![]() |
Насловната
Посети
Sunday, October 10, 2021
Најголемиот речен остров во Бразил
Monday, October 4, 2021
ГЕОЛОШКА ЕВОЛУЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА
- ПРЕТКАМБРИУМСКА
ЕРА
- Родопската Зона, Вардарскат Зона и Пелагонискат Зона претставувале остров-копно во некогашното море Тетис, а Западно Македонската Зона била под вода на морето и била составен дел на Динарската гео-синклинала (во која се вршело интензивно таложење-седиментација, на материјал и од која подоцна ќе се кренат младите верижни планини во западниот дел на Балканскиот Полуостров.)
- Среќаваме карпи од магматско и метаморфно потекло
- ПАЛЕОЗОЈСКА ЕРА
Ø Во стариот палеозоик
доаѓа до кршење на копното, при што се формирал голем тектонски ров, односно
започнало формирањето на Вардарската зона, која била потопена со вода од морето
Тетис
Ø Во младиот палеозоик
настанува издигнување на копното во цела Македонија, а со тоа започнува
издигнување и на дел од планините во ЗМЗ (особено во нејзиниот источен дел).
Ø Поради издигањето на копното, во слоевите од овој период не се забележува
таложење на седименти, што, најверојатно е и причината за немањето на
квалитетни јагленосни басени
Ø Во делови од Македонија, особено во Источна Македонија се среќаваат големи
излевања на гранитна магма (Огражденски и Делчевски гранитен масив)
- МЕЗОЗОЈСКА
ЕРА
Ø ТРИЈАС: Доаѓа до трансгресија, со што, поголем дел од ВЗ и ЗМЗ биле под вода, а
само РЗ и ПЗ претставувале копно. Во овој период, околу Велес и делови од
Западна Македонија, среќаваме седиментни карпи со црвена боја, што укажува на
тоа дека тогаш во Македонија владеела тропска клима.
Ø ЈУРА: Кон крајот на тријас и почетокот на јура доаѓа до кревање на копното, со
што, само мали делови од Македонија биле под вода (делови од ВЗ и ЗМЗ). Во овој
период климата во Македонија била доста влажна и топла, поради што на овие
простори живееле и диносаурусите.
Ø КРЕДА: Во овој период доаѓа до голема трансгресија и потопување на цела ВЗ и ЗМЗ,
и делови од РЗ и ПЗ. За време на овој период, во потопените области се врши
интензивна седиментација, па затоа денес среќаваме големи наслаги на варовници.
- КЕНОЗОЈСКА ЕРА
ТЕРЦИЕР:
Ø ПАЛЕОГЕН: Поради големата трансгресија биле поплавени големи простори во
Македонија со т.н. Палеогенско Море. Сите денешни котлини биле под вода.
Ø НЕОГЕН: Во овој период, со интензивни тектонски движења, доаѓа до пропаѓање
на дното на Егејското Море, со што, започнува повлекување на Палеогеното Море.
Водата полека се повлекувала, така да сите денешни котлини во тој период
претставувале езера. Кон крајот на терциер и почетокот на квартер истекле сите
езера, а остатоци останале денешните тектонски езера (Охридско, Преспанско и
Дојранско Езеро).
Ø Во периодот на терциер среќаваме и интензивни вулкански активности на
подрачјето на денешните вулкански области: Кратовско-злетовската, Кожуфската и
Мариовско-кајмакчеланската област).
КВАРТЕР:
Ø Во епохата на дилувиум, повисоките планини во Македонија биле зафатени од
процесот на глацијација (замрзнување) и биле прекриени со ледници. Глацијални
релјефни форми во вид на циркови, валови и моренски материјал среќаваме на
повеќе планини, како: Шар Планина, Кораб, Дешат, Бистра, Стогово, Караорман,
Јабланица, Галичица, Баба Пл., Јакупица, Ниџе, Кожув и Осоговските Планини.
