СТРАНИЦАТА Е ПОСТАВЕНА ПРВЕНСТВЕНО НА УЧЕНИЦИТЕ ДА ИМ ГО ОЛЕСНИ СОВЛAДУВАЊЕТО НА ТЕМИТЕ ОД ГЕОГРАФИЈАТА КАКО И ДА СЕ ЗАПОЗНААТ СО СВЕТСКИТЕ ВЕСТИ И ЗАНИМЛИВОСТИ ОД ГЕОГРАФСКИТЕ СОДРЖИ.

Посети

Wednesday, June 24, 2020

Романија

ГЕОГРАФСКА ПОЛОЖБА И ГОЛЕМИНА


    Романија е средноевропска земја, која на исток излегува на Црно Море, а граничи со 5 држави, и тоа: Молдавија на исток, Украина на север, Унгарија и Србија на запад и Бугарија на југ. Во овие граници зафаќа површина од околу 240 000 км². 


 ПРИРОДНО-ГЕОГРАФСКИ ОДЛИКИ
​     Романија се одликува со сложена релјефна структура. Од Планините се издвојуваат Карпатите, кои во јужните ограноци се нарекуваат Трансилвански Алпи. Тоа се млади верижни планини, со голем број на врвови над 2 000 м н.в. Втора релјефна целина е Трансилванија која е всушност висорамнина, таа е уште позната и по името Ердељ. Исто така во Романија се застапени и неколку пространи низини, тоа се: Влашката, Молдавија, Добруча и Банат.
     Климата на планинските предели е планинска, со долги и снежни зими, а на пониските места е континентална. Кон Црното Море, односно околу брегот е застапена медитеранска клима.
     Од реките најзначајна е реката Дунав. Другите реки извираат главно од Карпатите, а поголеми меѓу нив се: Олта, Серет и Прут. Сите реки припаѓаат во сливот на Црно Море.



 НАСЕЛЕНИЕ И НАСЕЛБИ
     Во Романија денес живеат околу 19 500 000 жители, со просечна густина на населеност од 84 ж/км². Од нив 89 % се Романци, а од останатите најзастапени се Унгарците со 6% и Ромите 3 %. Романците се од романската група на народи. Најголем дел од населението се припадници на православната вероисповед.
     Главен град на Романија е Букурешт (речиси 2 милиони жители), а други поголеми градови се: Констанца, Темишвар, Клуж и Крајова.



СТОПАНСТВО
     Романија е богата со природни ресурси, од кои најзначајни се: нафтата и земјениот гас. Од индустриските гранки најразвиени се: петрохемиската, машинската, металургијата, текстилната и прехрамбената. Од земјоделските култури се одгледува: пченка, сончоглед и шеќерна репа. Сточарството е застапено на карпатите. Романија извезува: нафта и нафтени деривати и машини. Туризмот во Романија е во развој, особено на крајбрежјето на Црно Море каде се наоѓа одморалиштето Мамаја во близина на Констанца.

