СТРАНИЦАТА Е ПОСТАВЕНА ПРВЕНСТВЕНО НА УЧЕНИЦИТЕ ДА ИМ ГО ОЛЕСНИ СОВЛAДУВАЊЕТО НА ТЕМИТЕ ОД ГЕОГРАФИЈАТА КАКО И ДА СЕ ЗАПОЗНААТ СО СВЕТСКИТЕ ВЕСТИ И ЗАНИМЛИВОСТИ ОД ГЕОГРАФСКИТЕ СОДРЖИ.

Посети

Sunday, May 19, 2024

Резултати од натпреварот по Географија


На ден 18.05.2024 година на факултетот за туризам во Скопје се одржа државен натпревар по Географија. Официјални резултати 7 одделение 1 Стефан П ООУ „Панко Брашнаров" ментор Коста Шупевски Велес 95 ПРВО МЕСТО 2 Милијана Н ООУ „Вера Јоциќ - Скопје“ ментор Драган Димитровски Гази Баба 93 ВТОРО МЕСТО 3 Огнен А ОУ „Мустафа Кемал Ататурк“ ментор Дарко Оносимоски Гостивар 92 ТРЕТО МЕСТ Официјални резултати 8 одделение 1.Стефанија Д ООУ „Тодор Ангелевски" ментор Гордана Богоевска Битола 100 ПРВО МЕСТО 2 Самир Е ООУ „Наим Фрашери" ментор Тела Јусуфи Студеничани 99 ВТОРО МЕСТО 3 Павел И ООУ „Методија Митевски Брицо“ ментор Марина Доневска Лозово 98 ТРЕТО МЕСТО Официјални резултати 9 одделение 1 Лукијан Лазаров ООУ „Кочо Рацин" ментор Марина Гроздановска Центар 9 100 ПРВО МЕСТО 2 Ива Ивановска ООУ „Јан Амос Коменски“ ментор Сузана Јакимовска Карпош 9 99 ВТОРО МЕСТО 3 Анастасија Андова ООУ „Св Климент Охридски" ментор Горан Ѓуроски Македонски Брод 9 98 ТРЕТО МЕСТО

Saturday, May 4, 2024

Авторски текстови

  • Водопадите на камењанска река (фекултети)
  • Скриено на Шара-Лешница (Екран)
  • езерото Сандански (Патоколусветот)
  • Езерските бисери во централниот дел на Шарпланина (Факултети)
  • Кукуљето геоморфолошки феномен (СкииМакедонија)
  • Туристичко значење на национален парк Пелистер (Географ.мк)
  • Пехчевски водопади туристички локалитет со голем потенцијал (СкииМакедонија)
  • Географија на чајот  (Факултети)
  • Кораб и корабските водопади зен со вонсериска убавина  (Факултети)
  • Необична убавина на кањонот Матка (Факултети)
  • Осоговски планини и пониква (Факултети)
  • Туристички вредности и убавини на полошката котлина (Факултети)
  • Вратница (Факултети)
  • Село Гари и убавицата стогово (Факултети)
  • Село Брајчино пелистерски убавец до Пелистер и и Преспанското езеро (Факултети)
  • Необична убавина на кањонот Матка (Факултети)
  • Бислимска клисура (Факултети)
  • Беловиште и боловишки водопади (Патоколусветот)
  • Вруток (Факултети)
  • Водопадите на камењанска река (Ekran)
  • Интервју за црнобело (Црнобело)
  • Интервју за факултети (Факултети)
  • Фотографии од Пониква (topnovosti)
  • Фотографии од Шара (Географ.бг)
  • Балкански портали
  • Водопадите на камењаснка река  (Географ.бг)
  • Jezerski biseri sredisnjem dijelom Sar-planine  (Geografija.hr)
  • Пехчевски водопади  (Peika.bg)
  • Thursday, April 18, 2024

    ИНФОРМАЦИИ ЗА ДРЖАВНИОТ НАТПРЕВАР ПО ГЕОГРАФИЈА ЗА УЧЕНИЦИ ОД ОСНОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ 2023/2024

    Ве известуваме дека државниот натправар по географија за учениците од oсновните училишта во учебната 2023/2024 година, ќе се одржи на 18.05.2024 година, со почеток во 10:00 часот во просториите на Универзитетот Скопје. П Р О Г Р А М А 09:30 - Поздравување на учесниците на натпреварот (проф. д-р Дејан Наковски, потпретседател на ЗПГМ) 09:35 - 09:55 - Спроведување на учесниците на натпреварот до просториите за тестирање 10:00 - 11:00 - Натпреварувачки дел 11:00 - 11:30 - Пригоден коктел и меѓусебно дружење Објавување на неофицијална ранг листа во попладневните часови

