СТРАНИЦАТА Е ПОСТАВЕНА ПРВЕНСТВЕНО НА УЧЕНИЦИТЕ ДА ИМ ГО ОЛЕСНИ СОВЛAДУВАЊЕТО НА ТЕМИТЕ ОД ГЕОГРАФИЈАТА КАКО И ДА СЕ ЗАПОЗНААТ СО СВЕТСКИТЕ ВЕСТИ И ЗАНИМЛИВОСТИ ОД ГЕОГРАФСКИТЕ СОДРЖИ.

Посети

Thursday, April 28, 2016

Долината на Гејзерите

Долината на гејзерите - Камчатка Русија. Откриена е во 1941 година, долината на гејзерите на полуостровот Камчатка е едно од најголемите полиња на земјата и најголемо во Евро-Азија. Целата долина е уште едно спектакуларно чудо на природата, поради што како дел од вулканите на Камчатка е прогласено за светско културно наследство. Во долината се наоѓаат  90 гејзери, во главно сместени на левата страна од реката Гејсернаје.  Температурата на гејзерите достигнува и до 250 степени целзјусови. 20 големи и 60 мали гејзери периодично исфрлаат вода (понекогаш пареа) во воздухот како мали природни фонтани, а температурата на оваља вода во просек изнесува околу 95 степени Ц. Покрај природните фонтани, долината е позната и по егзотичните палети на бои кои ја создаваат вулканската глина. Во ова непристапно подрачје може да се дојде само со хилихоптер. Местото е откриено од страна на истражувачот  Татјана Устинова во 1941 година


Friday, April 22, 2016

На денешен ден 22. Април

На денешен ден 22. Април -  Ден на планетата земја, празник на единствениот дом на сите живи суштества. Овој ден за првпат е одбележан во Сад во 1970 година, кога се одржани најголемите еколошки демонстрации во историјата


ЛИНК

Tuesday, April 19, 2016

Кањонот на Брамапутра

Реката Брамапутра извира од  светите планини Каљаш во Тибет, поминува низ Химелаите и низ државите Кина, Индија и Бангладеш.  
Тече кон југоистокот на Кина, па потоа наеднаш ја менува насоката  и тече кон запад правејќи чудесен полукружен облик во вид на потковица од 180 степени за да навлезе во Индија како Брамапутра. Во Индиската држава Асам е широка 1.2 до 16 и 18 км, па поради тоа ја нарекуваат океан што тече. Кањонот на Брамапутра денес се смета за најдолгиот и најдлабокиот кањон на светот. После долг тек од 2.880 километри се влава во Индискиот океан заедно со реката Ганг каде ја прават најголемата делта во светот




Saturday, April 16, 2016

Окото на Сахара

Окото на Сахара или Ришат структурата е геолошка структура која лежи во Сахара поточно во централниот дел на Афричката држава Мавританија. Во прашање се концентрични благо елипсоидни кругови со пречник од 40-50 километри. Овааа геолошка градба го привлекува населението од целиот свет. Се состои од седиментни карпи во централниот дел кои се стари околу 2,5 милјарди години, додека тие на рабовите се далеку помлади, со старост околу 480 милиони години. Теориите за настанувањето на оваа структура се различни, од удар на астероид, преку стари вулкански активности, дури се поврзува со вон
земски цивилизации

Saturday, April 9, 2016

Регионален натпревар по Географија

Денес на 09.04.2016 година во просториите на Оу Единство Гостивар се одржа регионален натпревар по Географија за основните и средните училишта, во кои масовно учествуваа голем број натпреварувачи од повеќе училишта.Почетокот на регионалниот натпревар започна во 10:00 часот.Првите освоени места се стекнаа со право  да учествуваат на претстојниот државен натпревар по Географија 



Основни училишта Албански 
  • 1. место Харис Емини
Основни училишта македонски
  • 1 место Јован Ѓорѓиески
  • 2 место Анастасија Буреска
  • 3 место Даниела Јованоска
Натпреварувачи средни училишта
  • 1 место Иксан Халили (Јахија Кемал)
  • 2. место Мухамед Абази (Јахија Кемал)

Friday, April 8, 2016

Деветешка пештера

Деветешка пештера го добила името според најблиското село кое се наоѓа на 10-тина км североисточно од Ловеќ, северен дел од централна Бугарија. Оваа пештера има уште две имиња Маарата и Окната, поради седумте различни отвори кој се наоѓаат на плафонот на пештерата, од каде допираат сончевите зраци. Најраните траги на човековото присуство датира уште од раниот камен период, околу 70.000 години пред новата ера. Се смета за една од најважните пештери, кога се во прашање културните остатоци од времето на неолитот. Главниот влез во пештерата е 35 метри широк и 30 метри висок, после 40 м откако ке влезете во пештерата таа се проширува, обликувајчи просторна сала. Висината на салата е висока неколку десетина метри а во некои делови достигнува дури до 100 метри. Од средишната сала патот се разделува во два правци и достигнува дури 2500 м во најдолгиот дел. Ако ги следиме малите реки, ќе наидете на природно езеро и слапови кој се влеваат во реката Осам. Денес преставува дом за преку 30000 лилјаци.   The Expendables 2. Оваа пештера е откриена пред 90 години, а неодамна станала и национален симбол на Бугарија како една од најголемите пештери во Европа.  Во 2011 година оваа пештера била користена за снимање на филмот


Saturday, April 2, 2016

Аралско езеро

Аралското езеро се наоѓа во југозападните делови на средна Азија. Се наоѓа на надморска височина од 52 метри и од соседното Касписко езеро е за 80 повисоко. Ова езеро е солено и преставува остаток од некогашниот океан Тетис. Аралското езеро територијално е поделено помеѓу Казахстан и Узбекистан. Езерото во минатото била многу поголемо, во последниве 50 година површината е многу намалена. Со вода го снабдуваат реките Аму Дарја  и Сир Дарја. Во 1994 година постигнат е договор помеѓу Казахстан, Узбекистан, Таџикистан и Туркменистан за спас на езерото, во договорот меѓу другот е предвидено секоја земја годишно да издвојува 1 % од својот буџет за спас на езерото, како и да се намали искористувањето реките Аму Дарја и Сир Дарја. Но наместо да имаме позитивнен исход состојбата станува се полоша, езерото се повеќе се повлекува а на негово место се шири пустина. Во 2005 година се превзема некои нови конкретни чекори со цел спас на езерото на северниот дел од езерото во делот на Казхстан.  Овие иницијативни мерки донесоа зголемување на нивото на водата.