СТРАНИЦАТА Е ПОСТАВЕНА ПРВЕНСТВЕНО НА УЧЕНИЦИТЕ ДА ИМ ГО ОЛЕСНИ СОВЛAДУВАЊЕТО НА ТЕМИТЕ ОД ГЕОГРАФИЈАТА КАКО И ДА СЕ ЗАПОЗНААТ СО СВЕТСКИТЕ ВЕСТИ И ЗАНИМЛИВОСТИ ОД ГЕОГРАФСКИТЕ СОДРЖИ.

Посети

Wednesday, August 26, 2015

Сокотра

Сокотра е мал архипелаг составен од 4 острови во Индискиот океан. Се наоѓа на 240 км источно од рогот на Африка и 380 км од Арапскиот полуостров. Сокотра  е многу изолиран една третина од животинскиот ирастителниот свет кој ги има тука се ендемични. Многупати е опишан како највонземјанското место на земјата.Сократ припаѓа на Република Јемен.Климата е тропска пустинска и полупустинска. Просечна годишна температура е над 18 степени. Островот се одликува со најбогат биодиверзитет на арапското море.Долгата геолошка изолација и неподносливата жештина и суша се усогласиле создавајќи единствена спектакуларна ендемска форма. Една од највпечатливите растенија на Сокотра е змејското крваво дрво Dracaena Cinnabri има чудесен облик и изглед како отворен чадор. Лачи темно црвена боја што потсетува на крвта на змејовите од приказните.Други ендемични видови се гиганското дрво Dorstenia Gigas и ретката калина punika protopunika. Островот е признат како светко природно наследство од УНЕСКО во
2008 година

Повеќе

No comments:

Post a Comment