Thursday, September 23, 2021
Авторски текстови на други портали
- Водопадите на камењанска река (Geograf.bg)
- Шарпланински езера (geografija.hr)
- Езеро Сандански (patokolusvetot)
- Езерските бисери во централниот дел на Шар Планина (fakulteti)
- Кукуљето геоморфолошки феномен (skiimacedonia)
- Туристичко значење на Н.П
- Пехчевските водопади ( SkiiMacedonia)
- Полошка котлина (peika.bg)
- Географијата на чајот (факултети)
- Кораб и корабски водопади (Факултети)
- Осоговските планини и пониква
- Туристички вредности и убавини на полошката котлина ( patokolusvetot)
- Вратница (Факултети)
- Гари и Стогово едилична убавина (Факултети)
- Брајчино
- Необична убавина на кањонот Матка (topnovosti.mk)
- Мала клисура со големи тајни- Бислимска клисура (Факултети)
- Село Беловиште и Беловишките водопади (Факултети)
- Село Вруток (patokolusvetot) (patokolusvetot)
Tuesday, August 10, 2021
Туристички поглед на Алпите
Зборот Мон Блан (Mont Blanc) е француски збор и означува бела планина, поради прекрасните снежни полиња и глечери кои се наоѓаат на овој врв. Мон Блан или на италјански Монте Бјанко е највиоскиот врв на Алпите и во западна Европа. Врвот Мон Блан преставува предизвик за планинарите од Европа и пошироко, но и за љубителите на скијањето и другите зимски спортови. Интересот за посета на Алпите и нивното популаризирање е сврзано со богатството на природни и антропогени вредности. Во 19 век масовно се освојуваат врвовите на Алпите и се откриваат фасцинантни пејзажи. Изградба на пристапни пасишта, железници и уредување на изворните простори овозможува голем развој на здравствено лекувачкиот туризам на Алпите. Од година во година расте бројот на посетители на бањските места, но сепак скијачките спортови имаат најголем интерес во зимската сезона. Алпите ги посетуваат околу 100 милиони туристи годишно со што ја прават една од најпосетуваните планини во светот. Во функција на туризмот се многуте манифестации, фестивали, саеми, натпревари од локален и меѓународен карактер. На Алпите беа организирани неколку олимписки игри и тоа во
Шамони-Франција, Сент Мориц-Швајцарија, Гармиш-Партхенкирхен, Кортина Де Апецо -Италија, Инсбург-Австрија, Гренобал-Франција, Албертвил Франција итн
Француски Алпи
Француските Алпи го зафаќаат североисточниот дел на Франција. Се протегаат на површина од 350 км/2. Поделени се во два дела Северни (Со врвот Мон Блан) и јужни со Француски Алпи (Провасински и Приморски Алпи) Најзначаен туристички регион е Мон Блан со површина од 150 км/2 со центарот Гренобал. Атрактивности во овој регион се ледникот Бонсон, зимскиот центар Шамони, Сан Жерв, Мажев, Шамбери, Албервил, врвот Егиј де Миди, Мон Блан и др
Италјански Алпи
Најзначаен предел е пределот околу глацијалните езера Исео, Гарда Маѓоре. Во зимскиот период во околу 350 туристички области доаѓаат голем број скијачи, деодека во летната сезона доажаат илјадници планинари од целиот свет. Овој простор располага со голем број жичарници , ски лифтови и други инфраструктурни објекти. Значајни туристички центри се Сестриере, Цервина, Кортина де Ампецо и др
Германски Алпи
Германските Алпи се претставени преку Баварските Алпи на кои што се лоцирани голем број зимски туристички центри како Гармиш- Партхенкирхен, Оберсдорф, со голем број инфраструктурни објекти. Баварските Алпи се богати со голем број леднички езера од кои најпознати се Кимзе,Амерзе и Вирмзе
Wednesday, April 7, 2021
КЛИСУРИ ВО МАКЕДОНИЈА
Клисурата претставува тесна и длабока речна долина со високи и стрмни страни;
Најдолга клисура во Македонија е Скочивирската која е долга 80км и се наоѓа на Црна Река;
За најмала клисурата се смета клисурата Пешти која има должина од 430м а се наоѓа на реката Бабуна;
Познати клисури во земјава се:
Бадерска Клисура
Бариќ Клисура
Бислимска Клисура
Бродска Клисура
Велешка Клисура
Демиркаписка Клисура
Дервенска Клисура
Дреновска Клисура
Дримколска Клисура
Злетовска Клисура
Клисура на Зрновска Река
Кањон Камник
Кањон Матка
Клисура на Пена
Пешти
Скочивирска Клисура
Таорска Клисура;
Најголемото/ високото/длабокото во Македонија
НАЈВИСОК ВОДОПАД ВО МАКЕДОНИЈА?
