ГЕОГРАФСКА ПОЛОЖБА И ГОЛЕМИНА
Република Бугарија е држава во Јужна Европа, поточно е сместена во источниот дел на Балканскиот Полуостров. Таа на север граничи со Романија, на запад со Македонија и Србија, а на југ со Грција и Турција. На исток Бугарија излегува на Црното Море. Во овие граници Република Бугарија зазема површина од 110 912 км кв (103-то место меѓу државите во светот).
РЕЛЈЕФ
Освен во северните делови каде што се протега дунавската долина, Бугарија е претежно планинска земја. Во средишните делови се протега Стара Планина (Балкан), јужно од неа е планината Риласо највисокиот врв на Балканот - Мусала (2 925 м н.в.), додека уште појужно се протега Пирин Планина, на која кон исток се надоврзуваат Родопите. Од низините, покрај долината на реката Дунав каде се простира Долнодунавската Низина, се издвојува и Тракиската Низина, по долината на реката Марица.
КЛИМА
Климата во Бугарија е разновидна. Сепак најголем дел од земјата се одликува со умерено-континентална клима. Приморската (средоземноморска) е застапена на бреговите на Црното Море, изменето-средоземномоската е карактеристична за долината на реката Марица, а над 1 000 м н.в. е застапена планинската клима.
ХИДРОГРАФИЈА
Од реките особено значајна е пограничната река со Романија, реката Дунав, која го формира и најголемото сливно подрачје (црноморското), додека во сливот на Егејското Море припаѓаат реките: Марица, Струма и Места. Покрај малиот број на котлински езера, Бугарија се одликува со голем број на леднички езера, на над 2 000 м н.в.
НАСЕЛЕНИЕ
Денес во Бугарија живеат нешто над 7 милиони жители (над 100-тото место меѓу државите во светот). Интересно за земјата е тоа што после 1990-тите години популацијата континуирано се намалува (тогаш броела околу 9 милиони жители). Тоа се должи на нискиот природен прираст и високите вредности на емиграциските бранови од државата кон други, поразвиени држави од ЕУ. За Бугарија е карактеристичен и високиот удел на старо население (над 60 години), во вкупното население во државата, кој изнесува речиси 20 %. Според етничката припадност во Бугарија најзастапени се Бугарите со околу 85 %, а позастапени малцинства се турското со околу 9 % и ромското со околу 5 %.
НАСЕЛБИ
Главен град на Бугарија е градот Софија со над 1 300 000 жители. Други поголеми градови, со над 100 000 жители се: Пловдив, Варна, Бургас, Русе, Стара Загора и Плевен.
СТОПАНСТВО
Бугарија иако е земја членка на ЕУ се смета дека е земја во развој, односно заостанува зад европскиот просек. Најголем дел од стопанските активности се поврзани со полјоделството и сточарството. Исто така како посебно развиена стопанска гранка се јавува туризмот. Летниот туризам се развива долж Црноморскиот брег (Златни Песоци, Варна, Несебар, Бургас и др.), додека зимски и планински туристички места се развиле на Рила и на Пирин Планина (Боровец, Банско и др.). Бугарија извезува: раноградинарски култури, тутун, овошје, грозје и некои индустриски производи, а увезува: нафта, земјен гас, автомобили, машини и други индустриски производи.

No comments:
Post a Comment