Насловната
Посети
Sunday, February 26, 2023
Известување за општинскиот натпревар по Географија
Thursday, February 23, 2023
Село Гари иСтогово идилична убавана на Македонија
Колку повеќе се движите низ територијата на Македонија толку повеќе се вљубувате во нејзината раскошна убавина. Потребата за посета непознати места може да биде добар мотив да се запознаете со многу делови на Р. Македонија.
Во нашата земја
постојат многу убави места, но има места, каде постојано сакаме да се навраќам
секогаш кога имаме време, едно од тие места е селото Гари и планината Стогово.
Македонија е надарена со многу убавина, но малореканскиот крај навистина е уникатен предел во нашата земја. Во подножјето на планината Стогово на надморска височина од 1.100 метри под шумата Канеш е распослано планинското село Гари. До него се стигнува возејќи по патот од Маврово за Дебар, каде кај месноста Бошков мост се скршнува и се вози само право. На влезот селото ќе ви ја покаже целата идилична убавата и старите куќите кои се симетрично амфитеатрално распоредени. Низ селото жубори планинската дива Гараска река, чија вода е лек за душата во летниот период. Гарска река тече низ Стогово и со себе ги собира планинските реки Валовница, Лазарополска, Sвончица и Белешница. Заедно со Тресочанка ја сочинуваат Мала река која е најголемата притока на реката Радика.
Од селото Гари
има повеќе патеки кои се атрактивни и привлечни за искачување на неколку
импозантни врвови, кои мамат и привлекуваат со својата височина.
По долината на
Гарска река се стигнува на платото на Стогово од каде се пружа прекрасен поглед
кон повеќе врвови. Иако постојат повеќе рути до највисокиот врв на планината
Стогово сепак често се стартува од селото Гари да да се освои врвот Голем Рид (или Бик Дорук) за кондиционо по спремните не
е далеку и врвот Канеш или врвот Стогово во зависност од желбите и можностите.
Исто така од селото Гари има обележана патека до врвот Бабин Срт. Која патека да
биде избрана, нема да згрешите, затоа што пејзажите кои ги нуди планината
Стогово се уникатни и незаманливи. Попатно ќе видите голем број на бачила каде
се напасуваат голем број висококвалитени овци. После долгите пешачења околу
селото Гари и планината Стогово неизбежно е да вкусите некој локален еколошки
специјалитет, тоа задоволство може да го задоволите во етно ресторанот
Топила, Покрај вкусната храна и
одличниот етно амбиент од ресторанот нудат услога прошетка со коњи. Несомнено
дека Гари, Стогово и целиот малорекански
крај е уште еден бисер под нашето поднебје кои вреди да се посети.
Препораката на авторот
на овој текст професор Дарко Оносимоски е што повеќе да го потикнувате љубопитниот
дух во себе и да ги истражувате природните уникатни убавини на Македонија, зошто
нашата земја е уникатна држава на европскиот континент.