СТРАНИЦАТА Е ПОСТАВЕНА ПРВЕНСТВЕНО НА УЧЕНИЦИТЕ ДА ИМ ГО ОЛЕСНИ СОВЛAДУВАЊЕТО НА ТЕМИТЕ ОД ГЕОГРАФИЈАТА КАКО И ДА СЕ ЗАПОЗНААТ СО СВЕТСКИТЕ ВЕСТИ И ЗАНИМЛИВОСТИ ОД ГЕОГРАФСКИТЕ СОДРЖИ.

Посети

Wednesday, June 24, 2020

Романија

ГЕОГРАФСКА ПОЛОЖБА И ГОЛЕМИНА


    Романија е средноевропска земја, која на исток излегува на Црно Море, а граничи со 5 држави, и тоа: Молдавија на исток, Украина на север, Унгарија и Србија на запад и Бугарија на југ. Во овие граници зафаќа површина од околу 240 000 км². 


 ПРИРОДНО-ГЕОГРАФСКИ ОДЛИКИ
​     Романија се одликува со сложена релјефна структура. Од Планините се издвојуваат Карпатите, кои во јужните ограноци се нарекуваат Трансилвански Алпи. Тоа се млади верижни планини, со голем број на врвови над 2 000 м н.в. Втора релјефна целина е Трансилванија која е всушност висорамнина, таа е уште позната и по името Ердељ. Исто така во Романија се застапени и неколку пространи низини, тоа се: Влашката, Молдавија, Добруча и Банат.
     Климата на планинските предели е планинска, со долги и снежни зими, а на пониските места е континентална. Кон Црното Море, односно околу брегот е застапена медитеранска клима.
     Од реките најзначајна е реката Дунав. Другите реки извираат главно од Карпатите, а поголеми меѓу нив се: Олта, Серет и Прут. Сите реки припаѓаат во сливот на Црно Море.



 НАСЕЛЕНИЕ И НАСЕЛБИ
     Во Романија денес живеат околу 19 500 000 жители, со просечна густина на населеност од 84 ж/км². Од нив 89 % се Романци, а од останатите најзастапени се Унгарците со 6% и Ромите 3 %. Романците се од романската група на народи. Најголем дел од населението се припадници на православната вероисповед.
     Главен град на Романија е Букурешт (речиси 2 милиони жители), а други поголеми градови се: Констанца, Темишвар, Клуж и Крајова.



СТОПАНСТВО
     Романија е богата со природни ресурси, од кои најзначајни се: нафтата и земјениот гас. Од индустриските гранки најразвиени се: петрохемиската, машинската, металургијата, текстилната и прехрамбената. Од земјоделските култури се одгледува: пченка, сончоглед и шеќерна репа. Сточарството е застапено на карпатите. Романија извезува: нафта и нафтени деривати и машини. Туризмот во Романија е во развој, особено на крајбрежјето на Црно Море каде се наоѓа одморалиштето Мамаја во близина на Констанца.

No comments:

Post a Comment