СТРАНИЦАТА Е ПОСТАВЕНА ПРВЕНСТВЕНО НА УЧЕНИЦИТЕ ДА ИМ ГО ОЛЕСНИ СОВЛAДУВАЊЕТО НА ТЕМИТЕ ОД ГЕОГРАФИЈАТА КАКО И ДА СЕ ЗАПОЗНААТ СО СВЕТСКИТЕ ВЕСТИ И ЗАНИМЛИВОСТИ ОД ГЕОГРАФСКИТЕ СОДРЖИ.

Посети

Sunday, May 27, 2012

Екскурзии

Крушево, Прилеп и пештерата Пешн
  
Споменикот Илинден познат и како Македониум е комплекс што се наоѓа во Крушево. Споменикот бил откриен уште во 2 август 1974. Споменикот е откриен ос Грабулоски Јордан  и Искра Грабулоска
  
Споменикот Мечкин Камен се наоѓа во близина на Крушево, Македонија Споменикот претставува востаник со високо подигната камен карпа над главата и го претставува последниот очајнички миг во борбата на востаниците од одредот на легендарниот војвода Питу Гули кои ги дале своите животи при одбраната на Крушевската Република . Легендарниот “Мечкин Камен” претставува епопеја сам за себе.

 


Спомен Дом на Тодор Проески

Галеријата на икони во прилеп меѓу најбогатите во Македонија
  
Во поставката на прилепската галерија има 66 икони со извонредна вредност и значење, сите оригинални репрезенти на богатото иконописно творештво на овие простори.
Со галеријата на икони и археолошките артефакти сврзани со христијанството и религијата, имаат голема врденост и значење за нашиот народ. 
 Во Галеријата на икони "Баба-Неделино училиште" изложени се најзначајните примероци, сите оригинални репрезенти на богатото иконописно творештво на овие простори. Овие ретки икони кои се доста стари имаат извонредна вредност и значење, а е збогатена и со археолошки, етнолошки и со библиографски експонати. 
 Секоја икана има своја интересна приказна каде е најдена од кој период датира и слична една од многуте кои мене ми го привлекуа вниманиетое  единствената реконструирана фреска на архангел Гаврил, од манастирот „Св. Арахангел Михаил“.
 Необичен уметнички квалитет и врвно дело на византиското сликарство од 12 в. претставена во Њујорк, Лондон, Стокхолм во седумдесеттите години на 20 век.
Музеј на тутун

Сегашната форма на музејот за тутун е од отварањето на изложбата по повод 60 годишнината од постоењето на Институтот за тутун.
  Музејот за тутун располога со голем број на експонати  (лулиња, чибуци,табакери и бурмутници) како и уметничка збирка која брои 150 ликовни и скулптурни дела и две макети на стари куќи. Експонатите се откупени од разни институции и поединци  од цела  Европа, мал дел од Азија и Африка, мал дел се подарени. Местата од кои поотекнуваат експонатите се многубројни, но највредните потекнуваат од Европа, Азија и Северна Африка. Експонатите се истакнуваат со својата уметничка вредност и нивни експресивни особи




Пештерата Пешна,  се наоѓа на околу 6 километри од Македонски Брод таа е една од најатрактивните природни убавини на Македонија. Пештерата е прогласена за споменик на природата во неа има голем број ендемични видови на флора и фауна :  за жал оваа убавина не е до крај истражувана и  не е многу промовирана па затоа не е многу позната не само пред граѓаните на светот туку и помеѓу населението во Македонија.  До неа се доаѓа по живописна уредена патека загрната во дрјва и грмушки која ве води до неверојатно големиот пештерски влез. Велат дека Пешна е пештера со најголем отвор (над 30 метри висина и 52 метри ширина) . Освен што преставува рај за спелеозите,  со оваа пештера се поврзани безброј интересни легенди анегдоти и  митски приказни. За тоа дека тука постоел живот уште од доцната антика го потврдуваат големиот број артефакти и откриената тврдина во внатрешноста.

Средновековна тврдина - Во внатрешноста има остатоци од камена градба и остатоци од воденички камења.и тука некогаш се вртеле колцата на дури 23 воденици! Една легенда вели дека  Крале Марко имал пет ќерки. На две од нив Марко им изградил живеалишта-тврдини. На постарата, Пешна, и изградил дом во самата пештера, а на помалата, Дева, на ридот спроти пештерата, оддалечен неколку стотини метри кон запад. И од нејзиниот дом има остатоци на врвот од ридот. Според нивните имиња се и сегашните топоними на околните села. Оваа пештера е идентична на замислената пештера во господар на прстените според New York time и е карактеристична по тоа што има најголем отвро на балканот.