СТРАНИЦАТА Е ПОСТАВЕНА ПРВЕНСТВЕНО НА УЧЕНИЦИТЕ ДА ИМ ГО ОЛЕСНИ СОВЛAДУВАЊЕТО НА ТЕМИТЕ ОД ГЕОГРАФИЈАТА КАКО И ДА СЕ ЗАПОЗНААТ СО СВЕТСКИТЕ ВЕСТИ И ЗАНИМЛИВОСТИ ОД ГЕОГРАФСКИТЕ СОДРЖИ.

Посети

Monday, August 26, 2019

Канада

Kанадските лидери воделе жестока дебата во 1965 година, пред да го усвојат црвено-белото знаме со црвен јаворов лист како симбол на државата. Црвената боја е преземена од крстот на сети Ѓорѓи, кој се смета за заштитник на државата, а белата боја е преземена од францускиот кралски грб. Јаворовиот лист ја симболизира убавата канадска природа. Барем во лето. 

Friday, August 23, 2019

Аину

Аиуну преставува домороден народ кој живеел на островот Хокаидо во Јапонија, делови на Русија (полуостровот Сахали полуостровот Камчатка и Курилските острови). 
Оваа етничка заедница е во постојано исчезнување, нивниот број постојано се намалува, делумно и поради асимилацијата со Јапонците.
Некои надворешни  антрополошкио собини јасно ги издвојуваат од монголските етнички заедници од овие простори.  Нивната култура многу се разликува од Јапонската. Мажите чувале долги бради а жените ги тетовирел своите усни. Самите себеси се нарекуваат Утари (Стари) и кажуваат дека потекнуваат од Камчатка и Сибир.

Аину народот се следбеници на анимизмот,  нивното мислење е дека сите живи суштества, како и природните појави се "kamuy" , Мечката според нивното верување е божество, и е многу почитувано во нивната култура. Култот кон мечката има посебно места во нивното живеење. 
што би требало да значи дeка тие претставуваат одредено божество.