СТРАНИЦАТА Е ПОСТАВЕНА ПРВЕНСТВЕНО НА УЧЕНИЦИТЕ ДА ИМ ГО ОЛЕСНИ СОВЛAДУВАЊЕТО НА ТЕМИТЕ ОД ГЕОГРАФИЈАТА КАКО И ДА СЕ ЗАПОЗНААТ СО СВЕТСКИТЕ ВЕСТИ И ЗАНИМЛИВОСТИ ОД ГЕОГРАФСКИТЕ СОДРЖИ.

Посети

Saturday, September 22, 2018

Марабу Штрк

Марабу штрк е голема птица со мошне необиечн изглед и е близок на сродникот штрк. Може да биде долг до 1,2 м и да има распон на крилјата до 3 м, па се смета за едно од најголемите копнени птици на светот.. Има долги нозе и големи, црни крилја. На главата и вратот нема пердуви, бидејќи често се храни со мрша, па пердувите на тие делови од телото би се извалкале за време на хранењето. Освен мрша јаде се што може да фати: бубачки, влекачи, жаби, риби и мали цицачи. . На земја делува несмасно, внимателен е и оди полека. Затоа лета многу елегантно и често едри на воздушни струи.Марабу штрковите живеат во савани, до реки и езера, а често и до човечки населби.  Друштвени се и се гнездат во колонии. Можат да живеат и до 25 години. При додворување, мажјаците произведуваат разни звуци со помош на  на кожените вреќички на вратот и клопотање со клунот. Гнездата ги градат од гранки на стебла и во нив женките снесуваат 2-3 јајца.
Распространетост: Африка јужно од Сахара

No comments:

Post a Comment