Денис Тито е мултимилионер, на денешен ден (28 април) отпатувал во вселената како турист. Тој е првиот вселенски турист. Четириесет години откако Јуриј Гагарин станал првиот човек што престојувал во вселената, Тито во 2001 год. направил нова пресвртица во проучувањето на вселената, станувајќи прв вселенски турист во светот. Тој платил 20 милиони долари за да може како дел од програмата на руската вселенска станица да помине шест дена во Меѓународната вселенска станица. Неговите амбиции не завршуваат тука негова желба е да ја посети планетата Марс , оваа негова желба очекува да се исполно некаде околу 2017 година.
No comments:
Post a Comment