ГЕОГРАФСКА ПОЛОЖБА И ГОЛЕМИНА
Република Хрватска е сместена во западниот дел на Балканскиот Полуостров. Има специфична форма, а се граничи со 5 држави и тоа: Унгарија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Словенија. Југо-западниот дел од државата има долга брегова линија кој што излегува на Јадранското Море. Во овие граници државата зазема површина од околу 56 600 км кв. (126-то место меѓу државите во светот)
БРЕГОВА РАЗГРАНЕТОСТ И РЕЛЈЕФ
Брегот на Хрватска е многу разгранет. Од полуостровите најкарактеристичен е Истра, јужно од него се простира Кварнерскиот Залив, во кој се наоѓаат островите: Крк, Црес и Раб. Јужно од нив се простираат островите: Брач, Хвар, Вис, Корчула, Млет и др.
Во северните делови државата се одликува со низински релјеф. Тоа е делот од Панонската Низина, кој се нарекува Славонија. Кон југ во Хрватска се простираат повеќе планини, кои не надминуваат 1 800 м н.в. а меѓу нив поголеми се: Голема и Мала Капела, Велебит, Динара и Биоково. Тие се составени од варовнички карпи, па според тоа изобилуваат со пештери и карстни полиња.
КЛИМА
Во Хрватска на брегот е застапена медитеранска клима, а на планините планинска. Помеѓу овие два климатски типови и во Панонската Низина застапена е умерено-континентална клима.
ХИДРОГРАФИЈА
Реките во Хрватска припаѓаат на две сливни подрачја. Во Црноморскиот слив припаѓаат реките: Дунав, Драва и Сава, во сливот на Јадранското Море припаѓаат реки со мала должина, од нив позначајнии се: Крка и Цетина.
НАСЕЛЕНИЕ
Денес во Хрватска живеат околу 4 100 000 жители (на 129-то место во светот). Населението во Хрватска се одликува со намален наталитет и висок удел на старо население, што во комбинација со емиграцијата на работоспособното население, доведува до намалување на бројот на жители во државата. Најголем дел од населението се христијани- католици.
6. НАСЕЛБИ
Главен и најголем град во Хрватска е Загреб (со околу 800 000 жители). Други поголеми градови се: Сплит, Ријека и Осиек.
СТОПАНСТВО
Полјоделството е развиено во посеверните пониски предели, а најмногу се одгледува: пченица, пченка, шеќерна репка, сончоглед и друго. Во Хрватска добро развиено е сточарството (говедарство, овчарство и свињарство). Од индустриските гранки застапени се: прехрамбената, текстилната, хемиската и бродоградбената. Особено значајна стопанска гранка е туризмот. Покрај крајбрежјето на Хрватска, голем број на посетители бележи и градот Загреб, како и Плитвичките Езера.
No comments:
Post a Comment