СТРАНИЦАТА Е ПОСТАВЕНА ПРВЕНСТВЕНО НА УЧЕНИЦИТЕ ДА ИМ ГО ОЛЕСНИ СОВЛAДУВАЊЕТО НА ТЕМИТЕ ОД ГЕОГРАФИЈАТА КАКО И ДА СЕ ЗАПОЗНААТ СО СВЕТСКИТЕ ВЕСТИ И ЗАНИМЛИВОСТИ ОД ГЕОГРАФСКИТЕ СОДРЖИ.

Посети

Tuesday, June 2, 2015

Израел Природно географски карактеристики

Израел се наоѓа помеѓу Азија и Африка, односно на потегот меѓу Средоземното море, Црвеното море и Мртвото море. Административно политички граничи со следниве држави
Север Либан, исток Сирија и Јордан, а на југ и југозапад со Египет. Зафаќа површина од 20.700 км2 со населеност од 5.050.850 жители
Израел е земја на плодни рамнини. Тие се наоѓаат покрај брегот на средоземното море. На север е плодната Шаронска, а на југ Шефелска рамнина. Покрај рамнините во Израел има и ридски предели и висорамнинини и тоа, на север и исток Галилеја, Самарија и Јудеја. Најголема височина во земјата се наоѓа на Галилејската висорамнина во крајниот северен дел на земјата, а тоа е височината Мерон  1207 м. Оваа височина стрмно се спушта на исток во раседната долина на реката Јордан и депресијата на Галилејското езеро -209 м. Исто така и ридестите простори на Јудеја и Самарија на исток се спуштаат кон долината на Јордан и Мртвото море. Долината на реката Јордан е дел од големиот светски ров која допира се до Источна Африка. Голем дел од земјата зафаќа пустината Негев на југ
Во поглед на климата иако Израел има  релативно мала површина сепак  на неговата територија се  забележуваат повеќе разлики во климатските особини. така покрај приморјето  поднебјето е средоземно, а околу Мртвото море и басенот Јордан е суво и суптропско. На планинските предели климата е изменета додека на повисоките делови зимите се ладни.  Во областа на Негев климата е пустинска и полупустинска. Еден од најтешките проблеми на Израел е недостик на вода. Врнежите кои се јавуваат во вид  на дожд не се територијално уедначени. Така на север обично ги има доволно над 700 мм а на југ врнежите се сосема мали количини.
Израел располага со мал број на речни токови. Реките кои припаѓаат на сливот на средоземното море се куси и со мали количини на вода. Од нив најзначајна е  реката Кишон која се карактеризира со доста плодна долина. Од површинските речни токови најголема е реката Јордан која протекува низ Галилејското или Тиберијското езеро и понатаму се влева во Мртвото море. И двете езера се солени и се наоѓаат во длабоку депресии. Така Мртвото море е под нивото на средоземното мореза -392 м  а, Галилејското езеро за -209 м.



No comments:

Post a Comment