СТРАНИЦАТА Е ПОСТАВЕНА ПРВЕНСТВЕНО НА УЧЕНИЦИТЕ ДА ИМ ГО ОЛЕСНИ СОВЛAДУВАЊЕТО НА ТЕМИТЕ ОД ГЕОГРАФИЈАТА КАКО И ДА СЕ ЗАПОЗНААТ СО СВЕТСКИТЕ ВЕСТИ И ЗАНИМЛИВОСТИ ОД ГЕОГРАФСКИТЕ СОДРЖИ.

Посети

Friday, July 27, 2018

Европски рис

Европскиот рис е најголемата европска мачка и најголем од сите рисови, а може да биде тежок и до 38 кг.  Во Република Македонија  ова е ретко и заштитено животно, и e едeн одсимболите на државата.
Неговото силно тело на долги нозее покриено со кусо крзно. Рисот првично населувал пространи, мешани шуми, но човекот ги потиснал на отворени шумски подрачја, па и на каменести планински падини. Доажа во тајги, но и во планински зимзелени шуми. Дење најмногу мирува на сонце, а станува активен по заоѓањето на сонцето. Добро се качува и скока, но ретко трча, па пленот го лови од заседа. Се храни со птици и цицаќи, а чест плен му се елени.  
Мажјаците живеат самостојно, освен во период на парење. Женките котат најчесто три млади во шуплини на стебла или пукнатини на карпи, а потоа ги водат сосебе.

No comments:

Post a Comment