СТРАНИЦАТА Е ПОСТАВЕНА ПРВЕНСТВЕНО НА УЧЕНИЦИТЕ ДА ИМ ГО ОЛЕСНИ СОВЛAДУВАЊЕТО НА ТЕМИТЕ ОД ГЕОГРАФИЈАТА КАКО И ДА СЕ ЗАПОЗНААТ СО СВЕТСКИТЕ ВЕСТИ И ЗАНИМЛИВОСТИ ОД ГЕОГРАФСКИТЕ СОДРЖИ.

Посети

Showing posts with label Планински врвови. Show all posts
Showing posts with label Планински врвови. Show all posts

Wednesday, October 28, 2020

Титиов врв

Титиов врв, уште е познат како Турчин или Шар е меѓу најубавите, а воедно и највисок врв на Шар Планина и втор по височина во Република Македонија. Изграден е од мезозојски варовници, доста распукан и оголен. Инаку има пирамидална форма. Околу самиот врв, поради силно мразно разорување се јавуваат камени реки и сипари. Северозападно од врвот е изворот на р. Пена на која се протега преубав видик, а јужно се наоѓаат неколку глацијални езера меѓу кои најинтересните се Белото и Боговинското 
езеро. 

Sunday, March 1, 2020

Највисокиот врв на Антартикот

Врвот Винсон е највисокиот  врв на Антартикот. Врвот е висок 4.892 метри. Највисоката точка на Антартикот се наоѓа во северниот дел на Винсон масивот. Винсот масивот е голем масив чија должина изнесува 21 метри а, ширина достигнува 13 км. Винсон масивот е откриен  во јануари 1958 од страна на американските  војници.


Monday, August 6, 2018

Суур Мунамаги

Суур Мунамаги преставува највисокиот врв во Естонија. Достигнува 318 метри над нивото на морето.  Врвот се наоѓа во југоисточниот дел на Естонија, блиску до границата со Латвија, односно Русија. Името Суур Мунамаги означува  планина големо јајце. Суур Мунамјаги преставува и највисок врв помеѓу балттичките земји.

Tuesday, May 8, 2018

Риси

Риси преставува планина на високите Татри, сместени на самата граница помеѓу  Словачка и Полска. Риси има три врва северозапападниот врв  Риси кои има 2499 метри е највисок врв во Полска другите два врва се на Словачката страна.
Риси преставува највисокиот врв на Татрите, тој е достапен за индивидуални туристи без водич.

Wednesday, January 17, 2018

Највисокиот врв на Грендланд


Гунбјор  со своите  3694 метри преставува највисокиот врв во Гренланд. Се наоѓа на планината Уоткинс на источниот брег на островот. Именуван е според Гунбојрн Улфсон, кој според легендата го откива овој врв околу 875 година.

Tuesday, December 26, 2017

Највисоката снежна планина во Украина

Ховерла преставува врв на Карпатите со надморска височина од 2 061 метри истовремено e  iнајвисока точка во Украина. Овој врв е лоциран во источните делови на Бескидите ( назив на низа планини во Чешка, Словачка, Полска и Украина) во областа Чорногора. На источните падини извира реката Прут , притока на реката Дунав. 
Овој врв претавува предизвик за голем алпинистиод Украина и поширокиот регион.


Thursday, November 3, 2016

Гросглокнер

Гросглокнер со височина од 3898 м надморска височина е највисоката планина во Австрија. Гросглокнер лежи на границата помеѓу Корушка и Источен Тирол. Карактеристичниот пирамидален облик на врвот всушност се соостои од два врва , Гросглокнер и Клајнглокнер, кои се раздвоени со гросглокнер тесен превој.Потеклото на името не е откриено постои претпоставка дека името потекнува од германскиот збор глоцке (sвоно) поради обликот  а другата е дека потекнува од словенскиот збор Клек =Планина

Tuesday, November 1, 2016

Највисок врв во Турција

Грбот на Ерменија
Највисок врв во Турција преставува голем Арарат (5137 м) Според библијата во горите Арарат застанала барката на пророкот Ное откако стивнал Светскиот потоп. Арарат птеставува заспан вулкански масив покрај највисокиот врв Голем Арарат има уште еден врв Мал Арарат со височина од 3.896 м. Планината завзема сначајно место во ерменската култура и големоерменските идеи, и е преставена на грбот на Ерменија.
Арарат се наоѓа во областа Источна Анадолија помеќу реките Аракс и Мурат. Врвот е сместен 16 км западно од турско иранската граница и 32 км од турско ерменската граница. Од северозападната до западната страна на масивот се протега Араратската рамница




