СТРАНИЦАТА Е ПОСТАВЕНА ПРВЕНСТВЕНО НА УЧЕНИЦИТЕ ДА ИМ ГО ОЛЕСНИ СОВЛAДУВАЊЕТО НА ТЕМИТЕ ОД ГЕОГРАФИЈАТА КАКО И ДА СЕ ЗАПОЗНААТ СО СВЕТСКИТЕ ВЕСТИ И ЗАНИМЛИВОСТИ ОД ГЕОГРАФСКИТЕ СОДРЖИ.

Посети

Sunday, February 26, 2017

Езеро Комо

Езерото Kомо е волшебно место, каде има комбинација од медитеранска клима, зеленило  и алпски свеж воздух и планини. Насекаде има тесни симпатични улички каде се лоцирани голем број малечки ресторан. Езерото Комо е многу познато езеро во Италија и пошироко. Лоцирано е на 40 км оддалеченост од  големиот центар Милано, и не е далаеку од швајцарската  граница. Езерото е  опкружено со прилично високи планини каде се наоѓаат голем број туристички одморалишта и голем број викендици во самото село, што го прави мошне атрактивно за фотографи, рамантични парови и привлечно за голем број филмски sвезди.


Saturday, February 25, 2017

Најголем вулкан и планина во Сончевиот систем

Планиниата Олимп на Марс е најголемиот угасен вулкан на планетата Марс. Планината Олимп на Марс е најголемиот планински врв на целиот сончев систем. Наречен е по планината Олимп во Грција. 
Во раните времиња, додека не постоеле сателитски снимки за Марс, местото било познато на астрономите под името Снегови на Олимп (Nix Olympica) затоа што подрачјето имала висок албедо  при разгледување со телескоп. Поради тоа научниците претпоставувале дека на местото било покриено под снег.
Височината на Олимп е околу 27 км во однос на околината на планината, или 25 км во однос на средната висина на тлото нса Марс. Широчината на оваа планина изнесува околу 240 км.
Олимп се наоѓа во областа Тарсис, каде постојат и други вулкани како Асрија, Павонис и Аскреус

Sunday, February 19, 2017

Изанаги и Изанами

Изанаги и Зианами се божества кој се поврзани со настанувањето на Јапонија, односно создавање на Јапонскикте острови. Јапонскиот пар креатори, Изанаги и Изанами ги создале јапонските острови буручјаќи во морето.

Friday, February 10, 2017

Дали сте знаеле

Дали сте знаеле дека најсјајната sвезда на нашето небо се наоѓа во соsвездието Големо куче и се вика Сириус

Sunday, February 5, 2017

Најголемиот рудник за злато во светот


Грасберг претставува најголемиот рудник за злато и трет најголем рудник за бакар во светот. Рудникот е лоциран на тешко пристапен терен во Индонезија.  Грасберг се наоѓа 96 км северно од југозападниот брег на Индонерзија, на надморска височина помеѓу 2.500 и 4.200 м. Изградбата на пристапните патишта до рудникот било многу тешко.

Рудник се наоѓа во индонезиската провинција Папуа. Во овој рудник се ангажирани околу 20.000 вработени лица. Од еколошка точка овој рудник преставува голем загадувач на подземните води и површинските води, гоплем загадувач на воздухот и влијае  локално врз  климатските услови итн
Со овој рудник управува компанијата Freeport-McMoRan  со седиште во Сад