СТРАНИЦАТА Е ПОСТАВЕНА ПРВЕНСТВЕНО НА УЧЕНИЦИТЕ ДА ИМ ГО ОЛЕСНИ СОВЛAДУВАЊЕТО НА ТЕМИТЕ ОД ГЕОГРАФИЈАТА КАКО И ДА СЕ ЗАПОЗНААТ СО СВЕТСКИТЕ ВЕСТИ И ЗАНИМЛИВОСТИ ОД ГЕОГРАФСКИТЕ СОДРЖИ.

Посети

Friday, March 25, 2016

Пивско езеро (Piva Lake) Црна Гора (Montenegro)

Пивско езеро е вештачко езеро во Црна Гора. Се наоѓа во северозападните делови на земјата во општина Плужина. Површината на ова езеро изнесува 12,5 км/2, должината е 45 км, а најголема длабочина 188.м. Надморската височина изнесува  675 м, што го прави најголемото вештачко езеро во Црна Гора. Езерото настанало со преградувањето на кањонот на реката Пива со изградба на висока бранаод 220 м. Изградбата на браната започнала 1967 година и завршена е во 1975 година. Езерото се користи за потребите на хидроцентралата Пива и прествува главни енергетски потенцијал на земјата.Пивското езеро преставува езеро со најпитка вода на Балканот. . Езерото има зеленкасто-сина боја, и претставива едно од најибавите локалитети во регионот, и покрај тоа што не е природно. Неговата убавина се истакнува по многу нешта чудесниот кањон на реката Пива, како и чистата природа. Езерото е пловно преку целата година, температурата за бањање во лето е поволна, водата е бистра и чиста што овозмошува развој на различни водени спортски активности како што е риболовот.

No comments:

Post a Comment