СТРАНИЦАТА Е ПОСТАВЕНА ПРВЕНСТВЕНО НА УЧЕНИЦИТЕ ДА ИМ ГО ОЛЕСНИ СОВЛAДУВАЊЕТО НА ТЕМИТЕ ОД ГЕОГРАФИЈАТА КАКО И ДА СЕ ЗАПОЗНААТ СО СВЕТСКИТЕ ВЕСТИ И ЗАНИМЛИВОСТИ ОД ГЕОГРАФСКИТЕ СОДРЖИ.

Посети

Wednesday, March 30, 2016

Најголемиот резерват на диви животни во ЈАР

Најголемиот резервар на диви животни во Јужно Афричката Република, оддалечен е околу 330 км од Јоханесбург. Националниот парк Кругер се простира во североисточните делови на Јужно Афричката република, вдолж границата со Мозамбик и Замбија по источните делови на Лимпопо и Мпумаланга. Тоа е еден од најголемите национални паркови во светот со површина од 19 485 км/2.  
Во овој национален парк покрај развиената флора многу разновидна е истотака и фауната, нејзи ја сочинуваат скоро сите афрички врсти животни, највеќе има застапено слонови,зебри, импала, биволи, гнуа, носорози, нилски коњи, газели и антилопи.  Од поголемите цицачи има лавови, леопарди, гепарди, хиени, афрчко диво куче 



Monday, March 28, 2016

Симболот на Мостар

Стариот  Мост  симболот на Мостар (Босна и Херцеговина)

Стариот мост е познатиот мост  преку реката Неретва во Мостар. Изграден е помеѓу 1557 година и 1566 година. дело на турскиот градител Хајрудин. Пред изградба на стариот мост на нејзиното место се наоѓало дрвени висечки мост. Висечкиот мост на краевите бил прицврстен за кулите во кој се наоѓале стражари, односно мостари кој наплатувале мостарина. Сегашниот камен мост е изграден за времето на османлиите. Денот 8 и 9-ти 1993 година ноември бил срушен стариот мост. Подоцна овој мост бил обновен (2004 година) а вп 2005 година сместен е во светската културна ризница УНЕСКО. Познат е како еден од симболите на Мостар. Должината на мостот е 29 метри , со широчина од 4 метриа височина 24 метри.
На мостот се одржуваат традиционално натпревари, скокови во вода кои се организираат секоја година на крајот на јули


Sunday, March 27, 2016

Следење на авионски летови

Можеш да ги следиш  авионските летови во моментов  ТУКА

Saturday, March 26, 2016

Река Требишњица

Реката Требишњица е најголемата понорница во Европа. Реката Требишњица е херцеговинска река понорница долга 96,5 км која извира блиску до Билеќа под планината Влајина (492 метри) на надморска височина од 398 метри, Со подводните текови вкупно е долга 187 км. Површината на речниот слив изнесува 2.250 км/2. Требишњица е дел од комплексот на подземни и надземни реки чија крајна цел е Јадранското море, односно реката Омбла ( позната и под името Река Дубровачка) која се влева во морето кај Дубровник. Површински тече под името Мушница, Клучка и Фатничка река, а како Требишњица е позната дури од Билеќе. На Требишњица е планирана изградба на седум хидроцентрали од кој до сега се изградени четири: Требиње 1, Требиње 2, Дубровник и Чаплјина  . Кај Требиње 1 и Требиње 2 направени се две вештачки езера : Билечко езеро и Горичко езеро. Пред изградбата на овие хидроцентрали, Требишњица важела за најдолгата природна река понорница во европа па дури и во светот


Friday, March 25, 2016

Пивско езеро (Piva Lake) Црна Гора (Montenegro)

