЛЕСНИ СОВЛAДУВАЊЕТО НА ТЕМИТЕ ОД ГЕОГРАФИЈАТА КАКО И ДА СЕ ЗАПОЗНААТ СО СВЕТСКИТЕ ВЕСТИ И ЗАНИМЛИВОСТИ ОД ГЕОГРАФСКИТЕ СОДРЖИ.

Посети

Friday, June 5, 2015

Јангценкјанг Плава Река

Јангценгјанг Плава река- со нејзините 6.380 преставува најголемата река во Азија и трета во светот. Сливот на оваа река зафаќа 1,8 мил.км/2. Извира од јужните падини Квенлун. Во горните текови тече во тесно корито, во длабока и непристапна долина, на која се издигаат високи планини. Кога се спушта од Тибет, влегува во плодната Сечуанска котлина. Во однос на жолтата река, таа има поголемо собраќајно значење. За големите бродови плодна е 1.000 км до градот Вухан а за помалите и до 3.000 км. Во изворишните делови се храни од топење на снегот, а во останатиое дел од монсунските дождови. Во лето има висок, во зима низок водостој. За време на големите врнежи нараснува до 28 метри, а во сатеските и до 50 метри. Јангценгјанг исто така се нарекува  со името Чанг Џијанг, таа е најдолгата река во Кина а трета во светото после Нил и Амазон. Таа ја дели Кина на северен и јужен дел, со оглед на тоа дека преставува најголемата река во Кина за земјата има големо значење од економска географска и културна перспектива. Браната која е изградена на оваа река е една од најголемите во светски рамки



No comments:

Post a Comment