СТРАНИЦАТА Е ПОСТАВЕНА ПРВЕНСТВЕНО НА УЧЕНИЦИТЕ ДА ИМ ГО ОЛЕСНИ СОВЛAДУВАЊЕТО НА ТЕМИТЕ ОД ГЕОГРАФИЈАТА КАКО И ДА СЕ ЗАПОЗНААТ СО СВЕТСКИТЕ ВЕСТИ И ЗАНИМЛИВОСТИ ОД ГЕОГРАФСКИТЕ СОДРЖИ.

Посети

Friday, September 9, 2016

Гран Сасо


Гран Сасо Италија,  преведено како голема камена карпа на Италија, се протега во италјанската регија Абруцо. Гран Сасо има околу 35 км должина со правец на протегање  северозапад-југоисток, лоцирана во  близина на градот Л'акуила и 132 км оддалечен од Рим. Апенините се делат на три дела Северни Средни и Јужни Апенини.  Гран Сасо се протега во централниот дел на  Апенините. Гран Сасо е највисоката планина на Аплите со врвот Корно Гранде



Thursday, September 8, 2016

8 Септември Државен празник


8 Септември - Државен празник.  Ден на независноста на Македонија . Празникот ја означува сувереноста, независноста и самостојноста на Македонија. Среќен празник



Saturday, August 13, 2016

Кукова планина (Aoraki / Mount Cook)

Највисок врв  во Нов Зеланд е Маунт кук  на Маорски планината го носи името на митолошкиот јунак Аораки. Првиот европски морепловец што ја открил планината бил Абел Тасман. Во 1851 година планината го добила англискиот назив Моунт Кук, кога капетанот Џон Лорт Стоукс ја именувал во чест на славниот морепловец Џејмс Кук.
Височината на оваа планина достигнува 3.754 м. Според најновите мерење во 2004 година врвот на планината се смета дека бил намален околу 30 м, но и покрај тоа останува највисокиот врв во Нов Зеланд

Thursday, August 11, 2016

Прокошко езеро Босна


Прокошко е ледничко езеро кое се наоѓа на надморска височина од 1660 метри. Лоцирано е на планината Враница, 22 километри од центарот на градот Фојница, Бих, помеѓу долината на реката Врбас и долината на реката Босна. Котлината на езерото лежи во зона на магматит. Површината на сливот на езерото изнесува 48 330 м/2. Максималната должина е 426 м максималната ширина е 191,3 а 113,4 м е псросечната ширина. Просечната длабочина на езерото е 5,7 м, а максимална 13м. 



Monday, July 4, 2016

Легенди за локалитетот Кукуље


Локалитетот Кукуље, во село Нов Истевник, Делчевско преставува природна реткост, овој локалитет располага со природни раритети, исторска знаменитост во непрегледна борова и дабова шума, покрај природни ивори со здрава и питка вода. За потеклото на Кукуље постои легенда, во која се раскажува  дека имало свадба, на која кога сватовите оделе по невестата сретнале просјак, кој побарал да биде почестен со ракија. Но, тие наместо да го почестат, почнале да го исмејуваат. Но се кажува дека тоа не бил обичен просјак, туку Господ, кој сакал да ја искуши чесноста на луѓето. Кога увидел колку се нечовечни, тој ги закукулил. Така останале сватовите закукулени, едни до други



Friday, July 1, 2016

Лејк дистрикт најголемиот британски национален парк

Национален парк Лејк Дистрикт е едно од најубавите места за посета во Британија.
Паркот зафаќа површина од 216.500 хектари Тоа е прекрасно место за шетачи и љубители на водените спортови. 
Областа околу Лејк Дистрикт опфаќа површина од 30 квадратни километри како и соединение од 16 езера. Езерото Бесентвејт е несомнено едно од најубавите области во цела Англија.  Тука има одлични услови покрај пешачењето и за возење велосипед

Tuesday, June 21, 2016

Дали сте знаеле

Дали сте знаеле која е најотровната печурка во Македонија?
Најотровна печурка во Македонија е зелената пупавка

Saturday, June 11, 2016

Дали сте знаеле

Дали сте знаеле дека државата Бразил го добила името по ореово дрво.


Thursday, June 9, 2016

Најголемиот фјорд во Норвешка

Согне Фјорд најголемиот и најпознатиот фјорд во Норвешка и трет најголем фјорд во светот . Пошто првите два најголеми фјордови се поркиени со мраз ,Согне фјорд е најдолгиот фјорд кој не е покриен со мраз. Се наоѓа во Западна Норвешка и има должина од 205 км од океанот до малото село Скјолдево округот Лустер. Името го добилпо традиционалниот округ Согн, кој го покрива јужниот дел на државата.. Дел од Согне фјордот е запишан во листата на УНЕСКО  

Friday, May 27, 2016

Географија 6 (50 прашања од екстерно)

Дел од прашањата за  екстерно по Географија 6 Одделение  (2016 год)     ТУКА

Thursday, May 26, 2016

Долина на спомениците Колорадо

Долината на спомениците 
е предел во Колорадо чии најзначајни одлики се големите карпи каде најголемата  достигнува височина од 300 м над површината. Се наоѓа на северната граница Ариозна и јужната на  на државата Јута


Wednesday, May 25, 2016

Дали сте знаеле

Дали сте знаеле дека најгласниот инсект во светот е Африканскиот Штурец

Tuesday, May 24, 2016

Државен празник

24 МАЈ ДРЖАВЕН ПРАЗНИК- Ден на сесловенските просветители и учители

Sunday, May 22, 2016

На денешен ден 22 мај

На денешен ден  22 мај во 1972 година Цејлон станува Република Шри Ланка


Friday, May 20, 2016

Највисоката точка на Антартикот

Највисокиот врв на Антартикот е Винсонов Масив со височина од 4.892 м. Масивот се наоѓа на 1.200 ким од јужниот пол, долг е 21 км и има ширина од 13 км. Името го добил во 2006 година во чест на американскиот конгресмен Карл Винсон .
Масивот е забележан во 1958 и прв пат бил освоен во 1996 година. До февруари 2010 г планината се обиделе да ја искачат вкупно 1.400 планинари.



Thursday, May 19, 2016

Најјужниот активен вулкан на земјата

Планината Еребус на Атартикот се наоѓа најјужниот активен вулкан на земјата. Висок е 3.794 м и се наоѓа на Росовиот остров кои преставува дом на многу неактивни вулкани пред се лоцирани на планината Терор/

Вулканот е непрекинато активен од 1972 година и преставува место каде се наоѓа еребушка вулканска опсерваторија "ново мексички институт за рударство и технологија.
Планината Еребус во 1841 година ја открил поларниот истражувач Џејмс Кларк Рос. Росовите бродови се нарекувале Еребус и Терор



Tuesday, May 10, 2016

Вежби


Вежби за Атмосфера и Хидросфераза 6 одделенеие Географија  Т У К А

Sunday, May 8, 2016

Перуника


Перуника (лат Iris) спаѓа во групата на луковичести растенија, но се одгледуваат и како повеќегодишни землјести растенија. Потекнува од медитеранот, Средниот исток и од северна Африка од каде што се проширила низ цела Европа освен на крајниот север. Позната е од времето на старите Египѓани, каде што употребува за правење на мириси. Домашното име го добил од словенскиот бог Перун. Се верувадека на местото каде што ќе удри гром  расте перуника со исклучително привлечни и прекрасни бои. Има повеќе вариетите и многу сорти кои се употребуваат во хортикултурата