СТРАНИЦАТА Е ПОСТАВЕНА ПРВЕНСТВЕНО НА УЧЕНИЦИТЕ ДА ИМ ГО ОЛЕСНИ СОВЛAДУВАЊЕТО НА ТЕМИТЕ ОД ГЕОГРАФИЈАТА КАКО И ДА СЕ ЗАПОЗНААТ СО СВЕТСКИТЕ ВЕСТИ И ЗАНИМЛИВОСТИ ОД ГЕОГРАФСКИТЕ СОДРЖИ.

Посети

Tuesday, December 26, 2017

Највисоката снежна планина во Украина

Ховерла преставува врв на Карпатите со надморска височина од 2 061 метри истовремено e  iнајвисока точка во Украина. Овој врв е лоциран во источните делови на Бескидите ( назив на низа планини во Чешка, Словачка, Полска и Украина) во областа Чорногора. На источните падини извира реката Прут , притока на реката Дунав. 
Овој врв претавува предизвик за голем алпинистиод Украина и поширокиот регион.


Thursday, November 30, 2017

На денешен ден (30 Ноември)


На денешен ден 30 Ноември во 1966 година Барбадос, еден од островите од Mалите Антили кој 300 години беше Британска колонија, на денешен ден прогласува независна држава

Friday, November 24, 2017

Најголемото нафтено поле во светот


Најголемото нафтено поле во светот се вика Гавер (Ghawer) се наоѓа во Саудиска Арабија.

Должината на ова поле изнесува 280 км и со ширина од 30 км преставува најголемото нафтено поле во светот.
Од ова поле се црпи повеќе од половината од вкупното производство на нафта во Саудиска Арабија


Thursday, August 17, 2017

Најдолгата железничка магистрала

Transsibirska željeznica – putovanje kroz RusijuНајдолгата железничка е транссибирската железничка пруга во светот. Оваа магистрала ги сече источна Русија и Сибир, ги спојува Москва и Владивосток со вкупна должина од 9.288,2 км. Таа е целосно електрифицирана. 
Главе правец е Транссибирската линија каде кај местото Тарскаја има одвојување т.н Транс-Марџунска линија  кон Кина и завршува во Пекинг. 
Третата линија се вика трансмонголска линија каде завршува во Улан Батор. 
Патувањето по транссибиркста линија трае околу 8 дена без застанување, но поради атрактивноистите каде поминува оваа железничка најгоплем број од патниците одбираат патување од 10 до 14 дена. Трансибирскатажелезница поминува низ осум различни временски зони во два континента. 

Saturday, August 5, 2017

Ртањ планина

Ртањ е планина која се наоѓа во источна Србија. Оваа планина припаѓа на Карпатите и нејзин највисок врв е  Шиљак (1565 м). 
Преставува природен феномен на карстен релјеф. Според многумина Ртањ преставува пирамида слична на онаа во соседна Босна. 
Оваа планина преставува омилено ртуристичко место за голем број аматери планинари.Покрај големиот број на викендици на самата планина во нејзина блиина се наоѓа и познатата Соко Бања која преставува една од најзначајните бански центри во Србија

Wednesday, July 12, 2017

Проклетије

Планината Проклетије или Албански Алпи е планински масив на Балканот . Овој планински масив  се протега во северна Албанија, западно Косово и исоточниот дел на Црна Гора .
Највисок врв на планинскиот масив е врвот Језерце во Албанија ( 2.694 метри) инаку седми највисок врв во Албанија. 
 На овие планини се наоѓа највисокиот врв на Република Црна Гора а тоа е Зла Кола ( 2.534 м) и највисокиот во Косово  Ѓеравица (2 .656 м)



Sunday, July 9, 2017

Месински теснец


Месински теснец e морски премин помеѓу Сицилија на запад и Италија на исток, kој ги спојува Јонско и Тиренско море. Преминот е долг 32 километри а широчината се движи помеѓу 3 и 16 километри. Максималната длабочина изнесува 1046 метри и се наоѓа во јужниот влез.

Во античкиот период овој премин бил познат како Fretum Siculum  и предизвикувал голем страв кај античките морнари поради јаките струи и вртлуците кои се создаваат во преминот.



Макарска ревиера

Макарската регија е микрорегија во Хрватска која припаѓа на Сплитско-далматинската жупанија. Се простира на 53 км покрај хрватскиот брег во правец северозапад-југоисток, од Брела на север до Градац на Југ. Макарската ревиера е расположена во подножјето на планината Биоково, со ширина не повеќе од 3 км. Планината е покриена со густа борова шума која во летните месеци редовно се страда од пожари. Центар на ревиерата е градот Макарска.

