Градови рекиГрадови реки
Насловната
Посети
Showing posts with label Херои на Географијата. Show all posts
Showing posts with label Херои на Географијата. Show all posts
Friday, November 4, 2022
Wednesday, September 25, 2019
Роалд Амунсен

Роалд Амунсен преставува Норвешки истражувач на поларните области. Роалд Амунсен ја предводел антарктичката експедиција во 1900-1912 година, станал првиот човек кој стигнал на јужниот пол на 14 декември 1911 година.
Во 1926 година, тој бил првиот водач на експедицијата за прелет на северниот пол, со тоа станал првиот човек кои стигнал на двата пола.
Овој истражувач исчезнал во јуни 1928, при потрага и спасување на италјанскиот аеронаутички инжињер Умберто Нобиле.
Sunday, September 22, 2019
Никола Коперник (Хелиоцентричен сиситем)
Послкиот астроном Никола Коперник извршил револуција во астрономијата со тоа што го поставува постулатот дека Земјата и другите тела кружат околу сонцето. Со ова тврдење му се спротиставил на тезата на Птоломеј.Никола Коперник на почетокот се двоумел околу неговото откритие, плашејќи се од критиките што може да ги очекува од научните и религиозните авторитети. Иако на почетокот Никола Коперник предизвикал големо внимание околу неговоите теории за хелоцентричноста сепак тие биле игнорирани и отфрлени. Во 1906 година Галилео направил мал телескоп и се погласно ја придружал теоријата на Никола Коперник дека земјата и другите небесни тела кружат околу сонцето. Никола Коперник пред неговата смрт го напишал авторското дело („За движењето на небесните топки")
Thursday, September 19, 2019
Џејмс Кук

Џејмс Кук бил англиски истражувач, морепловец и картограф. Како дел од кралската морнарица во улога на капетан извршил три патешествија во водите на Тихиот океан.
Негов најголем допринос е откривањето на источниот брег на Австралија, откривање на Хавајските острови и првото мапирање на Њуфаунленд и Нов Зеланд
Tuesday, May 22, 2018
Friday, June 12, 2015
Александар Хумболт

