СТРАНИЦАТА Е ПОСТАВЕНА ПРВЕНСТВЕНО НА УЧЕНИЦИТЕ ДА ИМ ГО ОЛЕСНИ СОВЛAДУВАЊЕТО НА ТЕМИТЕ ОД ГЕОГРАФИЈАТА КАКО И ДА СЕ ЗАПОЗНААТ СО СВЕТСКИТЕ ВЕСТИ И ЗАНИМЛИВОСТИ ОД ГЕОГРАФСКИТЕ СОДРЖИ.

Посети

Saturday, May 2, 2015

Мајчина Душица -Thymus camphoratus

Мајчината душица е повеќегодишно растение кое расте на сончеви падини, и е висока до 20 см,  и има мали ливчиња и цветови.Цвета во љубичесто плавкаста до бела боја и има многу пријатна миризба. Мајчината душица се собира во време на цветење, по сончево и топло време. Ароматичната билка со нежни цветови и прекрасен мирис уште одамна се користела во народната, но и во научната медицина. Мајчината душица цвета некаде во мај, може во почетокот на јуни во зависност од мвремето , а лековитите својства се наоѓаат во листот и во цветот.Се собира внимателно, да не се уништи цветот и листот, се суши и на тој начин може да се чува преку целата година и подолго.

УПОТРЕБА:Мајчината душица може да се користи во форма на чај, сок и масло.Маслото од мајчина душица е корисно кај мултиплаксклероза, реума, набиеници и опекотини на телото парализа и мозочен удар.Чај или сируп се користат против бронхитис. Пневмонија, ларингит, кашлица, против цревни заболувања, дијареја, за подобрување на апетитот, за жолчка и црн дроб.Мајчината душица има антибактериско дејство и се препорачува да се пие во зимскиот период, против инфекции на дишните патишта.Мајчината душица се препорачува како лек против парализа, нервни болести, епилепсија, алкохолизам, слабокрвност, бледило, зајакнување на нервите, грчави во стомакот, матката, ревматизам и менструални тегоби.Мајчината душица може да се користи како добар зачин.

No comments:

Post a Comment