СТРАНИЦАТА Е ПОСТАВЕНА ПРВЕНСТВЕНО НА УЧЕНИЦИТЕ ДА ИМ ГО ОЛЕСНИ СОВЛAДУВАЊЕТО НА ТЕМИТЕ ОД ГЕОГРАФИЈАТА КАКО И ДА СЕ ЗАПОЗНААТ СО СВЕТСКИТЕ ВЕСТИ И ЗАНИМЛИВОСТИ ОД ГЕОГРАФСКИТЕ СОДРЖИ.

Посети

Sunday, June 7, 2015

Голак

Планина Голак
Голак се наоѓа меѓу Делчевската котлина од исток и Кочанската котлина на запад. Од север се спушта до реката Брегалница која прави еден голем лак околу оваа планина. На југ продолжува како Обозна планина која од Плачковица е одделена со Калуѓерска река и превалот Обозна. Планинскиот масив зафаќа  12 800 ха, спаѓа во средно високи планини
 Највисок врв на Голак е врвот Чавка - 1538 метри и оддалечен е од Делчево 12 км, а на Обозна највисок врв е Јастребец 1273 метри. 
Планината Голак го носи епитетот воздушна бања, бидејќи воздухот е многу чист, а климатските услови се благи.  Голак преставува популарна дестинација за викенд посети на делчевчани и и на гости од другите градови кои често одмараат на Голак до планината се стигнува по асфалтен пат. Секоја година на 8-ми и 9 -ти Август во чест на празникот Пантелејмон на планината Голак, кај истоимениот манастир Св Пантелејмон се одржуваат Голачки фолклорни средби кои има интернационален карактер. Инаку Голачките фолклорни средби е манифестација со ревијален карактер, а настапите на изворните инструменти, старите уникатни носии, играорците ги селдат неколку илјади граѓани

No comments:

Post a Comment