    Sunday, March 3, 2024

    Почитувани ученици Ве известуваме дека Регионалните натпревари по географија за учениците од сите одделенија ќе се одржат на 16.03.2024 година со почеток во 12:30 часот. Ве известуваме дека оваа година реализацијата на регионалните натпреварите ќе се одвива со физичко присуство кое ќе биде реализирано основното училиште ООУ ,,Единство" Гостивар. Теми и материјаили за подготовка на регионалните натпревари: VII одделение: Природно-географски карактеристики, Население и населби во Република Северна Македонија - Соодветни материјали со релевантни информации и податоци според содржини во наставната програма за 7 одд. ➢ VIII одделение: Природно-географски, социо-географски карактеристики на Европа и регионална поделба на Европа (Јужна Европа) - Географија за 8 одделение за основно образование од авторите Коле Павлов, Ѓорѓи Павловски, издадено во 2020 година од МОН. ➢ IX одделение: Азија и Африка - Географија за 9 одделение за образование од авторите Коле Павлов и Ѓорѓи Павловски, издадено во 2023 година од МОН. Учениците имаат на располагање 60 минути да одговорат на прашањата. • Сите учесници треба да се присутни на местото на настанот во 12:00; • Во 12:30 часот завршува натпреварувањето, а конечните резултати и пласман ќе биде истакнати и на веб страницата на Здружение на професори по географија на Македонија ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ – Скопје; • Менторите ќе бидат вклучени во прегледување на тестовите и во Регионалните комисии • Незадоволните ученици преку менторот имаат право на приговор до Регионалните комисии, најдоцна 90 минути по објавувањето на неофицијалните резултати; • Комисијата е должна иститот ден да ги разгледа приговорите и за тоа да го извести подносителот; • Резултатите од одговорот по приговорот се конечни; • Доколку повеќе ученици постигнат ист број на бодови на регионалниот натпревар, сите ученици го делат истото место; • На државен натпревар можат да учествуваат сите ученици кои освоиле прво, второ и трето место од соодветниот регион сите кои имаат освоено 85 и над 85 бодови на натпреварот; • Доколку од регионот нема ученик со над 85 бода, прво пласираниот (еден) од соодветниот регион, се приклучува кон учениците кои се пласирани за државниот натпревар, но не помалку од 70% од максимално предвидените бодови на регионалниот натпревар; • На регионалните натпревари, дипломи добиваат ученици со освоени прво, второ и трето место, додека менторите добиваат пофалница за освоено место. • Останатите ученици и ментори добиваат уверение за учество на натпреварот. За учество на натпреварите не се предвидени никакви трошоци од страна на учесниците, односно без котизација или било кој вид на членарина од страна на учениците или менторите. Ви посакуваме успех во натпреварувањето!

    Thursday, February 15, 2024

    Општински натпревар по Географија

     На 15.02.2024 година (четврток) со почеток во 19:3ќе се реализира пробен тестза кој сите пријавени учесници ќе бидат повикани од страна на тестаторите преку нивните емаил адреси.

    >Општински натправари ќе се одржат на  17.02.2024 година со почеток во 10:00 часот.

    Општинските натпревари ќе се организираат онлајн на Google meet платформата, додека останатите нивоа со физичко присуство согласно календарот и пропозициите.


    Sunday, March 26, 2023

    Успех на учениците по Географија

    Успех на општинскиот натпревар по Географија кој се одржа на 04.03.2023 година организиран од страна на универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје .

    Учениците Филип Матески и Андреј Грујоски од основното училиште Единство се стекнаа со две дипломи за освоено второ и трето место под менторство на Проф Дарко Оносимоски 


    Честитики и успех на учениците на претстојниот регионалениот натпревар

    Sunday, February 26, 2023

    Патеки

    Никифорово-Сандакташ

    Известување за општинскиот натпревар по Географија


    Почитувани ученици ве известуваме дека општинскиот натпpевар по Географија ќе се одржи на 04.03.2023 во 13:00 h . Оваа година реализацијата на општинскиот натпревар ќе се одвива онлине сите потребни информации, ученици кои се пријавија за учество на натпреварот ќе ги добијат на својот мејл


    Thursday, February 23, 2023

    Село Гари иСтогово идилична убавана на Македонија

    Колку повеќе се движите низ територијата на Македонија толку повеќе се вљубувате во нејзината раскошна убавина. Потребата за посета непознати места може да биде добар мотив да се запознаете со многу делови на Р. Македонија.

