СТРАНИЦАТА Е ПОСТАВЕНА ПРВЕНСТВЕНО НА УЧЕНИЦИТЕ ДА ИМ ГО ОЛЕСНИ СОВЛAДУВАЊЕТО НА ТЕМИТЕ ОД ГЕОГРАФИЈАТА КАКО И ДА СЕ ЗАПОЗНААТ СО СВЕТСКИТЕ ВЕСТИ И ЗАНИМЛИВОСТИ ОД ГЕОГРАФСКИТЕ СОДРЖИ.

Посети

Sunday, May 31, 2015

Река Пена

Река Пена некаде позната и под името Шарска река е најголемата река шарпланинска река после Вардар во полошката котлина.
Извориштето на реката започнува кај месноста Чабриолица и Борислаица високо на Шар Планина, на некаде околу 2 500 метри надморска височина, најпрвин течат две рекички, кои се соединуваат кај селата Вешала и Бозовце. Поминувајќи низ самиот центар на Тетово, таа се спушта во полошко поле, и кај селото Сараќино се влева во Вардар. Реката Пена е долга 29, км. Таа во своето корито прима  други реки од кој најпознати се Караниколска река, Пржина, Вејчка, Лешничка, Бродечка и др.  
На оваа река се наоѓаат 4 мали хидроцентрали, од кои едната е прва хидроцентрала во Македонија.  Во 1979 година, по поројните дождови реката има надојдено и поплавено голем дел од градот Тетово, при што нанела големи штети

No comments:

Post a Comment