Последиците од глобалното загадување се повеќе се видливи a тоа го потврдува фактот дека второто по големина езеро во Боливија исчезна. Сателитските снимки направени во периодот помеѓу 1986 година и јануари 2016 година покажуваат дека езерото кое се наоѓа на висина од 3860 м на Андите, испарили за само 20 години, оставајќи зад себе исушено корито. Поопо кое се протега на 27.700 км/2 било второ по големина езеро во Боливија после Титикака. Локалното население за заштита на околината ја обвинуваат владата за исчезнувањето на езерото истакнувајќи дека е лошо управувано со водените ресурси и е игнорирано нејзиното загадување, тие сметаат дека главен виновник за исчезнувањето на езерото е државниот рудник за калај Huanuni, кој со години го фрлале отпадот во притоките на Поопо
No comments:
Post a Comment