    Во нашата земја постојат многу убави места, но има места, каде постојано сакаме да се навраќам секогаш кога имаме време, едно од тие места е селото Гари и планината Стогово.

    Македонија е надарена со многу убавина, но малореканскиот крај навистина е уникатен предел во нашата земја. Во подножјето на планината Стогово на надморска височина од 1.100 метри  под шумата Канеш е распослано планинското село Гари. До него се стигнува возејќи по патот од Маврово за Дебар, каде кај месноста Бошков мост се  скршнува и се вози само право. На влезот селото ќе ви ја покаже целата идилична убавата и старите куќите кои се симетрично амфитеатрално распоредени. Низ селото жубори планинската дива Гараска река, чија вода е лек за душата во летниот период. Гарска река тече низ Стогово и со себе ги собира планинските реки Валовница, Лазарополска, Sвончица и Белешница. Заедно со Тресочанка ја сочинуваат Мала река која е најголемата притока на реката Радика.


    Селото Гари е честа дестинција за многу туристи кој сакаат да ги откриваат недопрени убавини, каде природата не била скржава, каде архитектурата го задоволува апетитот и на најприбрливите љубопитни посетители,  планинската клима со шумските подови се мелем за душата. Гари е особено прочуено по иконостасите и резбата во црквата успение на пресвета Богородица која била изработена од далеку познатиот мајстор Петре Гарката. Селото Гати има своја селска слава таа е посветена на Голема Богородица, за време на славата се практикуваат многу архаични и уникатни обичаи специфични за овој крај од Македонија. Доколку сакате да ја истражувате архитектиурата, фолклорот, обичаите и историјата селото навистина има што да понуди во поглед на верски и многу архаични обичаи од минатото. Доколку сте љубител на природните убавини тука неизбежна планианската убавица е Стогово, која е една од најубавите во овој дел од Македонија Стогово преставува млада верижна планина која настанала за време на алпската орогенеза. За време на плеистоценот планината Стогово била зафатена со  глацијација и денес на неа се јавуваат леднички релјефни форми како што се валовите цирковите и морените. Во цирковите се јавуваат три леднички езера  Горно и Долни езеро и езерото Маруша. Освен планинските езера на оваа планина се забележуваи присуство на голем број вртачи што се јасно се лгледа дека има присуство на различни генетски типови релјефни формации. Планината е честа викенд дестинација за голем број планинари, моторџии и собирачи на шумски плодови. Стогово има должина околу 22 км, а ширина околу 16 км

    Од селото Гари има повеќе патеки кои се атрактивни и привлечни за искачување на неколку импозантни врвови, кои мамат и привлекуваат со својата  височина.

    По долината на Гарска река се стигнува на платото на Стогово од каде се пружа прекрасен поглед кон повеќе врвови. Иако постојат повеќе рути до највисокиот врв на планината Стогово сепак често се стартува од селото Гари да да се освои врвот Голем Рид  (или Бик Дорук) за кондиционо по спремните не е далеку и врвот Канеш или врвот Стогово во зависност од желбите и можностите. Исто така од селото Гари има обележана патека до врвот Бабин Срт. Која патека да биде избрана, нема да згрешите, затоа што пејзажите кои ги нуди планината Стогово се уникатни и незаманливи. Попатно ќе видите голем број на бачила каде се напасуваат голем број висококвалитени овци. После долгите пешачења околу селото Гари и планината Стогово неизбежно е да вкусите некој локален еколошки специјалитет, тоа задоволство може да го задоволите во етно ресторанот Топила, Покрај  вкусната храна и одличниот етно амбиент од ресторанот нудат услога прошетка со коњи. Несомнено дека Гари,  Стогово и целиот малорекански крај е уште еден бисер под нашето поднебје кои вреди да се посети.

    Препораката на авторот на овој текст професор Дарко Оносимоски е што повеќе да го потикнувате љубопитниот дух во себе и да ги истражувате природните уникатни убавини на Македонија, зошто нашата земја е уникатна држава на европскиот континент.

     

     

     

     

    Monday, May 9, 2022

    Авантуристички висечки мост над Пчиње

    Мостот
    На патот од Скопје кон Велес скриен меѓу бујна вегетација, издигнат над реката Пчиња се наоѓа најавантуристичкиот пешачки мост. Мостот го спојува селото Кожле со автопатот “Пријателство". 

    До овој мост може да се пристигни на два начина по автопатот Скопје -Велес или од Селото Кожле. Првиот начин е полесен оние кој не сакаа да пешачат може по автопатот да се симнат кај црквичката после селото кожле и десно по скалите да се симнат до мостот, Мостот реката и вегетацијата нудат величествена глетка одозгора. Кога ќе се доближите почнува возбудата. Мостот е изграден од дрвен под и е оптегнат на три сајли на нив се прцврстени даски, со секое ваше движење мостот се клати и дрвата крцкаат. Помалку храбрите  ќе треба да соберат храброст за да зачекорат по него, адреналинското доживување е загарантирано. 


