СТРАНИЦАТА Е ПОСТАВЕНА ПРВЕНСТВЕНО НА УЧЕНИЦИТЕ ДА ИМ ГО ОЛЕСНИ СОВЛAДУВАЊЕТО НА ТЕМИТЕ ОД ГЕОГРАФИЈАТА КАКО И ДА СЕ ЗАПОЗНААТ СО СВЕТСКИТЕ ВЕСТИ И ЗАНИМЛИВОСТИ ОД ГЕОГРАФСКИТЕ СОДРЖИ.

Посети

Showing posts with label Водопади. Show all posts
Showing posts with label Водопади. Show all posts

Friday, March 13, 2020

Видови водопади

Според генетската класификација водопадите се делат на  тектонски, ерозивни и акумулативни.
Тектонските водопади се јавуваат на одсеци со раседно потекло. Во зависност од износот на раседниот скок ваквите водопади може да имаат и голема височина. Таков е водопадот Тугела во Јужна Африка висок 933 m, Викториините водопади на реката Замбези се високи 120 m.
Ерозивни водопади настануваат со поткопување на помеките карпи што се наоѓаат во подината, а преку кои лежат поотпорни карпи. Со селективна ерозија побргу се однесуваатпомеките карпи.
Со тоа доаѓа до создавање на ерозивни карпесто отсек на речното корито, односно до појава на водопад. Такви се водопадите на реката Нијагара високи 51 m.
Ерозивните водопади може да се создадат и со интензивно вертикално всекување на главната река. На местото на вливот на нејзините притоки , кои поспоро се всекуваат настануваат водопади. Ерозивните водопади се јавуваат и меѓу страничните ( висечки) и главната глечерска долина валов, а чести се и на страните на фјордовите. Таков е Јесемитскиот Водопад висок 739 m,  водопадите во Норвешка и др.
 Акумулативни водопади се создаваат на карстните терени каде во коритата на реките се акумулираат  бигрени наслаги. Со нивното нараснување на речното корито  се создаваат бигрени прегради преку кои водениот трк паѓа во вид на водопад. Такви се водопадите на Плитвичките езера. На сличен начин настануваат и травертинските  каскади и басенчиња кај термалните извори и водните текови. Во подножјето на водопадите се создаваат џиновски лонци, т.е бунарести вдлабнатини во карпестото речно корито.

Карта ВОДОПАДИ

Tuesday, February 4, 2020

Највисокиот водопад во Европа

Винуфосен претстaвува највисокиот водопад на Европскиот континент, 

Со висина од 860 метри го завзема а шестото место во светот. Овој водопад плени со својата убавина и раскош, се наоѓа на територијата на Норвешка.


Sunday, November 29, 2015

Еден од најубавите водопади во Бугарија - Чипровски водопади


На 18 км од градот Чипровци, во прегратките на планината, се наоѓа најубавите природни реткости во Бугарија-Чипровски водопад. Водната каскада се спушта на 18 м видочина и создава една инспиративна слика од милиони капки, расфрлани во воздухот. 
За да се стигне до водопадот ќе мора да се пешачи околу час и половинанормално одење. Има знаци со кој ќе ви помогнат да се ориентирате за правецот на движење. Водопадот е долично место кое ќе ве натера да се инспирирате и ќе ве покори со својата природна убавина и шарм.Чипровските водопади е погодна дестинација за прошетка, пикник и запознавање на природните убавини. Во областа освен водопадите може да го посетите и Чипровскиот водопад  Св Јован Рилски. Тој е основан во 10 век и чува вредни информации  за културата и книжевноста на овој крај.На 20 км во североисточна насока од градчето пак е лоциран и Лопушанскиот манастир, кој дефинитивно вреди да се види. Познат е по своите неверојатни икосни, дело на самоковските мајстори


Tuesday, November 10, 2015

Ѓаволски водопад- Беласица

Ѓаволски водопад од Валандово е оддалечен 16, 5 км. и се наоѓа на надморска височина од 580 м. Ѓаволскиот водопад како и останатите има тектонско потекло, а е изграден на Калдрма Дере (Калдрма Река) или попознато како една од притоките кои ја формираат Башибоска Река. Вкупниот вертикален отсек на водопадот изнесува 19 метри. Самиот водопад има изградено џиновски лонец со димензии 2,7м ширина и 6,5 м должина, додека вкупната длабочина измерена при теренските истражувања изнесува 2,5 метри. Во текот на летниот период протокот на Калдрма Дере е минимален додека во текот на пролеттниот период протокот се зголемува за неколку пати. Поради големиот проток кој што го има реката во текот на овој период како и поради силната бучава која што се создава при падот на водата, така го добил и името Ѓаволски Водопад.

Wednesday, September 16, 2015

Плитвичките езера

Плитвичките езера се речно -карсни езера. Тие се настанати со преградување на коритото на Реката Корана со таложење на бигор. Овие еера го сочинуваат група од 16 скалесто поредени помали или поголеми езера. Тие се единствени во светот и една од најголемите туристички врености во Хрватска.  За да се сочува оваа природна реткост, целото подрачје околу нив е прогласено з национален парк. Од 1979 година е вклучено во списокот на Унеско како светска наследство.

Monday, August 3, 2015

Мируша Кањон

Мируша кањонот е еден од најинтересните природни области во Косово. Кањонот Мируша се наоѓа во јужниот дел на планината Гремник на надморска височина од 572 метри. Вкупната должина на кањонот изнесува 2 км. Низводно реката Мируша минува низ клисурата Мируша кој е познат како кањон Мируша. Во овој кањон се лоцирани 16 возбудливи водопади и езера кои го сочинуваат најатрактивниот дел од кањонот.

Tuesday, May 5, 2015

5 најубави водопади во светот



Водопад


Хуангуошу водопади


Гулфос водопади


Хавасу вопопади

Викториини водопади


Нијагарини водопади