СТРАНИЦАТА Е ПОСТАВЕНА ПРВЕНСТВЕНО НА УЧЕНИЦИТЕ ДА ИМ ГО ОЛЕСНИ СОВЛAДУВАЊЕТО НА ТЕМИТЕ ОД ГЕОГРАФИЈАТА КАКО И ДА СЕ ЗАПОЗНААТ СО СВЕТСКИТЕ ВЕСТИ И ЗАНИМЛИВОСТИ ОД ГЕОГРАФСКИТЕ СОДРЖИ.

Посети

Friday, July 31, 2015

Најниска точка во Африка

Најниска точка во Африка се наоѓа во Асалското езеро,ова езеро претсавува кратерско езеро во централен Џибути. Лежи на 155 м под морското ниво на Афарската котлина. Има димензии од 19 и 7 км и површина од 54 км/2. Длабоко е 40 . Езерото се карактеризира со високо ниво на соленост околу 34,8 % споредено со просечната соленост на океаните од 3,5 % го прави најсоленото езеро на светот
.

Мароко

Мароко е земја со долга историја, мешавина од култури, религии и стилови. Земја која мора да се види и доживее. Мароко е држава на северозападна Африка во регијата позната како Магреб. На север се граничи со шпанските есклави Сеута и Мелиља, на исток и југоисток со Алжир, а на југ со територијата Западна Сахара. Никаде во светот не постои таква комбинација на бои, мириси и вкусови како во Мароко. Единствена земја каде во еден ден може да се замине  на плажа и да се бањате, одмнарате во пустина и да скијате на планини.
Кралството Мароко е најзападната  од североисточните држава познати како Ал Магреб, што во предвод значи запад.Целосното арапско име може да се преведе како Западно кралство.Името Мароко потекнува од името на поранешната престолнина Маракеш, што значи Божја земја на берберски јазик.Мароко според многумина е идеална стартна позиција за патување по Африка. Казабланка,Рабат,Тангер, Фес и Маракеш се само од неколкуте дестинации кој  раскажуваат иделани бајки.

Долина на смрта

Долина на Смрта претставува пустинска котлина која се наоѓа во источна Калифорнија-Сад. Сместена е во пустината Мохаве, и претставува една од најниските, најсушните и најтоплите места во Севрна Америка. Толку се искачуваат високо температурите кои буквално спржуваат се, место во кое може да помине и цела година, без да падне капка дожд.  Во летните денови температурата најчесто покажуваат до 43 тепени ц, а не ретко достигнуваат до 49 степени ц. Долината на смрта претставува најниска точка, 86 метри под нивото на морето, тоа е најниското место на сверноамериканскиот континент.


Соча

Соча е река во западна Словенија и североисточна Италија, со должина од 138 м, од кои 96 км се на словенечка, а 43 км на италјанска територија. Има Алпски карактер и извира од долината Трента и Јулиските Алпи во северозападна Словенија, на надморска височина од 876 м. Тече низ Бовец, Кобарид, Толим, Канал. Нова Горица, Горица, влевајќи се во Јадранското море кај италјанскиот град Монфалконе. Реката има карактеристична смарагдна боја и претставува една од ретките во светот што ја задржува таквата боја по целото течение. Позната е по автохтоната пастрмка главатица која живее во горното течение на реката.


Wednesday, July 29, 2015

Кајмански острови


Кајмански острови се сместени во западните делови на Карипското море, јужно од Куба и северозападно од Јамајка. Составени се од три дела Голем Кајман,, Кајман Брак и Мал Кајман. Освен белите песочни плажи и кристално чистите води, островите ги краси и бујна мангрова и зимзелена шума.Желките раскошните папагали и сината игуана се само од некои од егзотичните животни што можат да се сретнат на Кајманските острови.

Една од поголемите атракции на Голем Кајман е плажата Севн Мајл Бич, каде се сместени разни хотели и одморалишта. Голем број туристи привлекува замокот Педро Сент Џејмс во Савана, други поголеми туристички атракции на Голем Кајман е плажата Хел -Пекол солен песок, поморскиот тематски парк Боутсвејн Бич со 9,3 ха и планирањето по шумите со водич. Сите три острови нудат нуркање со раи и разгледување на потонати бродови

Tuesday, July 28, 2015

Смоларскиот водопад

Падот на водата на овој водопад е константен и изнесува 39,5 метри. На дното од водопадот е формиран лонец, чија должина во правец на течението на речната вода изнесува 5 метри, широчината е 11 метри, а длабочината се движи од 0,5 до 0,7 метри. Водопадот е формиран на северните падини на планината Беласица по текот на реката Ломница на надморска височина од 600 метри над селото Смолари. Околината на водопадот е познато како место со најмногу кислород во регионот и пешачката патека тука претставува идеално место за рекреација.
Беласица е планина во југоисточна Македонија, која е поделена меѓу Македонија, Грција и Бугарија






Monday, July 27, 2015

Власинско езеро

Власинското езеро се наоѓа во Србија, на територијата на општина Сурдулица. Езерото е опкружено со планините Грамади, Верденик и Чемерник, се наоѓа на надморска височина 1.213 м 
Браната била изградена 50-тите години од минатиот век.  Вкупната површина на ова езеро изнесува 15км/2  и длабочина до 35 м . Водата на езерото варира од светло плава покрај бреговите до темно плава и зеленкаста што му дава еден посебен колорит на ова езеро. На бреговите на ова езеро се наоѓаат три села Округлица, Власин Рид и Власина Стојковичева.