    Во непосредна близина во црквата стоеше човек кој продаваше свеќи, започнавме разговор при што ми кажа дека тој лично го изработил мосто и по него е имануван  Стојанов мост. Мостот е релативно нови и недоволно познат, лично сметам дека заслужува да се посети, да се помине од едната на другата страна на Пчиња. Во селото Кожле може да ја посетите и црквата вознесение Христово изградена во 1847 година, во чиј двор е погребан македонскиот книжевник Гане Тодоровски. А, во непосредна близина на кожле, оддалечена околу 1,6 км се наоѓа тврдината Маркови Кули, која датира од средниот век


    Monday, May 2, 2022

     Осоговските Планини се втора (веднаш по Јакупица) по големина површина во нашата земја. Овие планини се простираат во источниот дел на Македонија, Според староста, Осоговските Планини претставуваат стари грамадни планини кои се одликува со заоблени врвови и планински била. Највисок врв на овие планини е Руен, со височина од 2.252 метри. Нема дилема дека Осоговските Планини имаат голем туристички потенцијал.

    Целата Осоговија има одлични услови за планинарење, параглајдерство, планински велосипедизам, зимски спортови итн. Едно од најмаркантните туристички места на Осоговските планини е Пониква.

    Оваа туристичка убавица е важен центар и викенд-населба на Осоговските Планини. Оддалеченоста на Пониква од Кочани е околу 20 км. Пониква се наоѓа на надморска височина од 1.560 м, во предел на густа букова шума
    .
    Без никаквo двоумење, Пониква претставува еден од најважните туристички рекреативни центри на Осоговските Планини и пошироко во целиот источен дел на државата. Она со што може да се пофали овој туристички локалитет е тоа дека Пониква има добро означен и асфалтиран пат и не претставува никаков проблем пристигнувањето дотука.
    На самиот влез на Пониква се наоѓа мал спортски аеродром кој некогаш се користел за воени цели. Има доволно голем простор за паркирање автомобили.

    Овој туристички локалитет располага со угостителски објекти - хотели, мотели, ресторани, автокампови, бунгалови, детско одморалиште и др. Целиот комплекс е изграден од природни материјали, најчесто дрво што одлично се вклопува во целиот амбиент. За љубителите на зимските спортови, на располагање се прекрасни зимски патеки и жичница. Туристичката понуда на Пониква е збогатена со присуството на игралиштата за мали спортови и ловниот резерват, кој е богат со разновиден дивеч, како и стрелиштето за глинени гулаби.
    На Пониква има изграден духовен храм посветен на свети Василиј Велики. Секоја година на 14 јануари се одржува свечена литургија и се одржува собир во манастирот. Традиционално се дели лепче со паричка. Планинарите од Планинарското здружение „Осогово“- Кочани организираат марш од езерото Гратче до Пониква, по повод Православната Нова година.
    Пониква е место кое е сѐ поатрактивно за голем број туристи кои бараат плацови да изградат приватни викендици, па оттука со право може да заклучиме дека секоја година
    Пониква станува сѐ поголем туристички бренд во нашата земја и пошироко.





    Автор на текстот и на фотографиите: професор Дарко Оносимоски

    Wednesday, March 16, 2022

    Знаете ли дека


    Знаете ли дека вулканскиот кратер Ксико е прогласен за една од најживописните области во Мексико. Тој се формирал пред неколку илјади години по силната ерупција на Вулкан, и останал скриен со векови под водите на езерото Чалко. На почетокот на 14 век езерото почнало да се суши, а во 19 век, владата решила целосно да го исуши езерото и на негово место да ги постави фармите. Денес на територијата опкружена со прстенот од кратерот на пловната вулканска почва се наоѓаат полиња и плантажи

    Дали сте знаеле дека


    Знаетели ли дека едно од последните три африкански кралство Лесото е земја без излез на море, опкружена е со Јар. Лесото е единствената независна држава во светот која се наоѓа на надмороска висина од над 1.000 метри со својата најниска точка на 1.400 метри, и со над 80% од својата територија од над 1800 m. Лесото со право се нарекува кралство на небото или покрив над Африка

    Tuesday, March 15, 2022

    Дали сте знаеле дека

    Знаете дека најстарата копнена површина на земјата е јужниот остров на Нов Зеланд, најстариот дел од копното на Нов Зеланд бил формиран за време на камбрискиот период од девонскиот

    период пред околу 540 до 360 милиони години. Тие се состоеле од седименти депонирани на морскот дно на копното од деловите на Гондвана кој подоцна ќе станата Антартик и Австралија. 


