СТРАНИЦАТА Е ПОСТАВЕНА ПРВЕНСТВЕНО НА УЧЕНИЦИТЕ ДА ИМ ГО ОЛЕСНИ СОВЛAДУВАЊЕТО НА ТЕМИТЕ ОД ГЕОГРАФИЈАТА КАКО И ДА СЕ ЗАПОЗНААТ СО СВЕТСКИТЕ ВЕСТИ И ЗАНИМЛИВОСТИ ОД ГЕОГРАФСКИТЕ СОДРЖИ.

Посети

Sunday, May 27, 2018

Дали сте знаеле

Дали сте знаеле дека гризли може да улови 40 kg риба на ден


Thursday, May 24, 2018

Дали сте знаеле

Дали сте знаеле дека Албатросите може да лебдат на воздушна струја неколку дена, па дури и да спијат додека летаат

Wednesday, May 23, 2018

За 9 одделение работен лист


1
2
3
4
5
6
A
Бајкалско езеро
Планина
Нафта
Панда
Низина
Држава

B
Летни и зимски
Мртво море
Суецки
Будизам
Азија
Континент

C
Пекинг
Црно злато
Филипински
Тајфун
Река

Животно

D
Земјотреси
Русија
Премин
Берингов
Пустина

Полуостров

E
Депресија
Клучевскаја сопка
Токио
Монсуни
Кина
Бенгалски
F
Ганг
Камчатка
Цунами
Најдлабоко
Памир
Езеро

G
Острови
Ветер
Тибет
Вулкан
Град
Аралско

H
Месопотамија
Религија
Гоби
Висорамнина
Канал
Залив

Tuesday, May 22, 2018

Алфред Вегенер

Алферд Вегенер е германски научник, роден во Берелин Вегенер се занимавал со астрологија, метеорологија и геологија. Во 1915 година ја изнесол теоријата за движењето на континентите.

Најголемата хидроцентрала во светот

Најголемата хидроцентрала во светот Три клисури (Three Gorges Dam) на реката Јангценгјанк, во кинеската провинција Хубеј е најголемата хидроцентрала на светот. Изградбата на самата а централа траела од 1993 до 2006 година а последните генератори се пуштени во погон во 2012 година. Браната е долга 2,335 метри, висока 185 метри со 32 генератори вкупна моќност 22 500 и тежина од 6000 тона. Водата паѓа од 80 метри висина што овозмошува да се произведе 
85.000.000.000 киловат часови електрична енергија (11% од вкупната енергија во Кина) во текот на изградбата на браната присулн
о се иселени 1,3 милиони луѓе и уништено неколку градови. 

Квиз прашање 12

Еден турист во една прилика изјавил дека одмарал во една земја каде еден дел од населението зборува француски каде стилот на градбите фолклорот и обичаите се навистина француски, иако земјата е илјадници километри  оддалачена од Франција. Освен Францускиот исто така се зборува англиски јазик.

 Во која земја одмарал туристот?

Ескими

Ескимите се главни претставници на ескимо-алеутското семејство. Нивното име потекнува од зборот "еским" што на јазикот на соседното индијанско племе Алгонкини значи "човек кој се храни си живо месо" Живеат во поларните пределели на северна Америка т.е на Грендланд, Бафинва земја, полуостровот Лабрадот итн  Но освен во Америка тие живеат и во Азија, односно на територијата на Русија (Сибир). Некогаш живееле и во внатрешноста на Северна Америка од каде биле истиснати од индијанското племе Атабаски. Станува збор за арктичко население кое поради исклучително лошите климатско почвени услови, е принудено да се бори за гол опстанок. Истражувачите покажуваат дека покрај високиот морталитет, Ескимите на Грендланд умираат дури 11 % од неприродна смрт ( од снежни виулици, пропаѓање во вода по пукање на мраз, од диви sверови и сл) Од тие причини како и поради нивното истиснување нодловот на тулјаните од страна на Американците (благодарејќи на нивната модерна опрема риболовна гфлота) бројот на Ескимите опаѓа попстојано. Сепак стуфот и гладотбеа основни виновници за нивната прерана смрт. Нивниот број изнесуваше 27.000 кон крајот на 19 век и почетокот на 20 век. Од нив 15.000 живееја на Грендланд, а околу 12.000 восеверозападна Америка

Monday, May 21, 2018

Квиз прашање 11

Препознај ги езерата

Квиз прашање 10

Што е сомбреро ?

Квиз прашање 9

Препознај го древниот град од фотографијата ?



Квиз прашање 8

 Препознај на основа на флората и фауната од фотографијата за која вегетациона зона станува збор ?

Квиз прашање 7

Која голема светска река го сече екваторот два пати на својот пат до океанот?

Квиз прашање 6

Препознај го градот од сликата

Квиз прашање 5

Препознај го животното од сликата и кажи кој континент е нејзиното природно живеалиште?

Квиз прашање 4

На која река се наоѓаат викториините водопади и кој европеец прв ги открил ?

Квиз прашање 3

Може ли да погодите според сликата за која река се работи ?


Квиз прашање 2

Само две држави во Јужна Америка немаат излез на море. Кој се тие ?


Квиз прашање 1

"Пловев со моето бротче по највисокото пловно езеро во светот"  напишал во својот дневник еден турист. За кое езеро станува збор?