Корапскиот водопад на Длабока Река. Воедно е и највисокиот водопад и на Балканот со висина од над 130 метри;
НАЈДЛАБОКА ПЕШТЕРА ВО МАКЕДОНИЈА?
Врело - Скопје, длабочина од 230 метри што во моментов ја прави најдлабока подводна пештера на Балканот и втора најдлабока во Европа;
ПЕШТЕРА СО НАЈГОЛЕМ ОТВОР ВО МАКЕДОНИЈА?
Пештерата Пешна, Македонски Брод. Пешна е пештера со најголем отвор во Македонија, но и на Балканот. Висината на отворот изнесува 40 метри, а широчината 56 метри. Должината на пештерата е 124 метри;
НАЈДОЛГА КЛИСУРА ВО МАКЕДОНИЈА?
Скочивирска Клисура — клисура во средниот до јужниот дел на Македонија која, со преку 80 км, претставува најдолгата клисура во земјата. Почнува од селото Скочивир во југоисточниот дел на котлината Пелагонија и завршува во селото Возарци во Тиквешијата;
НАЈГОЛЕМО ПРИРОДНО ЕЗЕРО ВО МАКЕДОНИЈА?
Охридско езеро. Површина 358,2 км2, должина од 30,8 км, а најголемата широчина изнесува 14,8 км. Должината на брегот изнесува 87,5 км.;
НАЈГОЛЕМО ЛЕДНИЧКО ЕЗЕРО ВО МАКЕДОНИЈА?
Боговињско Езеро, Шар Планина.
Долго е 452 метри, широко 225 метри и длабоко 2,20 метри. Должината на бреговата линија му изнесува 1200 метри;
НАЈГОЛЕМО ВЕШТАЧКО ЕЗЕРО ВО МАКЕДОНИЈА?
Козјак. Езерото е долго 32 км, длабоко 130 м, а максималното растојание од едниот до другиот брег изнесува 400 метри;
НАЈГОЛЕМА ПЛАНИНА ВО МАКЕДОНИЈА?
Шар Планина.Самата планина зафаќа површина од 1.600 км2. 56,25% од самиот масив ѝ припаѓа на Македонија, 43,12% на Косово, а останатиот дел од 0,63% на Албанија.
Нејзината должина изнесува 80 км, а широчината од 10 до 25 км.;
НАЈВИСОК ПЛАНИНСКИ ВРВ ВО МАКЕДОНИЈА?
Голем Кораб — највисокиот врв на планината Кораб и воедно највисок врв во Република Македонија. Се наоѓа на границата меѓу Македонија и Албанија. Висок е 2.753 метри;
НАЈГОЛЕМ НАЦИОНАЛЕН ПАРК ВО МАКЕДОНИЈА?
Националниот парк Маврово зазема простор од 73.088 хектари и најголем е меѓу трите национални паркови во Македонија. Прогласен е за национален парк во 1948 година;
НАЈГОЛЕМ ГРАД ВО МАКЕДОНИЈА?
Скопје, главниот град на државата. Зафаќа површина од 1.818 м2.
