- ПРЕТКАМБРИУМСКА
ЕРА
- Родопската Зона, Вардарскат Зона и Пелагонискат Зона претставувале остров-копно во некогашното море Тетис, а Западно Македонската Зона била под вода на морето и била составен дел на Динарската гео-синклинала (во која се вршело интензивно таложење-седиментација, на материјал и од која подоцна ќе се кренат младите верижни планини во западниот дел на Балканскиот Полуостров.)
- Среќаваме карпи од магматско и метаморфно потекло
- ПАЛЕОЗОЈСКА ЕРА
Ø Во стариот палеозоик
доаѓа до кршење на копното, при што се формирал голем тектонски ров, односно
започнало формирањето на Вардарската зона, која била потопена со вода од морето
Тетис
Ø Во младиот палеозоик
настанува издигнување на копното во цела Македонија, а со тоа започнува
издигнување и на дел од планините во ЗМЗ (особено во нејзиниот источен дел).
Ø Поради издигањето на копното, во слоевите од овој период не се забележува
таложење на седименти, што, најверојатно е и причината за немањето на
квалитетни јагленосни басени
Ø Во делови од Македонија, особено во Источна Македонија се среќаваат големи
излевања на гранитна магма (Огражденски и Делчевски гранитен масив)
- МЕЗОЗОЈСКА
ЕРА
Ø ТРИЈАС: Доаѓа до трансгресија, со што, поголем дел од ВЗ и ЗМЗ биле под вода, а
само РЗ и ПЗ претставувале копно. Во овој период, околу Велес и делови од
Западна Македонија, среќаваме седиментни карпи со црвена боја, што укажува на
тоа дека тогаш во Македонија владеела тропска клима.
Ø ЈУРА: Кон крајот на тријас и почетокот на јура доаѓа до кревање на копното, со
што, само мали делови од Македонија биле под вода (делови од ВЗ и ЗМЗ). Во овој
период климата во Македонија била доста влажна и топла, поради што на овие
простори живееле и диносаурусите.
Ø КРЕДА: Во овој период доаѓа до голема трансгресија и потопување на цела ВЗ и ЗМЗ,
и делови од РЗ и ПЗ. За време на овој период, во потопените области се врши
интензивна седиментација, па затоа денес среќаваме големи наслаги на варовници.
- КЕНОЗОЈСКА ЕРА
ТЕРЦИЕР:
Ø ПАЛЕОГЕН: Поради големата трансгресија биле поплавени големи простори во
Македонија со т.н. Палеогенско Море. Сите денешни котлини биле под вода.
Ø НЕОГЕН: Во овој период, со интензивни тектонски движења, доаѓа до пропаѓање
на дното на Егејското Море, со што, започнува повлекување на Палеогеното Море.
Водата полека се повлекувала, така да сите денешни котлини во тој период
претставувале езера. Кон крајот на терциер и почетокот на квартер истекле сите
езера, а остатоци останале денешните тектонски езера (Охридско, Преспанско и
Дојранско Езеро).
Ø Во периодот на терциер среќаваме и интензивни вулкански активности на
подрачјето на денешните вулкански области: Кратовско-злетовската, Кожуфската и
Мариовско-кајмакчеланската област).
КВАРТЕР:
Ø Во епохата на дилувиум, повисоките планини во Македонија биле зафатени од
процесот на глацијација (замрзнување) и биле прекриени со ледници. Глацијални
релјефни форми во вид на циркови, валови и моренски материјал среќаваме на
повеќе планини, како: Шар Планина, Кораб, Дешат, Бистра, Стогово, Караорман,
Јабланица, Галичица, Баба Пл., Јакупица, Ниџе, Кожув и Осоговските Планини.
No comments:
Post a Comment