Saturday, June 20, 2020

Данска

1. ГЕОГРАФСКА ПОЛОЖБА И ГОЛЕМИНА
    Данска се наоѓа во регионот Северна Европа. Се простира на полуостровот Јиланд и на уште околу 500 острови (од кои 108 се населени). Има поволна географска положба и претставува мост помеѓу Северна и Средна Европа. Копнена граница има само со Германија (на југ). Излегува на Северно и на Балтичко Море. Најблиски држави со кои се поврзува по воден пат се Шведска и Норвешка, од кои е раздвоена со протоците Категат и Скагерак. Има површина од околу 43 000 км². На Кралството Данска му припаѓаат и најголемиот остров во светот- островот Гренланд (со околу 50 000 жители) и Фарските Острови (околу 56 000 жители).
2. ПРИРОДНО-ГЕОГРАФСКИ ОДЛИКИ
​     Данска е една од најниските држави во Светот, со просечна надморска височина од само 34 м, нејзината територија всушност е пространа брановидна низина, со највисока точка кај местото Ејер Бавнехе, од само 173 м н.в. Поради големиот број на острови, Данска се одликува со долга брегова линија од 7 314 км. Покрај полуостровот Јиланд, се издвојуваат најголемите острови: Селанд, Фин и Лоланд. За Данска се карактеристични и бројните протоци, мошне значајни за морепловството, од кои покарактеристични се: Скагерак, Категат, Ересунд, Голем и Мал Белт. 
     Климата во Данска е атлантска, се одликува со свежи лета и благи зими. За климата посебно влијание има и влажниот западен океански ветер, кој овозможува да има врнежи во текот на целата година, при што со дожд годишно се одликуваат околу 180 денови. Реките во Данска се кратки и неповолни за пловидба. 
3. НАСЕЛЕНИЕ И НАСЕЛБИ
     Во Данска денес живеат околу 5 800 000 жители, а густината на населеност во државата изнесува 134 ж/км², со што е најгусто населена држава во регионот Северна Европа. Данска, како и најголем дел од државите во Европа, се одликува со големо учество на лицата постари од 65 години. Тој удел изнесува околу 20 %. Според етно-јазичната поделба на населението, Данскиот народ спаѓа во групата на народи Германи. Денес во Данска живеат околу 90 % Данци, додека останатите 10-тина % се: Германци, Пољаци, Турци, Ирачани, Романци итн. Според верската припадност 76 % од населението се декларирало како дел од Данската Протестантска Црква, додека најзастапено религиозно малцинство во Данска е Исламот со околу 4 % од вкупното население.
     Главен, најголем и најнаселен град во Данска е градот Копенхаген. Пошироката околина на градот го претставува и најгусто населениот дел од државата, каде што живеат околу 1/3 од вкупното данско население. Дури 87 % од вкупното население во државата живее во градовите. Други поголеми градови се: Архус, Оденсе и Алборг.
4. СТОПАНСТВО
     Според сите показатели за развојот на стопанството, Данска е една од најразвиените земји во Светот. Околу 75 % од населението работи во услужните дејности, 24 % во индустријата, а само 1 % се занимава со земјоделство. Во Данска најмногу се произведуваат житарици и сточна храна, а се повеќе се одгледува зеленчук и цвеќе во стакленици. Посебно значајно од сточарските гранки е свињарството (13 милиони), а многу не заостануваат и останатите гранки, со што Данска е една од најпрепознатливите земји во Светот по производството на висококвалитетни млечни и месни производи. Данска е најзначајната рибарска држава во ЕУ, располага со 2 700 бродови и годишен улов од над 2 милиони тони (13-та во Светот). По 1950 година, во Данска особено се инвестира во образуванието, истражувачката и научната дејност, со што земјата од земјоделска се преориентирала во индустриска. Поразвиени индустриски гранки се: прехрамбената, машинската (мотори, велосипеди, и земјоделски машини), фармацевтската, индустријата за мебел, хемиската, електротехничката (медицински апарати), текстилната и индустријата за играчки. Данска се одликува со мошне развиен: патен, железнички, воден и воздушен сообраќај. Велосипедот е особено значајно превозно средство.
5. ЗАНИМЛИВОСТИ 
     - Интернетот е многу раширен и има практична примена во Данска. Голем број на професии како: благајник, библиотекар и сл. речиси не постојат, бидејќи се е компјутеризирано, а наплатата на услугите се врши он-лајн.
     - Рекреативниот спорт во Данска е многу раширен меѓу популацијата. Интересно е тоа што термините секој си ги одредува сам, а тој што нема да ги испочитува, задоцни и сл. е должен да плати одредена казна.
     - Излегувањето после 18 часот во Данска се смета за непристојно. Тогаш данците најчесто имаат семејна вечера.
     - Данците се познати како особено штедлив народ. Најчесто пазарат во петок бидејќи тогаш маркетите се со најниски акциски цени. Земањето на кредити од банките е ретка појава  и истите неможат да се подигнат без добра причина.
     - Данците веруваат во терапевтската моќ на спиењето надвор од домот. Па така неретка е сликата пред детските градинки на колкички во кои  има мали деца, кои спијат надвор на различни временски прилики. Во Данска се популарни и шумските градинки, при што децата престојуваат во шумски предели, развивајки ја својата креативност во природна средина.
     - Во Данска земањето на фармацевтски производи, пред се лекови  е вистинска реткост.
     - Бидејќи е северна земја и има поголема потреба од светлина, во Данска многу ретко се користат пердиња, а многу често страните на куќите се само од стакло.
     - Во Данска образованието до завршувањето на факултет и здравствената заштита се бесплатни.
     - Просечната плата во Данска изнесува над 5 000 €.
     - Данска веќе подолго време е држава во која живеат најсреќните луѓе во светот (Македонија е на 95-тото место). Тоа е утврдено според повеќе фактори (здравјето на населението, медицинска нега, чувството на самодоверба, семејни односи, безбедност на работното место, политички слободи, некорумпираност на власта и сл.).
     - Во главниот град на Данска – Копенхаген има повеќе велосипеди од автомобили.
     - Иако е држава во Северна Европа, Данска се одликува со голем број на плажи. За голем број од нив е карактеристичен пејзажот во кој се застапени ветерниците. 