Според пописот од 2002 година, градот имал 506.926 жители. Според некои проценки од 2015 година во градот живеат 811.045 жители;
НАЈГОЛЕМА ОПШТИНА ВО МАКЕДОНИЈА ПО БРОЈ НА НАСЕЛЕНИЕ?
Куманово. 105.484 жители;
НАЈГОЛЕМА ОПШТИНА ВО МАКЕДОНИЈА ПО ПОВРШИНА?
Прилеп. Општината опфаќа површина од 1.198 км2;
НАЈГОЛЕМО СЕЛО ВО МАКЕДОНИЈА?
(Според број на население) Драчево. За селото и населбата Драчево се водат одделни статистички податоци. Според пописот од 2002 година, селото Драчево броело 8.641 жители, а населбата Драчево броела 10.605 жители;
НАЈВИСОКО СЕЛО ВО МАКЕДОНИЈА?
Кракорница, село во Општина Маврово и Ростуше, во областа Горна Река. Селото се наоѓа на надморска височина од 1.530 м, со што претставува највисоко населено место во Македонија. Според пописот од 2002 година во селото живеат 15 жители;
НАЈВИСОК ГРАД ВО МАКЕДОНИЈА?
Крушево, 1250 метри надморска височина;
НАЈГОЛЕМА КОТЛИНА ВО МАКЕДОНИЈА?
Пелагонија. Просечна надморска височина на рамнината изнесува 650 метри и се движи од 710 до 615 метри во Прилепското Поле и од 610 до 540 метри во Битолското Поле со вкупна површина од 120,600 хектари;
НАЈДОЛГА РЕКА ВО МАКЕДОНИЈА?
Вардар. Долга е 388 км и нејзиниот речен слив опфаќа површина од приближно 25.000 км2;
НАЈГОЛЕМ ОСТРОВ ВО МАКЕДОНИЈА?
Островот Голем Град на Преспанско Езеро.
Зафаќа површина од 0,18 км2. Највисокото издигнување на островот е 900 метри;
Wednesday, February 24, 2021
Место со рекордна разлика помеѓу плимата и осеката
Заливот Фанди се наоѓа помеѓу Американската држава Мејн и канадската провинција Нова Шкотска. Заливот е познато како место каде разликата на нивото на водата помеѓу плимата и осеката е најголема. Разликата достигнува дури до 16 метри. Поради големиот хидропотенцијал имало големи планови за искористување на водата со изградба на хидроцентрали.
Wednesday, October 28, 2020
Титиов врв
Monday, August 17, 2020
Хрватска
ГЕОГРАФСКА ПОЛОЖБА И ГОЛЕМИНА
Грција
ГЕОГРАФСКА ПОЛОЖБА И ГОЛЕМИНА
Saturday, August 8, 2020
Србија
ГЕОГРАФСКА ПОЛОЖБА И ГОЛЕМИНА
Република Србија е јужноевропска држава сместена во централниот дел од Балканскиот Полуостров, која кон север се поврзува со регионот Средна Европа. Таа граничи со 8 држави, и тоа: на југ со Македонија, на исток со Бугарија и Романија, на север со Унгарија, на запад со Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Во јужниот дел од Србија се наоѓа и покраината Косово, која во последните неколку години полека ги остварува долгогодишните аспирации за остварување на независност со воспоставување на свои институции и државни симболи, што е резултат и на силната меѓународна поддршка. Во овие граници Република Србија зазема површина од 88 360 км кв. (111-то место меѓу државите во светот).