Населби на Макарската ревиера се Бреала, Башка вода, Промајна, Братуш, Крвавица, Макарска, Тучепи, Подгора, Драшнице, Игране, Живогошче, Древник, Заострог, Подаца, Брист, Градац, 


Thursday, July 6, 2017

Халкидики

Халкидики преставува полуостров кој е дел од егејска Македонија денес во состав на  Грција. Оддалечен е од Солун на околу 60 км. Според податоците од Димитрија Чуповски во првата етно-географкска карта полуостровот е нарекуван Халкидонски полуостров.
 Површината на полуострвот изнесува околу 3000 км/2.
Халкидики излегува на Белото море (Егејското море) единствена врска воспоставена со копното е  северната страна. 
Од запад полуостровот започнува со Солунскиот залив а на исток завршува со  Струмскиот или Орфанскиот залив и неговите делови, на југ полуостровот е отворен кон Белото море (Егејското море).
На самиот полуостров излегуваат три помали полуострови и и тоа 
  •  Касандра
  •  Ситонија (Лонгос)  
  • Света Гора (Атос 390 км/2) 


Saturday, June 3, 2017

Најдолгата пештера во светот

Најдолгата пештера во светот е Мамутската пештера во Северна Америка поточно во централниот дел на сојузната држава Кентаки, САД. Пештерата е поделена во 5 спрата составена  е од систем на голем број ходници, сали бездни, лавиринти. Една од најголемите сали е позната како " забавите на мамутите" долга е 120 метри, широка 50 метри и висока 75 метри.
 Од 27 октомври 1981 година местото е под заштита на УНЕСКО


Monday, May 29, 2017

Успех на државниот натпревар по Географија

Успех на државниот натпревар по Географија кој се одржа на 5 мај 2017 година во амфитеатарот на природно математичкиот факултет во Скопје. Учениците Марија Трпеска и Гоце Лазаревски од основното училиште Мустафа Кемал Ататурк се стекнаа со две дипломи за освоена трета награда. 

Честитики и успех на учениците во нивното понатамошно образование .


Sunday, May 21, 2017

Елора пештерски храмови

Комплексот Елора се наоѓа во индиската држава Махараштра . Тука се лоцирани преку 30 храмови кои припаѓаат на три религии и тоа Хиндуистичка, Будистичка и Таоистичка. Овој редок локалитет сочувал највредни архитектонски и скулптурни дела на класичната индиска уметност од периодот од VI пр.не па се до X век од нашата ера. Денес локалитетот е под заштита на УНЕСКО.


Thursday, May 4, 2017

Поопо езеро


Последиците од глобалното загадување се повеќе се видливи a тоа го потврдува фактот дека второто по големина езеро во Боливија исчезна. Сателитските снимки направени во периодот помеѓу 1986 година и јануари 2016 година покажуваат дека езерото кое се наоѓа на висина од 3860 м на Андите, испарили за само 20 години, оставајќи зад себе исушено корито. Поопо кое се протега на 27.700 км/2 било второ по големина езеро во Боливија после Титикака. Локалното население за заштита на околината ја обвинуваат владата за исчезнувањето на езерото истакнувајќи дека е лошо управувано со водените ресурси и е игнорирано нејзиното загадување, тие сметаат дека главен виновник за исчезнувањето на езерото е државниот рудник за калај Huanuni, кој со години го фрлале отпадот во притоките на Поопо 





Monday, April 17, 2017

ТОНИВОДА

Патувајќи кон планинското село Галичник веднаш по поминувањето на областа Царевец се појавува една голема прекрасна висорамнина со голем број мали езерца, и во следните 2 километра патот води низ оваа висорамнината. Таа е позната како Тонивода причината на називот е поради тоа што речиси целата вода на неа исчезнува и повторно се појавува од другата страна на планината веднаш под Царевец. Објаснувањето за пропустливоста на камењата е едноставна тонивода преставува огромно карсно поле, второ по големината на Бистра, (на планината Бистра има 13 карсни полиња познати картсни полиња на Бистра се Говедарник, Султаница, Бардаш,Суво Поле, Долно и горно Полце Соломуница и др)
 иако и самата рекичка која поминува низ неа истотака е позната како Тонивода.
 Поради постојаната загуба на вода, за време на доцна пролет, летото и раната есен, кога има поголеми периоди на врнежи, речиси сите езерца пресушуваат освен оние покрај самата рекичка која ги полни со вода




