СТРАНИЦАТА Е ПОСТАВЕНА ПРВЕНСТВЕНО НА УЧЕНИЦИТЕ ДА ИМ ГО ОЛЕСНИ СОВЛAДУВАЊЕТО НА ТЕМИТЕ ОД ГЕОГРАФИЈАТА КАКО И ДА СЕ ЗАПОЗНААТ СО СВЕТСКИТЕ ВЕСТИ И ЗАНИМЛИВОСТИ ОД ГЕОГРАФСКИТЕ СОДРЖИ.

Посети

Tuesday, June 2, 2015

К- 2

К2  е втора највисока планина на земјата, сместена во масивот Каракорум од планинскиот венец Химелаи. К2 е пониска само од Монт Еверест. Пакистанците тврдат дека висината на планината е 8.884 метри. Врвот К2 се наоѓа на границата помеѓу автономниот округ Ташкурган  кој е дел од Сјинџанг, Кина, и северните територии на Пакистан. Овој регион е спорен, бидејќи и Индија исто така тврди дека тој е интегрален дел од индиската држава Џаму и Кашмир. Моментално К2 е под пакистанска управа. Планината првпат била истражена од европски истражувачки тим во 1856 година предводен од Хенри Хевершим Годвин-Остен. Томас Монтгомери бил член на тимот кој го нарекол К2 заради тоа што бил вториот откриен врв на масивот Каракорум. Кинеските власти К2 официјално го нарекуваат Ќогир други називи се
  • Монт Годвин Остен, 
  • Ламба Пахар- Висока планина,
  • Дапсанг,Кечу 
  • Чогори- Крал на планините 

No comments:

Post a Comment