Туарезите се народ кои живеат во западна и северна Африка. Живеат во многу непристапни предели во внатрешноста на пустината Сахара. Арапскиот збор Туарег значи " Да бидеш напуштен од господ" и не сакаат така да бидат нарекувани. Иако се мусламани не се држат многу до исламските правила, во нивната религија се зачувале траги од анимизмот (верување во душите на умрените предци). Туарезите претставуваат еден од ретките мусламански народи каде машките место жените го покриваат лицето. Имаат свој сопствен јазик а во минатото имале и свое сопствено писмо. Француските колонизатори имале силно влијание на нивниот некогашен начин на живот. Туарезите се организирани во пламиња . Многумина од нив и денес живеат номадски и полуномадски начин на живеење. Највеќе се занимаваат со земјоделство и сточарство. Туарезите често ги нарекуваат "син народ " поради тоа што сакаат да носата плава облека
No comments:
Post a Comment