Thursday, April 6, 2017

Планина Каракорум

Планина Кракорум е планински ланец во Азија, се протега во Пакистан, Кина  и Индија. Претставува еден од најголеми ланци на светот. 
Ланецот содржи преку 60 врвови повеќе од 7000 м , од кој најпознат е врвот К2 (8611 М) втор највисок врв во светот. Ланецот е долг околу 500 км најголем дел се наоѓа во Пакистан.  Поради тешко пристапниот терен  ова подрачје е ретко населено



Sunday, April 2, 2017

Натпревар по Географија

На ден 1 Април 2017 година во просториите ОУ Единство се одржа регионалниот натпревар по Географија за основни и средни училишта. Во овој натпревар зедоа учество натпреварувачи од сите основни училишта од општина Гостивар 
 Почетокот на натпреварот започна после 10:00 . Првите освоени места се стекнуваат со право за учество на претстојниот државен натпревар по Географија.





Sunday, March 19, 2017

Предлог литература


Во оваа детска енциклопедија ќе откриете кои нешта постојат во вселената? Од што се составени Сонцето, Месечината и Земјата? Што е sвезда?

Sunday, February 26, 2017

Езеро Комо

Езерото Kомо е волшебно место, каде има комбинација од медитеранска клима, зеленило  и алпски свеж воздух и планини. Насекаде има тесни симпатични улички каде се лоцирани голем број малечки ресторан. Езерото Комо е многу познато езеро во Италија и пошироко. Лоцирано е на 40 км оддалеченост од  големиот центар Милано, и не е далаеку од швајцарската  граница. Езерото е  опкружено со прилично високи планини каде се наоѓаат голем број туристички одморалишта и голем број викендици во самото село, што го прави мошне атрактивно за фотографи, рамантични парови и привлечно за голем број филмски sвезди.


Saturday, February 25, 2017

Најголем вулкан и планина во Сончевиот систем

Планиниата Олимп на Марс е најголемиот угасен вулкан на планетата Марс. Планината Олимп на Марс е најголемиот планински врв на целиот сончев систем. Наречен е по планината Олимп во Грција. 
Во раните времиња, додека не постоеле сателитски снимки за Марс, местото било познато на астрономите под името Снегови на Олимп (Nix Olympica) затоа што подрачјето имала висок албедо  при разгледување со телескоп. Поради тоа научниците претпоставувале дека на местото било покриено под снег.
Височината на Олимп е околу 27 км во однос на околината на планината, или 25 км во однос на средната висина на тлото нса Марс. Широчината на оваа планина изнесува околу 240 км.
Олимп се наоѓа во областа Тарсис, каде постојат и други вулкани како Асрија, Павонис и Аскреус

Sunday, February 19, 2017

Изанаги и Изанами

Изанаги и Зианами се божества кој се поврзани со настанувањето на Јапонија, односно создавање на Јапонскикте острови. Јапонскиот пар креатори, Изанаги и Изанами ги создале јапонските острови буручјаќи во морето.

Friday, February 10, 2017

Дали сте знаеле

Дали сте знаеле дека најсјајната sвезда на нашето небо се наоѓа во соsвездието Големо куче и се вика Сириус

Sunday, February 5, 2017

Најголемиот рудник за злато во светот


Грасберг претставува најголемиот рудник за злато и трет најголем рудник за бакар во светот. Рудникот е лоциран на тешко пристапен терен во Индонезија.  Грасберг се наоѓа 96 км северно од југозападниот брег на Индонерзија, на надморска височина помеѓу 2.500 и 4.200 м. Изградбата на пристапните патишта до рудникот било многу тешко.

Рудник се наоѓа во индонезиската провинција Папуа. Во овој рудник се ангажирани околу 20.000 вработени лица. Од еколошка точка овој рудник преставува голем загадувач на подземните води и површинските води, гоплем загадувач на воздухот и влијае  локално врз  климатските услови итн
Со овој рудник управува компанијата Freeport-McMoRan  со седиште во Сад


Tuesday, January 31, 2017

Најголемата оаза во светот


Оазите се подрачје на вегетацијата во пустините, кое е резултат на некој поток во близина или на некој друг извор на вода. Во оазите живеат животни, па дури и луѓе, ако подрачјето е доволно големо. 

Најголемата оаза во светот е Ал-Хаса.  Таа се наоѓа во источниот дел на Саудиска Арабија или 60 км западно од персискиот залив. Многу нафтени бушотини се наоѓаат во оваа регија. Во оазата има околу 600.000 жители. Овој регион бил населен уште од антички времиња бидејќи преставува важен извор на вода. Оазата Ал-Хаса има површина приближно 120 квадратни километри