Пивско езеро е вештачко езеро во Црна Гора. Се наоѓа во северозападните делови на земјата во општина Плужина. Површината на ова езеро изнесува 12,5 км/2, должината е 45 км, а најголема длабочина 188.м. Надморската височина изнесува  675 м, што го прави најголемото вештачко езеро во Црна Гора. Езерото настанало со преградувањето на кањонот на реката Пива со изградба на висока бранаод 220 м. Изградбата на браната започнала 1967 година и завршена е во 1975 година. Езерото се користи за потребите на хидроцентралата Пива и прествува главни енергетски потенцијал на земјата.Пивското езеро преставува езеро со најпитка вода на Балканот. . Езерото има зеленкасто-сина боја, и претставива едно од најибавите локалитети во регионот, и покрај тоа што не е природно. Неговата убавина се истакнува по многу нешта чудесниот кањон на реката Пива, како и чистата природа. Езерото е пловно преку целата година, температурата за бањање во лето е поволна, водата е бистра и чиста што овозмошува развој на различни водени спортски активности како што е риболовот.

Thursday, March 24, 2016

Постојнска јама

Постојнска јама (пештера) е најголемата пештера во Словенија. Постојнската јама е една од најголемите геолошки атракции во Словенија. Представува 20.570 метри долга системска пештера. Во тој систем спаѓаат уште и Отошка, Магдаленината, Джрна и Пивка пештерата. Овој систем на пештери настанал под влијание делумно од понорницата на реката Пивка, која во својот тек последните 2 милиони години, го образувала неговиот сегашен изглед и форма. Во внатрешноста на пештерата температурата е константна и изнесува од 8 степени Ц до 10 Степени Ц. Најголема длабочина на Постојнската јама изнесува 115 метри. Постојнската пештера е богата со биолошки врсти во подземниот свет. Најпозната е човечка рибица . Тоа е впрочем околу 20 цм долг водоземец, сличен на гуштер со закржлавени нозе и без очи. Името е добиено по бојата на кожата која е многу слична на човечката. Судејќи според натписите во пештерата, првите посетители имало дури од 13 век.. Откриена е далечната 1818 година кога сличајно ја пронашол еден  селанец. Веќе следната година Постојнската јама  ги примила првите  посетители туристи.Во 1872 година во јамата се поставени железнички шини а во 1884 година била осветлена со факаели и керозин светилки а подоцна биле заменети со електрични светилки. Постојнската јама и денес единствената пештера во светот каде при разгледувањето  поминувате со воз. За туристите е отворено околу 5300 метри од пештерата. Постојнската јама до сега ја виделе околу 31 милион посетител што ја прави најпосетуваната туристичка пештера во Европа



Wednesday, March 23, 2016

Дали сте знаеле

Дали сте знаеле дека на Сатурн дуваат ветрови со просечна брзина од 1.800 km/h

Tuesday, March 22, 2016

Тианзи планини

Тианзи планини се дел од националниот парк во Кина, од 1992 година се наоѓа под заштита на унеско како дел од светското природно богатство, овој простор има исклучително посебни предели и пејсажи . Тианзи на локален дијалект значи "Син Рај". Националниот парк се простира на 67 км/2 и го сочинуваат повеќе од 3100 кемени столбови од кои некои се високи и повеќе стотини метри. Овие планини настанале од кварцни карпи пред 400 милиони години. 


Во текот на последните 2 милиони години подрачјето било изложено на тектонски поместувања неизменично кревање и спуштање на земјината кора. За тоа време водата со процесот на денудација го преобликувала релјефот. Оваа природна убавина била искористена во снимањето на многу документарни серии а во поново време тука режисерот Џејмс Камерун  за планетата Пандора и другите потреби на филмот Аватар режисерот ги искористил овие планини за снимање на овој филм .




Friday, March 18, 2016

На денешен ден 18 Март

На денешен ден 18 Март во 1944 година еруптираше Везув и имаше  26 жртви

Thursday, March 17, 2016

дали сте знаеле

Дали сте знаеле дека

Џиновската секвоја е највисоката врста на дрво, кое може да достигне височина и до 90 м.Секвоја може да живее и до 2200 години и спаѓа во редот на највисоките врсти дрво во 

Обоениот кањон во Египет

Обоениот кањон во Египет.
 На Синајскиот полуостров во Египет во близина на градот Нувејба се наоѓа обоениот кањон . Обоениот кањон е тесен премин кој го добил името по величенствениот спектар на боите од самите карпи. Кањонот се формирал со ерозија пред повеќе милиони години, кога овој крај бил исполнет со површината на океанот. Должината е околу 800 метри, а нејзините зидови се високи и до 40 метри. Карпите кој го опкружуваат овој кањон се обоени во разни бои , од темна сина, па до црвено жолта боја