РЕЛЈЕФСрбија се одликува со разновиден релјеф. Младите планини се застапени во западниот дел, а покарактеристични од нив се: Златибор, Шар Планина и Копаоник. На Шар Планина е и највисокиот врв во државата (2 651 м н.в.). Во Југоисточниот дел се застапени стари планини, кои се дел од Родопските Планини, додека во источниот дел се застапени млади планини, кои се продолжение на Карпатите. Најголема низина во Србија е Панонската Низина, која се состои од три целини: Банат, Бачка и Срем. Од котлинските простори карактеристични се: Нишката и Метохиската.КЛИМАНајраспросранет тип на клима во Србија е умерено-континенталниот. Покрај него по долината на реката Бел Дрим, во југо-западниот дел од државата е застапена изменето-медитеранската клима. Во Панонската Низина е застапена континентална степска клима, а на планините над 1 000 м н.в. е застапена планинска клима.ХИДРОГРАФИЈАНајголемо значење меѓу реките во Србија има реката Дунав. Таа има голем број на притоки, меѓу кои особено значајни се: Тиса, Сава, Велика Морава и Тимок. Реката Дунав е значајна за: речниот сообраќај, наводнувањето и хидроенергијата (особено кај Ѓердапската Клисура). Освен споменатите реки кои припаѓаат на Црноморскиот речен слив, во сливот на Јадранското Море припаѓа реката Бел Дрим, а на Егејското сливно подрачје реката Лепенец.НАСЕЛЕНИЕВо Србија денес живеат околу 9 милиони жители (од нив околу 2 милиони на Косово). (Според тоа се наоѓа на 96-то место во Светот). Освен Србите и Албанците (на Косово), во Србија застапени се и некои малцинства, како што се: Унгарци (во Војводина), Роми, Хрвати, Македонци и Бошњаци. Покрај големата концентрација на население во и околу главниот град, со голема густина на населеност се одликуваат и просторите на Панонската Низина и Косово. За населението на Србија карактеристична е и силно изразената емиграција на населението, особено во 90-тите години на XX век, кога се смета дека државата ја напуштиле над 300 000 жители.НАСЕЛБИГлавен и најголем град во Србија е Белград, со над 1 200 000 жители. Други поголеми градови се: Нови Сад, Приштина (на Косово), Ниш, Крагуевац и Суботица.СТОПАНСТВООд стопанските гранки во Србија особено е развиено земјоделството, посебно во Панонската Низина и по долината на реката Морава, а намногу се одгледува: пченицата, пченката, сончогледот и шеќерната репка. Од индустриските гранки застапении се: прехрамбената, машинската, автомобилската и текстилната. И туризмот зазема свое место во стопанството на Србија, и тоа зимскиот туризам (на Златибор и Копаоник) и бањскиот туризам (Нишка, Врњачка, Врањска и Сокобања)
Wednesday, July 8, 2020
Езера на планината Галичица
Природни езера
Природните езера на планината Галичица можеме да ги поделиме на три групи, и тоа: постојани, периодични и повремени езера. Постојани се 2 езера, 1 е периодично езеро, а бројот на повремените заезерувања тешко може да се утврди.
Постојани езера
Постојани природни езера на планината Галичица се јавуваат само во нејзиното подножје, и истите претставуваат остатоци од поголеми лагуни кои што егзистирале во геолошкото минато. Тоа се езерото Острово и Стењското Езеро (Блато). Во минатото пред изградбата на автокампот Љубаништа, на таа локација постоела лагуна, која што со изградбата на кампот е целосно уништена.