Wednesday, May 16, 2018

Кримски мост

Кримски мост, официално најдолгиот мост во Европа, ќе биде пуштен денес за сообраќај. Планирано е железничкиот сообраќај да започе во 2019 година. Кримски мост, познат и како Мост преку преминот Керч, ги спојува градот Керч и Кримскиот полуостров со континенталниот дел на земјата ( Темјучки регион Краснодарска покраина) Изградбата на мостот е започната во април 2015 година а денес ќе биде пуштен во употреба


Sunday, May 13, 2018

Непал

Related imageНепал е единствената земја во светот која нема стандардно правоаголно знаме, а тоа е, исто така,  најстарото офизцијално знаме во светот. Сината рамка на знамето преставува мир и хармонија и потсетува на буда-кој е роден таму.

Гримизната (јако црвена) е национална боја. Иако некои веруваат дека триаголниците ги преставуваат високите планински врвови на Химелаите тоа не е точно. Тие се хиндуистички симбол. Месечината и сонцето се наоѓаат на знамето како надеж дека Непал ќе постои колку и месечината и сонцето.


Дали сте знаеле

Дали сте знаеле дека Русија е единствената држава во светот која излегува на дванаесет мориња !


Босна и Херцеговина

Дали знаето како Босна и Херцеговина го доби своето национално знаме ?

После завршувањето на војната во Босна и Херцеговина со потпишувањето на Дејтонскиот договор не било прецизирао како да изгледа знамето на Босна и Херцеговина, почнала агонијата на неуспешни преговори за ново знаме. Секоја од трите страни Срби Хрвати и Бошњаци  имале свој предлог кои не одговарал на останатите. После три години неуспешни преговори предлогот го наметнал преставник за Бих  Карлос Вестерндорп. Тој предложил нова неутрално знаме. Босанското знаме се состои од сина боја и sвизди тие ја преставуваат Европа, триаголникот ја преставува Босна и Херцеговина, а нејините три агли ги преставува трите народи Срби Бошњаци и Хрвати

Saturday, May 12, 2018

Туарези

Туарезите се народ кои живеат во западна и северна Африка. Живеат во многу непристапни предели во внатрешноста на пустината Сахара.  Арапскиот збор Туарег значи  " Да бидеш напуштен од господ" и не сакаат така да бидат нарекувани.  Иако се мусламани не се држат многу до исламските правила, во нивната религија се зачувале траги од анимизмот (верување во душите на умрените предци). Туарезите претставуваат еден од ретките мусламански народи каде машките место жените го покриваат лицето. Имаат свој сопствен јазик а во минатото имале и свое сопствено писмо. Француските колонизатори имале силно влијание на нивниот некогашен начин на живот.  Туарезите се организирани во пламиња . Многумина од нив и денес живеат номадски и полуномадски начин на живеење. Највеќе се занимаваат со земјоделство и сточарство. Туарезите често ги нарекуваат  "син народ " поради тоа што сакаат да носата плава облека

Tuesday, May 8, 2018

Дали сте знаеле

Дали сте знаеле дека под ледената обвивка на Антартикот се откриени дури 150 езера. Најголемото од нив е слатководното езеро Восток, кое се наоѓа на длабочина од 3700  до 4100 метри под замрзнатата површина, температурата на водата во него е -3°C.

Риси

Риси преставува планина на високите Татри, сместени на самата граница помеѓу  Словачка и Полска. Риси има три врва северозапападниот врв  Риси кои има 2499 метри е највисок врв во Полска другите два врва се на Словачката страна.
Риси преставува највисокиот врв на Татрите, тој е достапен за индивидуални туристи без водич.

Monday, May 7, 2018

Дали сте знаеле дека Саргатско море

Саргатско море е единствено море која нема брегова линија, а единствена копнена линија кое ги заплискува водите на ова море се бермудските острови

Friday, May 4, 2018

Пигмеи ( причини за нискиот раст)

Пигмеите се племе кое живее  длабоко во прашумите во Африка покрај реката Конго. Просечната висина на мажите изнесува 145 cm а на жените 135 cm. Живеат на примитивен начин се прехрануваат со лов и риболов. Околу нивниот низок раст има повеќе мислења. Преовладува дека тоа е причина поради слабата исхрана. Во нивната исхарана нема доволно минерали соли и витамини. За растење на коските потребно е калиум и витамини А и Д. Растенијата со кои се хранат Пигмеите се под сенка и се сиромашни со витамините кои се потребни за раст.

Знамето на Киргистан


Знамето на Киргистан според киргистанската легенда националниот херој Манас ги обединил 40 племиња мавтајќи со знаме црвено како крв. Денешното знаме има 40 сончеви зраци кои симболизираат различни пламиња.

Дали сте знаеле

Дали сте знаеле во која земја се зборува најголем број јазици?

Земја каде се зборува најголем број јазици е  Папуа Нова Гвинеја. Во оваа држава се зборува дури 850 јазици.

Wednesday, May 2, 2018

Инки

Инките, односно цивилизацијата на инките првобитно постоела како мала група  кое живееле во Перу во регионот околу градот Куско (Јужна Америка).  Во регионот околу градот Куско  го создaле кралството Куско во 1200 година. На инките им се приклучиле и други помали племиња чии јазик бил како и јазикот на инките од групата на кечуа.
Во 1442 година Инките почнале да ги прошируваат своите граници под водство на Сепа Инка Пачакути. Тој го основал царството на Инките кое прераснало во најголемо царство во Америка се до доаѓањето на Европските колонизатори. Инките се ширеле со освојување и со мирољубива асимилаци го прошириле ниното царство на големи делови  од западниот дел на јужна Америка. Во состав на царството биле делови од Еквадор, Перу, Боливија, Аргентина и Чиле. Атахуапла бил последниот цар на Инките. Бил убиен во 1533 од Франциско Пизаро означувајќи го почетокот на владеењето на Шпанците.