Saturday, June 13, 2020

Виртуелна прошетка на прекрасната пештера Убавица.
Клилни на фотографијата за да започнеш виртуелнара прошетка во внатрешноста на пештерата.

Thursday, June 11, 2020

Географија на Европа

Најдлабокото езеро во Европа
Најголемото езеро во централна Европа
Најголемото алпско езеро
Бледско езеро
Најголемото езеро во Финска
Мазурски езера
Најголемиот глечер во Европа
Најдолгата река во Франција
Тјоурсау
Северн
Најдолгата река на Пиринејскиот полуостров
Карлови Вари
Јадранско море
Првата рибарска земја во Европа
Најмалата држава во светот
Симболот на Копенхаген
Најголемиот полуостров во Европа
Највисокиот  водопад во Европа
Највисокиот врв на Пиринејскиот полуостров
Скандинавски планини
Елбрус
Гросглокнер
Ардени
Ртањ планина
Проклетије
Фрушка гора
Бен Невис
Цугшпице
Европа релјеф

Месински теснец
Макарска ревиера
Халкидики
Азорски острови
Фарски острови
Пристанишни градови во Европа
Лејк Дистрикт
Најголмиот фјорд во Норвешка



Австрија
Бугарија
Романија

Кантереон


Повеќегодишна билка со жолти цветови која расте насекаде низ ливадите и планинските падини на европскиот континент и е исто така присутна на нашето поднебје. Кантарионот содржи многубројни лековити состојки: етерични масла, јагленохидрати, белковини, пектинска и миристинска киселина, витамин Ц, танини (9-11%), смола, антоцијанини, хиперфорин и хиперицин кои му ја даваат црвената боја на неговиот сок, каротен, биофлавоноиди, холин, фитосерин и трагови од алкалоиди. Кантарионот содржи и мелатонин, хормон кој се лачи во организмот при заспивање и е потребен за одржување на сонот (на овој начин кантарионот делува против несоница и помага за опуштање на организмот и емоционална добросостојба).Екстрактите од жолтиот кантарион наоѓаат широка примена во фармацијата и козметиката.Депресија и мигрена

Ова растение покажало многу добри резултати при лечење на депресија и мигрена. Причината се крие во една од супстанциите што ги содржи кантарионот наречена хиперицин.  Оваа супстанција го смирува организмот, го намалува физичкиот замор и води до ослободување на мали количини допамин, кои не прават да се чувствуваме посреќни. Тоа е и причина да се препорача конзумацијата на жолт кантарион во нашето секојдневие.ГастритЛуѓето што страдаат од болести на дигестивниот систем, а имено чир, гастрит и различни воспаленија на дванаесетпалачното црево имаат голема полза од приемот на жолт кантарион, бидејќи тој делува на две нивоа. Ја смирува болката и го стимулира зараснувањето на рани. Чај од кантарион помага при киселини, гадење, колики, лошо варење, диареја.РаниКако што веќе спомнавме, жолтиот кантарион има позитивно влијание на отворени рани. Компреса од жолт кантарион помага за побрзо заздравување на раната. Исто така ова растение ќе ви помогне да ја заштитите раната од инфекции.НастинкаЧај од жолт кантарион се препорачува и во почетен стадиум на грип и настинка. Дејството на жолтиот кантарион ќе помогне да го совладате периодот на болест многу полесно.