СТРАНИЦАТА Е ПОСТАВЕНА ПРВЕНСТВЕНО НА УЧЕНИЦИТЕ ДА ИМ ГО ОЛЕСНИ СОВЛAДУВАЊЕТО НА ТЕМИТЕ ОД ГЕОГРАФИЈАТА КАКО И ДА СЕ ЗАПОЗНААТ СО СВЕТСКИТЕ ВЕСТИ И ЗАНИМЛИВОСТИ ОД ГЕОГРАФСКИТЕ СОДРЖИ.

Посети

Wednesday, June 10, 2015

Убавините на планината Стогово

Стогово е планина во западниот дел на Македонија која припаѓа на планинската верига Шарско-Корабскиот масив. Стогово се протега северо-запад југо-исток. Има должина од околу 22 км и ширина околу 16 км.  На север се граничи со планината Бистра и Крчин, на исток е планината Јама и потоа се спушта кон Кичевската котлина. На југ продолжува кон планината Караорман, а на запад се спушта кон Дебарското езеро, каде се областите Дримкол и Малесија. Стогово припаѓа на групата млади верижни планини и има карстни карактеристики, се гледа дека глацијалниот период има оставено свои траги на лицето на планината. Има повеќе остри и карпести врвови, на повеќе места штрчат карпести формации, има вртачи, неколку планински езерца, но од другата страна има и огромни пространства на широки тревни површини, идеални пасишта за развој на овчарството, и не случајно тука се лоцирани над десетици бачила.
Највисокиот врв на оваа прекрасна планина е Голем рид со 2273 м, потоа е Бабин Срт со 2240 м и Канеш 2218. Оваа планина располага со големи количини на вода, има многи извори и планински рекички  како Песочанка,Еловечка река и други



No comments:

Post a Comment