СТРАНИЦАТА Е ПОСТАВЕНА ПРВЕНСТВЕНО НА УЧЕНИЦИТЕ ДА ИМ ГО ОЛЕСНИ СОВЛAДУВАЊЕТО НА ТЕМИТЕ ОД ГЕОГРАФИЈАТА КАКО И ДА СЕ ЗАПОЗНААТ СО СВЕТСКИТЕ ВЕСТИ И ЗАНИМЛИВОСТИ ОД ГЕОГРАФСКИТЕ СОДРЖИ.

Посети

Wednesday, September 23, 2015

Делчевска или Пијанечка котлина



Пијанец се наѓа во горното течение на реката Брегалница.Пиајнец има меридијански правец на протегање југ север во должина 15–16 км, а ширина 4–5 км. Пијанец е тектонска котлина што настанала помеѓу планините Влаина од исток, Голак од запад и ограноци од Осоговските плнини  на север. Од соседната Беровската котлина  е одвоена со хорстот – планинатаа Бај  тепе Тепе. Зафаќа површина од 590 км². Дното на котлината е на височина 560–580 м. Во текот  на плиоценот во котлината егзистирало езеро, кое кон крајот на плиоценот и почетокот наплеистоценот, почнува да истекува преку најнискиот дел предиспониран со раседнување, помеѓу ограноците на Голак и на Осогово, при што е создадена длабоката клисура на Брегалница. Континенталната клима е погодна за развој на овоштарството посебно за сливарството

No comments:

Post a Comment