Friday, September 9, 2016

Гран Сасо


Гран Сасо Италија,  преведено како голема камена карпа на Италија, се протега во италјанската регија Абруцо. Гран Сасо има околу 35 км должина со правец на протегање  северозапад-југоисток, лоцирана во  близина на градот Л'акуила и 132 км оддалечен од Рим. Апенините се делат на три дела Северни Средни и Јужни Апенини.  Гран Сасо се протега во централниот дел на  Апенините. Гран Сасо е највисоката планина на Аплите со врвот Корно Гранде



Saturday, August 13, 2016

Кукова планина (Aoraki / Mount Cook)

Највисок врв  во Нов Зеланд е Маунт кук  на Маорски планината го носи името на митолошкиот јунак Аораки. Првиот европски морепловец што ја открил планината бил Абел Тасман. Во 1851 година планината го добила англискиот назив Моунт Кук, кога капетанот Џон Лорт Стоукс ја именувал во чест на славниот морепловец Џејмс Кук.
Височината на оваа планина достигнува 3.754 м. Според најновите мерење во 2004 година врвот на планината се смета дека бил намален околу 30 м, но и покрај тоа останува највисокиот врв во Нов Зеланд

Tuesday, September 1, 2015

Највисокиот врв во Севрна Америка го менува името

При историската посетата на американскиот претседател во Аљаска, објави дека името на највисокиот врв на континентот  ќе се именува со името Денали. Барак Обама го враќа старото име на највисокиот врв во С Америка и наместо Меккинли,  ќе се вика Денали. Врвот во Аљаска го врача претходното име за овој врв. Данели се преведува како "високо" или "огромно".Локалното население масовно го користат името Денали, иако неговото официјално име е именувано според 25 тиот претседател на САД вилијам Мекинли, но месното население продолжува врвот да го именува со старото име Денали. Оваа промена Барак Обама ја најави при тридневната посетата на Аљаска на конференцијата посветена за глобални лидерство на Арктикот, организирана од Стејт департментот во Енкориџ. можеби ова е крај на историскиот спор за името на највисокиот врв во Севрна Америка Денали-Меккинли



Sunday, August 23, 2015

Скандинавски планини Галдхепинген

Скандинавските планини претставувват планински венец што се протегаат вдолж скандинавскиот полусотров. Западните планини нагло се спуштаат кон севрното  и норвешкото море, образувајќи ги познатите норвешки фјордови додека во североисточниот дел благо се спуштаат кон Финска. Планините не се многу високи, но на места се многу стрмни. Највисока е Галдхепинген 2469 м во јужна Норвешка.На Шведска страна највисок врв е Кебнекајсе со  2104  а во Финска највисока е Халти 1238 м. Во подрачјето има многу ледени полиња и глечери благодарение на северната географска положба и влагата од  а океанот. Скандинавските планини го сочинува геолошка целина со планини од Шкотска, Ирска и преку атлантикот со Апалачките планини  со Северна Америка. Стручните лице сметаат дека тие образувале еден венец пред разделувањето на суперконтинентот Пангеја. Сегашните планини се остаток од т.н Каледонски планини, тие се еден од најстарите планински веннци во светот

Thursday, July 2, 2015

Елбрус

Елбрус е највисокиот врв во Русија , се наоѓа во северниот дел на планинскиот венец Голем Кавказ. Поделено е мислењето дали Елбрус е највисокиот врв во Европа , или пак највисок во западна Азија. Височината на врвот Елбрус достигнува 5.621 м. 
На територијата на Елбрус има национален парк да се заштити природните реткости на Кабардино-Балкарија- Русија.
Денес ова место е многу популарно и како скијачко одморалиште, несомнено целата регија изобилува со фантастички планински пејзажи, специфична флора, фауна тоа е причината што Елбрус привлекува авантуристи љубители на планината , од сите делови на земјата.
Екохотел-на врвот Елбрус
Научниците се убедени дека во историјата на планината имало две големи ерупции, истражувањата го потврдуваат тоа. Анализата на вулканскиот пепел покажува дека првата ерупција се случила околу 45 илјади години ,а авториот пред околу 40 илјади години.
Иако плени со својата убавина и височина искачувањето  на овој врв е релативно лесно, освојувањето не бара исклучителни вештини како на пример при освојувањето на Еверест. До 4.000 м има умерено падини на планините а потоа почнуваат посериозните искачувања