Езерото Острово се наоѓа покрај јужниот крај на Охридското Езеро во близина на манастирот Св. Наум. Ова езеро спаѓа во типот на лагуни, кое што Валилески Д. го издвојува како посебен поттип на крајбрежно-изворско езеро (Василески, 1995). Ова езеро е создадено со снижувањето на нивото на Охридското Езеро, при што некогашното заливче под дејството на брановите постепено е затворено со крајбрежен бедем широк околу 10 m. Езерото е долго 220 m, широко 140 m, а најголемата длабочина му изнесува 3,5 m. Помеѓу езерото Острово и Охридското Езеро постои краток површински водотек со должина од 12 m. Со вода се храни од изворите Св. Наум (кои што народот ги нарекува Изворите на Црн Дрим), односно, од 18 крајбрежни и 30 сублакустриски (подводни) извори чија што вкупна максимална издашност изнесува 11 m3 /s (Стојадиновиќ, Шапкарев, 1962). Во езерото се наоѓаат два острова, од кои што помалиот се користи како ресторан, а поголемиот е целосно обраснат со шума. При мојата посета на 27. 08. 2004 г. температурата на водата на крајбрежните извори се движеше од 10,7-11,5 ºC, а pH вредноста се движеше од 6,9-7,1, во најголем дел 7,0. Температурата на водата во средишниот дел изнесуваше 11,6 ºC, pH вредноста 7,0, а на излезот од езерото температурата на водата изнесуваше 11,8 ºC, а pH вредноста 7,2. Езерото Острово во однос на Охридското Езеро се однесува како криптодепресија, бидејќи неговото ниво е повисоко од нивото на Охридското Езеро во просек за 0,56 m, додека дното во просек му е пониско за 2,94 m од нивото на водата во Охридското Езеро. Во минатото се правени многу обиди за да се утврди потеклото на водите во изворите Св. Наум. Претпоставките биле дека нивното потекло е од водите на Преспанското Езеро, кое што е повисоко за околу 160 m од Охридското Езеро, кои што понираат низ карстните масиви на Галичица во Мала Преспа на повеќе локации (Завир, Врагодупка и др.), па имало и обиди тоа да се докаже и со уфрлање на боја во понорите (Цвијић, 1911). Конечно во почетокот на 80-г од XX век, со примена на природни изотопи е докажано дека партиципацијата на Преспанското Езеро во водите на изворите кај Св. Наум е cca 42 % и претставува 25 % од вкупно дренираните преспански езерски води кои што понираат низ варовничките маси на Галичица (Ановски и др., 1987).
Езерото Острово претставува строго заштитена зона во рамките на националниот парк Галичица.
Стењското Езеро (Блато) се наоѓа кај с. Стење кај Преспанското Езеро. Спаѓа во видот на мочуришни езера. Од Преспанското Езеро е одделено со песочен бедем широк 100 m. Јаковљевиќ (Јаковљевић, 1933) наведува дека истиот е долг 400-500 m, но сметам дека истиот е многу подолг 1,5-2 km и го одделувал целиот Стењски Залив од Преспанското Езеро, а со засипување со нанос и поради спуштањето на нивото на Преспанското Езеро, од големата лагуна останал само нејзиниот најдлабок дел. Има елиптична форма со правец на протегање северозапад-југоисток, со максимална должина од 618 m и максимална широчина од 393 m. Зафаќа површина од околу 20 ha која што во текот на годината варира, а 101 максималната длабочина му изнесува 3,5 m која што исто така варира. Во зависност од височината на нивото на Преспанското Езеро тоа е повремено се поврзува со истото. Езерото Острово (Ангеловски, 2004) Последната комуникација на блатото со Преспанскто Езеро била во 1941-1942 г. кога поради високиот водостој песочниот бедем бил прекинат (Стојмилов, 2003). Денес поради ниското ниво на Преспанското Езеро (кое според официјалните податоци е -7,5 m под “0” кота) на патот кој што води по самиот срт на бедемот на суво е и цевката со пречник 300 mm која што е поставена за истекување на вишокот вода од блатото во влажните периоди. Во старите карти на НП “Галичица” истото е обележано како строго заштитена зона, но од пред неколку години со ревалоризацијата на строго заштитени те зони во паркот, истото е избришано од строго заштитена зона (наводно поради изградба на туристички комплекс) и не се споменува воопшто во публикациите на паркот. На 24. 05. 2004 г. длабочината му изнесуваше 1,5- 2,5 m, температурата на водата 14,7 ºC, а pH вредноста 6,1. Во најголем дел е обраснато со трска, шавар, жолта перуника и др.