Thursday, July 16, 2015

Река Тиса

Реката Тиса во Сегед-Унгарија
Реката Тиса со своите 966 км е најголема лева притока на Дунав на Балканскиот полуостров. Таа извира со северо-источните делови на Карпатите на територијата на Украина. Тиса несомнено преставува една од најважните реки во средна Европа
Вкупната должина на Тиса на Балканскиот полуостров изнесува 156 км. Во Дунав се влева на 10 км спротивно од тител, кај месноста Слан Камен. Реката Тиса во Реката Дунав просечно внесува 995м/ сек. вода. Таа типично рамничарска река со широко речно корито кое изнесува 180м во просек, длабочина меѓу 4-12м. Тиса е пловна река.


Tuesday, July 14, 2015

Лефкада

Лефкада или Лефкос по големина е четврт јонски остров еден од најголемите што и припаѓа на Грција. Познат е по волшебната природа, рајските песочни плажи и богатата културно историска традициија.  Административно Лефкада заедно со неколку помали околни острови го сочинуваат округот Лефкада. Најважно и најголемо место е истоимениот град Лефкада. Вкупната површина на островот е преку 300 км/2. Островот е одвоен од копното со проток, широк околу 2 км но споен со мост. Северно од Лефкада се наоѓа Крф, а јужно Кефалонија и Итака. Лефкада е главно карпеста и ридеста. Постојат неколку мали плодни долини. Климата на островот е средоземноморска со долги  топли лета и благи и врнежливи зими. 

Sunday, July 12, 2015

Ашкенази


Ашкенази претставува еврејска етничка заедница во Северна и Источна Европа. Во еврејските извори од IX век терминот Ашкенази се означуваат Германците, потоа се се однесува на Евреите во Германија, а од XIV век и на сите еврејски заедници во централна Европа. Ашкеназите по своите обичаи и изговорот на Хебрејски јазик се разликува од Сефардите, еврејска заедница од јужна Европа,

Еврејска религија е јудеизмот, тоа е монотеистичка религиија со верување во еден бог Јахве

Saturday, July 11, 2015

Северн

Северн е најдолга река во Обединетото кралство. Извира од централниот дел на Велс и тече низ Западна Англија. Вкупната должина на оваа река изнесува 354 км. Реката завршува со естуар кој се празни во бристолскиот канал. Реката по некои извори името го добила од името на нимфата Сабртина или Hafrien која по легендите се удавила во оваа река.
Реката Северн е позната по историските поплави, височината на плимата на нејзиониот естуар се издигнува до 15 метри


Wednesday, July 8, 2015

Најголемото езеро на Балканот

Скадарското езеро е најголемото езеро на Балканскиот полуостров. Површината на ова езеро изнесува 369,7 км/2 од тоа на Црна Гора и припаѓа 221,8 км2 , а на Албанија 147,9 км/2.Ова езеро се храна со голем број реки а од него поголема река која се излева е Бојана и се влева во Јадранското море. Должината на езерото достигнува до 40 км, а широчината до 14 км. Длабочината изнесува од 4 до 6 метри а кон запад и таа длабочина се зголемува.
На брегот на езерото се наоѓа малиот град Рјека Црноевича
Езерото е полно со острови и полуострови исполнети со древни свети објекти и археолошки остатоци. Ова езеро има специфична фауна како на пример реткиот бел Пеликан кој во Европа скоро да не може да се забележи.

Saturday, July 4, 2015

Најдлабокиот кањон во Европа

Река Тара се наоѓа во Црна Гора и Босна и Херцеговина. Настанува од две рекички Опасница и Веруша под планината Комови
Кањонот на реката Тара длобок е 1333 со што ја прави најдлабока во Европа, а втора во светот, после кањонот на реката Колорадо.Самата Тара е долга 146,2 км со просечен пад 4,5 м/км, а површината на сливот изнесува 1853 км/2. Веќе дел од оваа река е под заштита на Унеско како дел од националниот парк Дурмитор.Оваа река е иделана за возење сплав и риболов. Најатрактивен за возење со сплав е последните 25 км од реката и кањонот на Тара

Friday, July 3, 2015

Најдолгата река на Пиринејскиот полуостров

Тахо е најдолгата река на Пиринејскиот полуостров. Вкупната должина на оваа река изнесува 1.038 м, од кои 716 км тече низ Шпанија ,47 км по должина на Шпанско- Португалската граница и 275 км тече низ Португалија. Реката се влева во Атланскиот океан близу Лисабон.
Сливот зафаќа површина од 80.100 км/2 -втор по големина на полуостровот, по оној на Дуеро. Со името Тахо се именува во Шпанија додека истата река во Португалија е позната под името  Тежо. Реката е релативно добро искористена за стопански цели. По течението на реката Тежо во Португалија се  наоѓа најдолгиот мост во Европа познат под името Васко де Гама со распон од 17,2 км .

