СТРАНИЦАТА Е ПОСТАВЕНА ПРВЕНСТВЕНО НА УЧЕНИЦИТЕ ДА ИМ ГО ОЛЕСНИ СОВЛAДУВАЊЕТО НА ТЕМИТЕ ОД ГЕОГРАФИЈАТА КАКО И ДА СЕ ЗАПОЗНААТ СО СВЕТСКИТЕ ВЕСТИ И ЗАНИМЛИВОСТИ ОД ГЕОГРАФСКИТЕ СОДРЖИ.

Посети

Monday, August 24, 2015

Демиркаписка клисура

Демиркаписка клисура- една од најубавите клисури во Република Македонија. Демиркаписката клисура се наоѓа на Р Вардар, таа е именувана според градот Демнир Капија. Должината на клисурата изнесува 31,5 км сместена од утоката на Бошава до селото Удово. Со оваа должината таа е најмала во споредба со другите клисури на Вардар. Оваа клисура е планинска, од источната страна е заградена со Серта и Градишка планина,  а од запад со Краставец и Кожуф. Во ова клисура се чуствува влијанието на средоземноморска клима. Како резултат на влијанието на климата, клисурата е всушност еден од орнитолошки резервати во Европа според бројот на ретките птици грабливки- белоглавиот мршојадец, египетскиот мршојадец, златниот орел, орелот змијар, лисестиот глувчар, како и разни  видови на соколи, ретки видови на лилјаци и уште 148 други видови на птици. Тука се среќаваат и многу видови на диви животни како што се лисица, волк, круна, зајак и јазовец а, во Вардар живее најголемата риба сом. Во оваа клисури има 13 пештери од кој најпознати се Бела Вода и Змејовец

No comments:

Post a Comment