Monday, June 29, 2015

Највисокиот врв на балканот

Врвот Мусала е највисокиот врв на Балканскиот полуостров. Овој врв е лоциран на планината Рила во Република Бугарија Височината на овој врв изнесува 2925м, и покрај тоа што  Р. Бугарија има голем број врвови со над 2000 метри височина како на пример: 
  • Голема Сјуткја 2186 м
  • Голем Перелик 2191 м 
  • Черни врв 2290м  

но врвот Мусала  претсавува највисокиот врв во Бугарија и највисокиот врв на  Балканскиот полуостров.  Врвот Мусала е повисок за 8м   од врвот Олимп кој се наоѓа во Р. Грција.
Во близина на на овој врв се наоѓа и познатиот туристички центар Боровец или околу 80 км од главниот град на Бугарија- Софија. Постојат повеќе легенди за името Мусала според етимологијата на зборот најприфатливо е дека името произлегло од Мус Аллах или место за молитва "врв за молитва" името е дадена за времето на владеењето на турците на балканскиот полуостров. Исто така името на овој врв во периодот од 1949 година до 1962 година се нарекувал "Сталин "по името на советскиот диктатор Јосиф Сталин. Просечната годишна температура на Мусала е -3  степени целзусови што ја прави најладното место на балканот. Во просек 254 денови во годината врвот Мусала е покриен со снег.
  Туризмот на планината Рила и освојување на највисокиот врв на Балканот е голем предизвик за огромен број планинари не само од Р.Бугарија тука од целиот Балкан и пошироко
.На северозападниот дел од оваа планина се наоѓаат т.н седумте рилски езера, со што освен големиот предизвик на освојувањето на врвот Мусала езерата ја збогатуваат љубопитноста  кај планинарите и љубителите на природата. Врвот Мусала годишно го  посетуваат
50 илјади туристи

.

Thursday, June 18, 2015

Бен Невис

Бен невис е највисокиот врв на Британските острови. Се наоѓа на западниот дел на Грампијанските планини. Има височина од 1.344м, со тоа  Бен Невис претставува популарна туристичка атракција со околу 100 илјади посетители годишно.Околу Бен Невис има неколку ридови со надморска височина од 700 м, и на нив најчесто се искачуваати ентузијасти и професионални планинари од сите возрасти.На местото каде што порано постоел активен вулкан, отворена била опсерваторија која активно работела од 1883 до 1904 година. Нивните метеоролошки истражувања била многу важни како би се откриле климатските појави во Шкотска. Физичарот Чарлс Вилсон бил инсириран да ја конструира познатата Вилсонова комора.


Saturday, June 13, 2015

Цугшпице


Цугшпице преставува највисокиот врв на масивот Ветерштајн, Баварски Алпи истовремено преставува највисокиот врв во Германија со надморска височина од 2.962 метри. 
Се наоѓа на границата помеѓу Германија и Австрија. Прекрасно место каде може да се најде спокојство помешано со возбуда. 
Цугшпице прв пат бил искачен на 7 август 1820 година од страна на Јозеф Наус неговиот помошник Мајер и водичот Јохан Георг Таушл. Три жичници водат до врвот Цугшпице.
Искачување со жичарница нуди  спектакуларен поглед кон езерото Eibsee.











Tuesday, June 2, 2015

К- 2

К2  е втора највисока планина на земјата, сместена во масивот Каракорум од планинскиот венец Химелаи. К2 е пониска само од Монт Еверест. Пакистанците тврдат дека висината на планината е 8.884 метри. Врвот К2 се наоѓа на границата помеѓу автономниот округ Ташкурган  кој е дел од Сјинџанг, Кина, и северните територии на Пакистан. Овој регион е спорен, бидејќи и Индија исто така тврди дека тој е интегрален дел од индиската држава Џаму и Кашмир. Моментално К2 е под пакистанска управа. Планината првпат била истражена од европски истражувачки тим во 1856 година предводен од Хенри Хевершим Годвин-Остен. Томас Монтгомери бил член на тимот кој го нарекол К2 заради тоа што бил вториот откриен врв на масивот Каракорум. Кинеските власти К2 официјално го нарекуваат Ќогир други називи се
  • Монт Годвин Остен, 
  • Ламба Пахар- Висока планина,
  • Дапсанг,Кечу 
  • Чогори- Крал на планините