СТРАНИЦАТА Е ПОСТАВЕНА ПРВЕНСТВЕНО НА УЧЕНИЦИТЕ ДА ИМ ГО ОЛЕСНИ СОВЛAДУВАЊЕТО НА ТЕМИТЕ ОД ГЕОГРАФИЈАТА КАКО И ДА СЕ ЗАПОЗНААТ СО СВЕТСКИТЕ ВЕСТИ И ЗАНИМЛИВОСТИ ОД ГЕОГРАФСКИТЕ СОДРЖИ.

Посети

Friday, September 28, 2018

Малајски тапир

Малајскиот тапир е најголем од четорите вида тапири. Долг е до 2,5 а може да биде тежок повече од 300 кг. Тоа е набиено животно со издолжено тело.  Горната усна и носот се продолжени во подвижно рамо.  Младите тапири имаат црвено кафеаво крзно со водорамни линии и дамки, а по шест месеци почнува да се појавува обоеност како ка возрасните. Имаат многу тврда кожа. Малајскиот тапир живее во тропски шуми, често во вода. Можне е внимателно и плашливо животно, кое има добро развиени сетила за слух и мирис, а слаб вид. Најчесто живее во самотија. Се храни ноќе, со меки гранчиња, млади лисја и паднати плодови, а дење се крие и мирува. Околу 400 дена по парењето се раѓа едно младо. Малајскиот тапир припаѓа на стара група животни, која многу малку се изменила за милиони години, поради што се наречени "живи фосили" Поради уништувањето на живеалиштата и лов, тој е загрозен вид.

РАСПРОСТРАНЕТОСТ Југоисточна Азија

Saturday, September 22, 2018

Марабу Штрк

Марабу штрк е голема птица со мошне необиечн изглед и е близок на сродникот штрк. Може да биде долг до 1,2 м и да има распон на крилјата до 3 м, па се смета за едно од најголемите копнени птици на светот.. Има долги нозе и големи, црни крилја. На главата и вратот нема пердуви, бидејќи често се храни со мрша, па пердувите на тие делови од телото би се извалкале за време на хранењето. Освен мрша јаде се што може да фати: бубачки, влекачи, жаби, риби и мали цицачи. . На земја делува несмасно, внимателен е и оди полека. Затоа лета многу елегантно и често едри на воздушни струи.Марабу штрковите живеат во савани, до реки и езера, а често и до човечки населби.  Друштвени се и се гнездат во колонии. Можат да живеат и до 25 години. При додворување, мажјаците произведуваат разни звуци со помош на  на кожените вреќички на вратот и клопотање со клунот. Гнездата ги градат од гранки на стебла и во нив женките снесуваат 2-3 јајца.
Распространетост: Африка јужно од Сахара

Џиновски мравојед

Џиновскиот мравојед има тенко тело покриено со долго крзо. Главата му е исто така мала, а носот и горната уста му се продолжени во долго рило. На предните нозе има големи, српесто свиени канџи,со кои отвара мравјалниции термитници. Ги наоѓа со помош на изострено сетило за мирис, додека слухот и видот му се послабо развиени. Заби воопшто нема, но јазикот му е исклучително долг ( повеќе од 60 цм) , мускулест и покриен со боцкичкии леплива лига. Со таквиот рапав и леплив јазикизвлекува мраквки  и термити со кои се храни. Мравоједите се активни и дење и ноќе, а спијат вошупливи дрвја или грмушки при тоа околу телото јас обвиткуваат бушавата опаѓка. Одат полека и притоагазат на горната страна на предното стапало за да не ги оштетат канџите, додека со задните нозе газат со целото стапало. Со канџите можат да се бранат од предатори., иако најчесто бегаат во случај на опасност. Женките котат по едно младо, кое најдолго го носат на грб.

РАСПРОСТРАНЕТОСТ:
Јужна Америка

Thursday, September 13, 2018

Голема Панда

Големата панда се вбројува меѓу мечките, а живее во мал простор во источна Азија. Живее во различни типови на шуми во кои растат бамбуси, нејзината единствена храна. Одлично се качува а и добро плива. На шепите под палецот има уште еден, т.н лажен палец и служи за држење на стебленцата и листовите бамбуси. За разлика од најголемиот број мечки, големата панда не спие зимски сон, туку зиме се спушта во пониските надморски висини.. Иако пандата насекаде претставува симбол за заштита на природата, нејзиниот опстанок е загрозен поради уништување на живеалиштата и криволов

Распространетост: Источна Азија

Monday, September 3, 2018

ХОАЦИН



Оваа необична птица живее во прашумите на јужна Америка. Се задржува на дрвјата и во главном се храни со лисја, а нешто помалку и со овошје. Најголемиот број птици не можат да се хранат исклучиво со растителни материи, но хоацините тоа го можат затоа што во грлото имаат бактерии кои разградуваат целулоза, главна состојка на растенијата. Хоацините се гнездат во мали колонии-нив ги сочинуваат до 8 птици кои заеднички ја бранат територијатаи заедно се грижат за младите. Малите птички хоацин се особено интересни. Тие можат вешто да се качуваат по грмушки и дрвја со помош на две нанџички кои ги имаат на секое крило. Младите исто така добро пливаат, па во случај на опасност скокаат во вода, потоа со помош на канџите повторно се качуваат во гнездото.
РАСПРОСТРАНЕТОСТ : северниот дел на Јужна Америка

КАПИБАРА


Капибара или водното прасе е најголемиот глодар на светот и може да биде тека и до 65 кг. Живее во џунгли и во други шумски подрачја со реки и езера. Помеѓу прстите има делумно развиени пливачки кожички  и изворедно плива и нурка, а нејчесто се одмара ислежувајќи се во вода. Ноздрите и ушите и се сместени на врвот на глават, што е исто така приспособување на водниот начин на живот. Се харни со водни растенија пупки, мека кора од дрвја а понекогаш и со посеви. Капибарите се активни во самрак и зора,а во текот на денот и околу полноѓ се одмараат. Живеат или во парови, или во семејни групи а, понекогаш и во поголеми стада предводени од доминантен мажјак кој се пари со сите женки од групата.


РАСПРОСТРАНЕТОСТ ЈУЖНА АМЕРИКА