Thursday, March 10, 2016

Бледско езеро

Бледското езеро е едно од најзначајните постојани природни езера во Словенија. Езерото има ледничко потекло. Езерото се наоѓа во склоп на општината Блед. Оддалечено е на 55 км од Љубљана. Во средината на езерото се наоѓа Блед, кој е единствениот природен остров  во Словенија. На островот се наоѓаат неколку градби меѓутоа најзначајната е цркавата која потекнува од 15 век. Бледското еззеро има облик на на елипса. Сместено е на 475 м надморска височина, должината изнесува 2.130 м, а широчината изнесува 1.030 м. Маскималната длабочина изнесува 30.6 м.



На денешен ден (10 Март)


На денешен ден 10 Март во 1862 година Велика Британија и Франција ја признаваат независноста на Занзибар





Friday, March 4, 2016

Фрушка Гора

Фрушка Гора е долга 80 км и 15 км широка планина во северен Срем. Најголемиот врв е Црвениот Чот. Најубавиот дел од планината , околу 25000 хектари, во 1960 година е прогласен за национален парк. За староста на планината зборува геолошкиот состав . Некогаш оддамна Фрушка гора била остров во Панонското море. На оваа планина растат околу 1500 врсти растенија, а повеќе од 40 се природна реткост во Србија. Фрушка Гора е богата со животински свет. Од 24 врсти влекачи и водоземци најбислу до истребување се шарениот дождовник и змијата шарка, о од птиците орелот крстач. Оваа планина е позната по една печурка која расте на нејзините падини, Phallus impudicus Или страшак, Често во книгите Фрушка Гора се нарекува српска света Гора. Австрискиот патописец Феликс Каниц, запишал дека лесно можеш да ја замислиш Унгарија пуста без чардаш, отколку српска планина без манастир. На Фрушка гора има 16 манастири. Се претпоставува дека првиот манастире го основал Св Сава. Во 16 век според некои извори се наведува дека на Фрушка Гора имало 35 манастири.



Thursday, March 3, 2016

Најстариот национален парк во Македонија

Национален парк Пелистер преставува најстариот национален парк во Р Македонија. Тој се наоѓа помеќу Преспанската котлина и котлината Пелагонија.  Пелистер е прогласен за национален парк во  1948 година.
Тој зафаќа површина од 10400 ха со висинска разлика од 600 до 2600 м. Под шуми се наоѓаат 
5377 ха,. Шумата од Молика (вид на ендемичен и реликтен бор за првпат откриен од страна на Гризебах во 1829 година ), е посебна вредност на паркот. Се простира на површина од 1300 ха (чисти состојки) и претставува резерват. Во паркот се застапени повеќе видови на дрвја, така што во неговата дендофлора се јавуваат 29 % од вкупната македонска дендофлора. Паркот се карактеризира и со тоа што на релативно мало подрачје се сконцентрирани голем број специфични природни реткости. Пелистер како висока планина за време на плеистоценот била под лед и од тогаш се останати циркови, валови и морени како специфични глацијални форми во релјефот. Во два цирка се сочувани леднички езера - Големото езеро кое се наоѓа на 2218 м надморска височина и зафаќа површина од 4,2 ха и Малото езеро кое е на надморска височина од 2180 м. Потоа во паркот се сретнуваат камените реки како специфични морфолошки форми и редок природен феномен. Националниот парк Пелистер е поделен во три зони: строго заштитена зона со површина од 1600 ха, рекреативна зона со повеќе туристички и спортски објекти и стопанска зона.

Национален парк               Град                     Површина во Ха    Надморска височина      

Пелистер  (1948 г.)         Битола                              10400                  600 - 2600
Маврово  (1949 г.)          Гостивар                          73088                  400 - 2200
Галичица  (1958 г.)        Охрид - Ресен                   23000                  700 - 2255
Јасен (резерват)              Скопје - Кисела Вода      10000                  376 - 2180