СТРАНИЦАТА Е ПОСТАВЕНА ПРВЕНСТВЕНО НА УЧЕНИЦИТЕ ДА ИМ ГО ОЛЕСНИ СОВЛAДУВАЊЕТО НА ТЕМИТЕ ОД ГЕОГРАФИЈАТА КАКО И ДА СЕ ЗАПОЗНААТ СО СВЕТСКИТЕ ВЕСТИ И ЗАНИМЛИВОСТИ ОД ГЕОГРАФСКИТЕ СОДРЖИ.

Посети

Thursday, March 24, 2016

Постојнска јама

Постојнска јама (пештера) е најголемата пештера во Словенија. Постојнската јама е една од најголемите геолошки атракции во Словенија. Представува 20.570 метри долга системска пештера. Во тој систем спаѓаат уште и Отошка, Магдаленината, Джрна и Пивка пештерата. Овој систем на пештери настанал под влијание делумно од понорницата на реката Пивка, која во својот тек последните 2 милиони години, го образувала неговиот сегашен изглед и форма. Во внатрешноста на пештерата температурата е константна и изнесува од 8 степени Ц до 10 Степени Ц. Најголема длабочина на Постојнската јама изнесува 115 метри. Постојнската пештера е богата со биолошки врсти во подземниот свет. Најпозната е човечка рибица . Тоа е впрочем околу 20 цм долг водоземец, сличен на гуштер со закржлавени нозе и без очи. Името е добиено по бојата на кожата која е многу слична на човечката. Судејќи според натписите во пештерата, првите посетители имало дури од 13 век.. Откриена е далечната 1818 година кога сличајно ја пронашол еден  селанец. Веќе следната година Постојнската јама  ги примила првите  посетители туристи.Во 1872 година во јамата се поставени железнички шини а во 1884 година била осветлена со факаели и керозин светилки а подоцна биле заменети со електрични светилки. Постојнската јама и денес единствената пештера во светот каде при разгледувањето  поминувате со воз. За туристите е отворено околу 5300 метри од пештерата. Постојнската јама до сега ја виделе околу 31 милион посетител што ја прави најпосетуваната туристичка пештера во Европа



No comments:

Post a Comment