СТРАНИЦАТА Е ПОСТАВЕНА ПРВЕНСТВЕНО НА УЧЕНИЦИТЕ ДА ИМ ГО ОЛЕСНИ СОВЛAДУВАЊЕТО НА ТЕМИТЕ ОД ГЕОГРАФИЈАТА КАКО И ДА СЕ ЗАПОЗНААТ СО СВЕТСКИТЕ ВЕСТИ И ЗАНИМЛИВОСТИ ОД ГЕОГРАФСКИТЕ СОДРЖИ.

Посети

Friday, May 22, 2015

Длабока река е лева притока на Рибничка река, која пак е десна притока на Радика. Извира под високите врвови на Кораб, формирајќи стрмна долина која претставува единствено место со алпска клима во Македонија . На неа се наоѓа познатиот корабски водопад, највисокиот водопад во Македонија од 136 метри, кој се јавува под врвот Мал Кораб во пролетните месеци со топење на снегот. Реката тече покрај напуштеното село Жужње по клисурата под селата Нистрово и Бибај и потоа се влева во Рибничка река. Кањонот на оваа река влегува во состав на националниот парк Маврово. Во 1952 година проглесено е за струго заштитено подрачје.Изворите на Длабока река се наоѓаат на околу 2500 метри надморска височина, веднаш под врвот Мал кораб.Она што ја прави посебна и привлечна за љубителите  на исконската природна убавина, секако е водопадот кој се формира во горниот тек на реката. Овој водопад со висина од околу 130 метри, е нејвисок  во Македонија.Најдобар период за посета е во текот на месеците јуни и јули, тогаш снегот не претставува голема пречка, а поради неговото топење, водопадот има најмногу вода.Најблиску населено место е с Нистрово, од таму обично се започнува пешачењето кон водопадот. По околу еден час се стигнува до с Жужње, кое е целосно раселено. независно после селото која патека ќе одберете потребни се малку повеќе храброст и авантуристички дух




No comments:

Post a Comment