СТРАНИЦАТА Е ПОСТАВЕНА ПРВЕНСТВЕНО НА УЧЕНИЦИТЕ ДА ИМ ГО ОЛЕСНИ СОВЛAДУВАЊЕТО НА ТЕМИТЕ ОД ГЕОГРАФИЈАТА КАКО И ДА СЕ ЗАПОЗНААТ СО СВЕТСКИТЕ ВЕСТИ И ЗАНИМЛИВОСТИ ОД ГЕОГРАФСКИТЕ СОДРЖИ.

Посети

Thursday, April 26, 2018

На денешен ден 26 април

На денешен ден 26 Април 1986 година се случи најголемата несреќа во историјата на нукеларните централи. На овој ден поради технички експеримент четвртиот реактор се прегреал и се зголемил притисокот а потоа и експлодирала нуклераната централа во градот Чернобил -Украина

Wednesday, April 25, 2018

На денешен ден 25 Април

На денешен ден  25.04
1719 година -Излегол раманот Робинсон Крусо на англсикиот писател Данеил Дефо
1959 година- Пловниот пат Сент Лоренс, кој ги поврзува Големите езера преку реката Сент Лоренц и систем од канали со Атланскиот океан е отворен за пловидба
1996 година- Република Македонија и Хондурас воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасади
1859 година- Започна изградба на Суецкиот канал, со кој Средоземното море е поврзано со Црвеното море. Каналот има големо стратешко значење, затоа што е најкраток пловен пат од Европа до земјите на Блискиот и Далечниот Исток

Sunday, April 22, 2018

22 АПРИЛ Денот на планетата земја

Клип  ООУ "Единство"

Во светот денеска се одбележува денот на планетеа земја. Во ООУ "Единство" се читаа есеи и упатија пораки за важноста на чистата животна срединa.
Денот на планетата земја за прв пат е одбележан во 1969 година во Сан Франциско.

Кликни на линкот видеоклип







Friday, April 20, 2018

Натпревар по Географија

На ден 10.02.2018 година во "ОУ Единство" се одржа региoнален натпревар по Географија за основни и средни училишта. Од натпреварувачите кои зедоа учествуваа со право за учество на денешниот (20.04.2018) Државен натпревар по Географија од основното учеилиште Единство се стекнаа учениците
  1. Марија Анѓелковска
  2. Јован Николоски
  3. Давид Златаноски

Свазиленд го промени името на државата

Малото африканско кралство Свазиленд го смени името на државата, со тоа ги прекинува врските со колонијалната ера. 
По повод 50 години од независноста на малата африканска земја Свазиленд, карлот Мсуати  III изјави дека го менува името од Свазиленд во кралство Есватини. 
Образложувањата е дека Есватини преставува оргинално име на државата кои во превод значи "земја на народот Свази"
Оваа држава е лоцирана на југот од континентот Африка. Се стекна со независност од британскиот протекторат во 1968 година. Со издвојувањето на независноста останало и старото име. 
Сите држави на африканскиот континент со прогласување на независност си ги вратиле старите имиња на своите држави , но тоа не бил случај и со оваа африканска земја.  Затоа ова бил вистински момент да се вратат на вистински  древни корења.


Monday, April 16, 2018

Фумарола

Фумарола (од латински фамус = чад) е отвор на земјината површина од каде излегува вулканска пареа и гасови.  Магмата која лежи на релативно блиска површина е причина за водената пареа таа ги загрева подземните води, кои под притисок го пронаоѓаат пат кога се пробиваат до површината. 
Од друга страна гасовите како  јаглерод диоксид, сулфур диоксид,  водород хлорид, водород сулфид најчесто доаѓаат директно од магмата. Фумароли се најчесто присутни во близина на активни вулкани за времето на периодот нивното релативно мирување помеѓу две ерупции. Фумаролите се тесно поврзани со гејзерите и термалните топли води. Во подрачјата каде нивото на подземни води се блиску до површината, фумаролите може да станат топли врела.
Фумаролите богати со сулфорни гасови се нарекуваат солфатари додека солфетарите богати со јаглерод диоксид се нарекуваат мофети.





Thursday, April 12, 2018

Панамски канал

Панамскиот канал е изграден во 1914 година. Изградбата на овој канал преставува едно од најголемите и најтешките инжињерски проекти во историјата.
Каналот ги спојува Тихиот океан со (Карипското море) Атланскиот океан. Должина на каналот изнесува 81 km а широчината од 90 до 350 метри додека длабочината изнесува 11 метри. Заедно со Суецкиот канал преставува еден од најважните поморски артерии во светот. 
Каналот бил под управа на Сад од 1904 година до 1999 година, после тоа преминал под целосна контрола на Панама.