Карлови вари

Карлови Вари (чешки: Karlovy Vary, германски: Karlsbad) е познат бањски центар и град во западниот дел на регионот Чешка во Чешката Република. Се наоѓа на реките Огже и Тепла, на околу 130 км западно од Прага. Наречен е по светиот римски цар Карло IV Луксембуршки, кој го основал градот во 1370 година. Познат е по своите топли извори (13 големи и околу 300 помали, и топлата река Тепла). Градот е главен административен центар на Карловарскиот крај.

Највисок врв на Пиринејскиот полуостров

Муласен претставува највисоката планина на континенталниот дел на Шпанија и целиот Пиринејски полуостров. Наречен е по гранадскиот емир Абул Хасан Али познат како Мула Хасан, кој според народното предание е закопан на врвот на планината. 
Муласен пртетставува највисокиот врв на планината Сиера Невада, кој преку целата година е покриен со снег.  Се наoѓа во провинцијата Гренада и достигнува височина од 3.478 м.




Thursday, July 2, 2015

Кањонот Брус

Кањонот Брус се наоѓа во југоисточните делови на Јута, од геолошки аспект преставува мошне интересна локација каде се протегаат чудесни ерозивни творби. Најзабележителни се неговите геолошки структури, формирани од ерозиите кои биле предизивикани од ветерот, мразот и водата
Овој кањон се наоѓа во непосредна близина на националниот парк Сион - околу 64 км. Паркот се состои од серија природни амфитеатри.Овој кањон би било посодветно доколку се врши компарација со еродиран, природен амфитеатар отколку со кањон.

Елбрус

Елбрус е највисокиот врв во Русија , се наоѓа во северниот дел на планинскиот венец Голем Кавказ. Поделено е мислењето дали Елбрус е највисокиот врв во Европа , или пак највисок во западна Азија. Височината на врвот Елбрус достигнува 5.621 м. 
На територијата на Елбрус има национален парк да се заштити природните реткости на Кабардино-Балкарија- Русија.
Денес ова место е многу популарно и како скијачко одморалиште, несомнено целата регија изобилува со фантастички планински пејзажи, специфична флора, фауна тоа е причината што Елбрус привлекува авантуристи љубители на планината , од сите делови на земјата.
Екохотел-на врвот Елбрус
Научниците се убедени дека во историјата на планината имало две големи ерупции, истражувањата го потврдуваат тоа. Анализата на вулканскиот пепел покажува дека првата ерупција се случила околу 45 илјади години ,а авториот пред околу 40 илјади години.
Иако плени со својата убавина и височина искачувањето  на овој врв е релативно лесно, освојувањето не бара исклучителни вештини како на пример при освојувањето на Еверест. До 4.000 м има умерено падини на планините а потоа почнуваат посериозните искачувања






Wednesday, July 1, 2015

Ѓирокастро

Ѓирокастро е град во јужна Албанија со камени трикатни и четирикатни куќи од 19 век под тврдината која е изградена во 14 век. Ѓирокастро има околу 30 000 жители, и претставува центар на власите во Албанија. Ѓирокастро е под заштита на Унеско и претставува светско културно наследство, поради што се смета за редок пример на добро сочуван отмонаски град кој го соsидале големопоседниците  Денес тврдината е претворена во воен музеј, каде се наоѓаат сувенири на кумунистите од втората светска војна, како и еден американски авион. Во 1812 година тврдината била реконструирана од страна на Али Паша. Во времето на Ахмед Зогу, местото було претворено во затвор. Денес тврдината има пет кули, од кој едната се наоѓа и часовник




Гросглокнер


Гросглокнер е највисокиот врв во Австрија со својата височина од 3798 м надморска височина, претставува втор врв на Алпите после Мон Блан. Гросглокнер  се наоѓа на границата помеѓу Корушка и источен Тирол. Врвот има карактеристичен облик во вид на пирамида , покрај овој врв се наоѓа и врвот Клајнглокнер 3700 м тие се раздвоени со гросглокнеровиот тесен превој. Првото качување на овој врв се случило во 1799 година , но обидот завршил неуспешно. Во летото 1800 година била организирана втора експедиција каде учествувале 62 планинари и во 28 јули 1800 година браќата Мартин и Сеп Клоц заедно со свештеникот Хорашом од Делзаха, тргнале во освојување на врвот