Маражо претставува речен остров (Ада) лоциран на делтата на реката Амазон. Оваа флувијална акумулациона формација претставува дел од територијата на државата сојузната држава Пара (Бразил). Кординатите на овој остров се 0°58'43''N и 49°34' 54''W Вкупната површина на островот изнесува 48.000 км/2. Број на жители на О. Маражо изнесува околу 250.000 жители. Главе центар е Соре, во него се лоцирани најголем број државни институции, голем број туристичко угостителско објекти итн. Најголем број туристи се заинтересирани за т.н порокуку бранови. Најголем дел од населението е населено во источните делови на островот, овде може да се забележат бројни диви биволи кои слободно шетаат по улиците на градовите. Островот е привлечен поради голем број водотеци, туристите најчесто во чамци се движат околу, разгледувајќи различни видови животни како папагали, снежно бели чапји, огромни штркови и многи подводни животни како пирани и многу други Маражо е покриен со бујна тропска вегетација на запад и саваните во источните делови на островот. Најдобар период за посета на островот е меѓу јуни и октомври
No comments:
Post a Comment