Александар Хумболт Германски истражувач, географ и зоолог. Хумболт почнал да ја проучува Јужна Америка во 1799 година, заедно со францускиот ботаничар Еме Бонплан. Тие пет години ја проучувале геологијата и растенијата на овој континент. Хумболт прв се искачил на Чимборозо, највисокиот врв во Еквадор, и ја опишал неговата околина
Sunday, May 17, 2015
Франциско Пизаро бил шпански конквистадор, освојувач на империјата на Инките и основач на Лима, денешниот главен град на Перу. Роден е во Трухило во Шпанија. Во 1502 година заминува кон новите земји со цел да си ја проба среќата. Некое време живее на островот Hispaniola (денешен Хаити иДоминиканската Република) потоа се приклучува на колонијата Дариен во Панама. Околу 1520 година во Панама пристигнале гласини за некоја земја на југот која била богата со злато и сребро. Во 1522 година била пратена првата експедиција на југ кон инките, а неа ја предводел Паскуал де Андагоља. Оваа земја го заитересирала Пизаро кој формирал своја експедизција и отпловил кој југ.Friday, May 15, 2015
Дејвид Ливингстон, бил шкотски доктор, мисионар и истражувач на Африка. Ги испитал пространи области на јужна, источна и централна Африка и најмногу придо
нел за нејзиното истражување.
Прв ја истражил, од 1849, пустината Калахари и басенот на реката Замбези и ги открил Викториините водопади, а потоа езерото Њаса (Малав). Во 18677 го открил и извориштето на реката Конго. Според него се именувани и Ливингстоновите водопади во долниот тек на реката Конго, помеѓу градовите Матади и Киншасе во источен Конго
Во последните години од неговиот живот, додека ја истражувал источна Африка, долго му се изгубил секој траг од неговите експедиции, па така во 1871 експедицијата на Хенри Мортон Стенли, го пронашла на источниот брег на езерото Тангањика, на пат кон извориштето на рекат а Нил . Починал на 1 мај, 1873 како најголем британски истражувач погребан е во Всетмерската катедрала во Лондон.Тој бил познат како најпознат истражувач на Африка,и затоа близу Викториините водопади има споменик во негова чест
Tuesday, May 12, 2015
Лејф Ериксон
Лејф Ериксон (970—1020) бил скандинавски истражувач, прв Европеец прв кој ја населил Северна Америка (Њуфаунленд и Лабрадор во Канада ). Се верува дека се родил 970 год во Ислад како син на Ерик Црвениот, норвешки прогнаник кој бил син на другиот норвешки прогнаник Бордвалд Асвалдсон . Неговата мајка се викала Тјодхилд. Неговиот татко основал две норвешки колонии, Западна населба и Источна населба на Гренланд.
За време на престојот во Норвешка, Лејф е преобразен во христијанство (како и многу норвежани во тоа време). Кога се вратил во Гренланд тој го купил бродот Бјарни Херлофсон и одлучил да го истражува островот откриен од самиот Бјарни.
Гренландската сага зборува дека Лејф околу 1.000 . година одлучил да го следи Бјарниевиот пат во спротивна насока. Првото копно кој го открил било покриено со рамни карпи. По тоа го нарекол Хелуланд (земја на рамните карпи), тоа се веројатно денешните Бафинови Острови. Потоа дошол до копно кое било рамно и шумовито, со бели песочни плажи, кој ги нарекол Маркланд (земја на шумите), тоа е веројатно денешен Лабрадор. Кога Лејф и неговите луѓе пак наишле на копно се истовариле и направиле населби. Откриле дека земјата е многу пријатна со полно риби во реките и блага клима. Лејф земјата ја нарекол Виланд.
На враќање Лејф спасил норвешки прогнаник кој му го дал прекарот Лејф Среќниот
Постојат дилеми тоа каде се наоѓна Винланд и до денес не е разјаснето за кој остров се работи.
Втората сага, Сага за Ерик Црвениот, зборува дека заправо Лејф го открил американското копно, но денес Гренландската сага се смета за веродостојна.
Tuesday, April 28, 2015
Хенри Мортон Станли
Хенри Мортон Стенли можеби е најпознат по организирањето експедиции и пронаоѓањето на Давид Ливингстон во Африка. Меѓутоа, Стенли е познат и по организирање неколку експедиции кои ќе му донесат титулата витез, во кој даде значаен допринос на мапирањето на афричкиот континент, тој даде голем допринос во колонизацијата на овој континент. Во 1869 година во Њу Јорк Харалд побарал од Стенли да ja организира познатата експедиција за пронаоѓање на Ливингстон, кои бил изгубен со неговата експедиција некаде во централна Африка, истражувајќи го изворишното подрачје на реката Нил. Стенли наместо да отиде во самото срце на Африка, Стенли патува преку Египет (каде присуствува на отварањето на суекиот канал), и конечно во 1871 година стигнува во Занзибар. Дознал дека Ливингстон, највероватно се наоѓа на источната обала на езерото Тангањике со армија се упатил да помогне во наоѓањето на изгубениот истражувач. После 236 дена патување и поминати 700 км Стенли го пронашол Ливингстон во Ујији. Заедно со Ливингстон поминале неколку месеци во проучување на езерото, па тие белешки подоцна ги искористил да напише роман "Како го пронајдов Ливингстон"(How i Found Livingstone) Стенли и Ливингстон завршиле со исражувањето на централна Африка. Во 1874 година патувале за Занзибар, ја мапирале областа околу Големите езера. Ги потврдиле претпоставките на Џон Ханинг Спик за извориштето на Нил
Subscribe to:
Posts (Atom)