    Дали сте знаеле дека


    Знаете ли дека озонската овивка покажува знаци  нконтинуирано закрепнување од штетите предизвикани од човекот и најверојатно целосно ке заздрави до 2060 година, покажуваат новите докази. Преземените мерки за санирање на штетите ќе имаат значаен и корисен ефект и врз  климатските промени, бидејќи дел од гасовите што предизвикуваат разредување и на места исчезнување на озонската обвивка приденосеуваат и за затоплување на атмосферата.

    Saturday, December 11, 2021

    Туристичките вредности во шарско- полошкиот регион


    Полог претставува котлина која се наоѓа помеѓу  Шар Планина, Буковиќ, Сува Гора и Жеден. Вкупната површина на Полошкиот регион изнесува 1.475 км/2. Полошката котлина се протега во правец североисток југозапад, а се дели на Горен Полог  (околу 718 км/2- 45%) и Долен Полог (околу 855 км/2 -55%).

                     Границата меѓу нив ја прави Боговинска река лева притока на Вардар. Средиште на Горни Полог е Гостивар, додека центар во Долни Полог е Тетово.

                 Полошката котлина има голема густина на населеност која изнесува повеќе од  200 жители на 1км2. Со густина од 200 жители на 1км2 таа е една од најгусто населението котлина во Р.Македонија. Површината на  рамниот дел на котлината изнесува 373 км/2. Ако се анализира рамниот дел тогаш тој се наоѓа на надморска висина од 400 до 600 метри.

    Туристички гледано полошкиот регион изобилува со природни и културно историски атракции кои се основа за голем број туристички содржини, наменети за различни целни групи. Полошката котлина има што да понуди како интересно туристичко место во Република Македонија . Котлината е обиколена со изразито високи планини, располага и со голем број културно историски локалитети, духовни и сакрални објекти, живи обичаи, традиционални занаети, локална традиционална храна и други туристички вредности. 

     

                  Затоа доколку се наоѓате во близина во полошката котлина не пропуштајте да ги посетите стариот дел на Тетово, Тетовското кале, Лешочкиот манастир, Шарената Џамија со Амамот, Арабати баба теќето, Камењанските водопади, Бањиче - изворот на реката Пена, Вратничко езеро, Шар планина со Попова Шапка, Лешница  Јелак, Три Води, Љуботен, Маздрача итн

    Доколку патот ве донесе во Горен Полог-Гостивар, првиот град на реката Вардар има што да  ви понуди. Гостиварчани  се најгостопримливите луѓе во нашата земја и ќе направат се да се чуствувате пријатно во нивниот град.

     Главниот симбол на градот Гостивар е саат кулата. Гостивар нуди можност да  уживате во убавините на старата архитектура како што се  Беговата куќа, куќата на Ахмед Чако, Медресето, Саат кулата, или Успение на Света Богородица. Со секоја градба  се испреплетени многу легенди и приказни.

                Гостивар е место каде може да вкусите најубава традиционална храна но и познатата гостиварска баклава и боза. Кејот на реката Вардар е одлично место за прошетка и рекреација. Во централниот дел на градот со сигурност ќе ви го задржи вниманието црквата Света Богородица и Медресето со саат кулата кои потекнуваат од османлискиот период.

    ,           Доколку времето ви дозволува подолг престој, тогаш одличен место за посета е солото Вруток каде се наоѓаат изворите на нашата најголема река. Вруток  е идеално место да се проба квалитетна речна пастрмка која може да се вкуси во некои од многуте ресторани во непосредна близина на самите извори на реката Вардар.                              Манастир Св Преображение Христово населба Циглана

                                  

     За љубителите на чистиот планински воздух и убави панорамски пејсажи може да се доживеат во селото Долно Јеловце. Долно Јеловце располага со убави селска црква и манастир, за гостите има етно ресторан, кои во одличена атмосфера може да се ужива во прекрасниот амбиент. Во околината на Гостивар се наоѓа една од најубавите пештерата во Р.Македонија. Станува збор за пештерата убавица лоцирана на планината Буковиќ до селото Ѓоновица. 

    Пештерата е мошне атрактивна во нејзи се среќават пештерски украси и подземен водопад кои нудат незаборавно искуство од ваков тип.

    Несомнено е дека полошкиот регион е полн со интересни места,  се надевам дека ова е добра причина да одвоите еден ден во неделата и да посетите некои од многуте убавините со кои располага полошкиот регион.