СТРАНИЦАТА Е ПОСТАВЕНА ПРВЕНСТВЕНО НА УЧЕНИЦИТЕ ДА ИМ ГО ОЛЕСНИ СОВЛAДУВАЊЕТО НА ТЕМИТЕ ОД ГЕОГРАФИЈАТА КАКО И ДА СЕ ЗАПОЗНААТ СО СВЕТСКИТЕ ВЕСТИ И ЗАНИМЛИВОСТИ ОД ГЕОГРАФСКИТЕ СОДРЖИ.

Посети

Thursday, October 8, 2015

Дебарца

Местоположба 
Дебарца е котлина во западниот дел на Македонија. Се наоѓа помеѓу Илинска и Плакенска Планина од исток и Стогово и Караорман од запад. Зафаќа површина од 368 км/2. Низ средината на Дебарца води магистралниот пат М-4 кој ја поврзува на југ со Охрид и Струга, а на север со Кичево и Скопје. Се дели на Северна, Средна и Долна Дебарца. Геолошкиот состав го правата филитоидни метаморфити, карбонатни и магматски карпи како и езерски, алувијални, делувијални и моренски седименти. Климата е умерено континентална. Реката Сатеска преставува главна одводна артерија на целото подрачје. Во Дебарца постојат 24 селски населби, сите се декларираат како етнички македонци. Централна населба е Белчиште, а најголемо село е Велмеј. Цела Дебарца е зафатена со силен миграционен бран, по бројот на населението денеска во голема мера е намален

No comments:

Post a Comment