Мостот |
До овој мост може да се пристигни на два начина по автопатот Скопје -Велес или од Селото Кожле. Првиот начин е полесен оние кој не сакаа да пешачат може по автопатот да се симнат кај црквичката после селото кожле и десно по скалите да се симнат до мостот, Мостот реката и вегетацијата нудат величествена глетка одозгора. Кога ќе се доближите почнува возбудата. Мостот е изграден од дрвен под и е оптегнат на три сајли на нив се прцврстени даски, со секое ваше движење мостот се клати и дрвата крцкаат. Помалку храбрите ќе треба да соберат храброст за да зачекорат по него, адреналинското доживување е загарантирано.
Во непосредна близина во црквата стоеше човек кој продаваше свеќи, започнавме разговор при што ми кажа дека тој лично го изработил мосто и по него е имануван Стојанов мост. Мостот е релативно нови и недоволно познат, лично сметам дека заслужува да се посети, да се помине од едната на другата страна на Пчиња. Во селото Кожле може да ја посетите и црквата вознесение Христово изградена во 1847 година, во чиј двор е погребан македонскиот книжевник Гане Тодоровски. А, во непосредна близина на кожле, оддалечена околу 1,6 км се наоѓа тврдината Маркови Кули, која датира од средниот век
No comments:
Post a Comment