Ѓаволски водопад од Валандово е оддалечен 16, 5 км. и се наоѓа на надморска височина од 580 м. Ѓаволскиот водопад како и останатите има тектонско потекло, а е изграден на Калдрма Дере (Калдрма Река) или попознато како една од притоките кои ја формираат Башибоска Река. Вкупниот вертикален отсек на водопадот изнесува 19 метри. Самиот водопад има изградено џиновски лонец со димензии 2,7м ширина и 6,5 м должина, додека вкупната длабочина измерена при теренските истражувања изнесува 2,5 метри. Во текот на летниот период протокот на Калдрма Дере е минимален додека во текот на пролеттниот период протокот се зголемува за неколку пати. Поради големиот проток кој што го има реката во текот на овој период како и поради силната бучава која што се создава при падот на водата, така го добил и името Ѓаволски Водопад.
No comments:
Post a Comment