Хорниндалсватнет преставува најдлабокото езеро во Норвешка, а воедно и најдлабокото езеро во Европа. Официјална длабочина на Хорниндалсватнет изнесува 514 м. Езерото се наоѓа во источниот дел на Норвешка во близина на Норвешкото море.
Освен најголемата длабочина за ова езеро се тврди дека располага со најчиста вода.
Површината на езерото изнесува 51 км/2 по површина го зафаќа 19-тото место во Норвешка. Езерото се наоѓа во норвешкиот округ Согн Ог Фјордане.
Кратерот Чиксулуб (шпански: Chicxulub) е стар кратер настанат од удар на небесно тело и се наоѓа на полуостровот Јукатан во Мексико. Центарот на кратерот е близу градот Чиксулуб. Кратерот е широк преку 180км и според тоа е најголем познат кратер на светот. Телото што го создало (астероид или комета) било најмалку 10км во дијаметар.