СТРАНИЦАТА Е ПОСТАВЕНА ПРВЕНСТВЕНО НА УЧЕНИЦИТЕ ДА ИМ ГО ОЛЕСНИ СОВЛAДУВАЊЕТО НА ТЕМИТЕ ОД ГЕОГРАФИЈАТА КАКО И ДА СЕ ЗАПОЗНААТ СО СВЕТСКИТЕ ВЕСТИ И ЗАНИМЛИВОСТИ ОД ГЕОГРАФСКИТЕ СОДРЖИ.

Посети

Wednesday, December 5, 2018

Република Словенија

Словенија го зафаќа северозападниот дел на Балканскиот полуостров. На север се граничи со Асвтрија, на исток со Унгарија, на југ со Хрватска на запад со Италија и Јадранското море. Во овие граници таа зафаќа површина од 20 251 км/2.
Словенија има поволна географска местоположба. Таа е балкански, средоземноморска и средноевропска држава. За поволната географска местоположба на оваа држава придонесува излегувањето на Јадранското море. што има посебно значење на оваа земја. Преку него таа се поврзува по воден пат со многу земји во светот.
Релјефот во Словенија е планински. Во нејзиниот северозападен дел се протегаат источните делови на Алпите. Од нив се одделуваат Караванкитеи Јулискита Алпи. Во источниот дел на Словенија се наоѓаатниските планини Козјак, Похорје, и Славонска Горица, а на запад Трновски Гозд , Нанос и Снежник. Од сите планини најголемо значење имаа Јулиските Алпи. Ти се високи назабени и имаат остри врвови, со стрмни падини и со богата пасишта и шуми. На нив се наожаат и највисокиот врв Триглав ( 2864 м) . Меѓу планините се наоѓаат пространи котлини. Меѓу нив се Љубљанска, Мариборска и Цељска котлина. 
Во Словенија се карактеристични четири климатски типови, и тоа средоземноморска, континентална, умерено континентална и планинска. Средоземноморската е клима застапенана Јадранското приморје, планинската на Алпите, умерено континенталната е во котлините и речните долини, а континенталната во источните делови на дравата. 
Реките во Словенијаприпаѓаат на две морски сливни подрачја: Црноморско и Јадрански слив. Во Црноморскиот речен слив припаѓаат  Сава, Драва и Мура, а во Јадранскиот реката Сочпа.  Овие реки имаат значително хидроенергетска моќ и на нив се изградени повеќе хидроцентрали. Во Словенија има повеќе езера. Меѓу нив се и Бледското и Бохинското. Тие со својата убавина и живописна околина привлекуваатголем број туристи.
Население и стопански одлики

Мнозинството од населението во Словенија  го сочинуваат Словенци над 90 %,. Од другите народи има Италјанци, Австрици, Хрвати и др. Денесна нејзината територија живеат над 2 милиони жители. Главен град е Љубљана.
Словенија е сиромашна со руди, освен со олово-цинкова има и јаглен. Од земјоделските култури најмногу се одгледуваат пченица, јачмен, хмељ, компири грозеј. Во сточарството, на Алпите е застапено одгледување на високомлечни крави. Од индустриските гранки развиени се металната-Љубљана, автомобилската- во Марибор, електротехничката- во Крањ и Велење, хемиската- во Ново место, текстилната- во Мурска Собата и др. Дрвната Индустрија е развиена во повеќе градови, а индустријата за конзеривирана риба во Изола.
Туризмот завзема важно место во стопанството на оваа земја. Тој е најразвиен во Јадранското приморје (Порторож, Пиран и Копер) потоа на Алпите (Планица и Крањеска Гора), на Бледското и Бохињското езеро итн.  Голем број туристи привлекуваат  подземните јами и пештера. Меѓу нив најпозната е Постоинската јама која е една од најубавите во Европа.
Словенија извезува индустриски стоки, а увезува земјоделски производи, нафта и руди. Во надворешната трговија најмногу тргува со Република Македонија, Австрија, Хрватска и други земји.

Вежби: Градови во Словенија кликни    ТУКА


No comments:

Post a Comment