Периодични езера
Од периодичните природни езера на планината Галичица постои едно езеро кое што има полигенетско потекло, односно во неговото изградување улога одиграле флувијалната и карстната ерозија. На планината Галичица, во близина на Стари Завој, во месноста Езерце, во влажниот период од годината се формира периодично езерце, кое го нареков Завојско Езеро Дното на Завојското Езеро обраснато со шамак (Ангеловски, 2008) Езерото е формирано во изворишните делови на Рувче Река во теренот изграден од плочести варовници со рожнаци, кои се прекриени со делувијален нанос од метапесочници. во средишниот дел се наоѓа мала вртача со дијаметар 50 sm и длабочина од 20 sm. Во сушниот дел од годината дното на езерото е обраснато со шамак. За врема на нашата посета на 16. 06. 2009 г. езерото беше без вода, но дното беше влажно. Според трагите од заезерувањето, утврдивме дека истото е со должина од 41 m (во правец СЗ-ЈИ), максимална широчина од 28,8 m (во правец СЕ-ЈЗ) и длабочина од 30 sm. Површината на езерото во овие димензии изнесува околу 944,7 m2 , а волуменот околу 283,4 m3 . Во некои периоди од годината езерото делува како проточно, бидејќи низ него протекува повремениот водотек кој се спушта од падините јужно од него. Со вода се храни претежно од врнежите и стопениот снег, како и со вода од повремениот водотек на Рувче Река.
Повремени заезерувања
После топењето на снегот, карстните полиња на планина Галичица, особено Ѓафа и Суво Поле се поплавуваат, по кратко време водата се повлекува, а во вдлабнатините и во алувијалните вртачи по дното се формираат заезерувања. Ваквите заезерувања се најчести во карстното поле Ѓафа. До нивно формирање најчесто доаѓа поради неможноста на понорите по дната на алувијалните вртачи да ја примат сета вода која што се слева во нив. Голем број од ваквите заезерувања се искористени за изградба на микроакумулации, за кои што ќе стане збор нешто подоцна. Овие заезерувања не се целосно истражени и целосно евидентирани. Првото вакво заезерување се наоѓа веднаш после локвата Ѓафа, движејќи се кон југ, кој всушност претставува алувијална вртача со понор кој што не може целосно даја прими водата од стопениниот снег. При мојата посета на 02. 04. 2004 истото имаше кружен облик со должина 3,9 m, широчина 3,4 m, длабочината изнесуваше 0,8 m, но се забележуваа траги од поголемо заезерување со дијаметар околу 10- 11 m. Температурата на водата изнесуваше 16,3 ºC, а pH вредноста 6,9. При мојата втора посета на 09. 04. 2004 г. водата беше целосно повлечена, а вртачата беше сува. Останатите локации се во близна на локвата Црвена Земја, помеѓу локвите Црвена Земја и Долна (кое што има специфичен бубрежест облик) и јужно од локвата Долна. Според кажувањето на Ристо Ламбески од с. Елшани, типично заезерување се формира во чиниестата алувијална вртача-понор во централниот дел на карстното поле Суво Поле. Имено снегот кој што се топи од околните падини на Суво Поле прави водотеци, од кои најголеми се оние од Бугарска Чука (1801 m) и од долината кај Мечкина Локва. Водите кои што се слеваат во вртачата прават заезерување, а поради понирањето водата во него постојано кружи. Вртачата е со дијаметар од 50 m и длабочина од 2,5 m, а истата месното население ја нарекува Црвена Земја (овде треба да се направи разлика со микроакумулацијата Црвена Земја во карстното поле Ѓафа). Поради специфичните климатски појави во последните 30-тина години, оваа појава не е забележана. Јужно од селото Илино, во месноста Влек се формира вакво повремено заезерување со дијаметар од 6-7 m кое што со вода се храни од дождовите и топењето на снеговите. за негово искористување во непосредна близина е изградено хранилиште за дивеч.
Вештачки езера
Во подножјето на планината Галичица се јавува само една мала акумулација, а додека за изградба се планирани уште две мали акумулации кои што би служеле за наводнување. За напојување на стоката во високопланинските делови на планината Галичица во 30-те години на XX век се изградени повеќе микроакумулации.
Мали акумулации
Малата акумулација Рудник или Езерце, всушност претставува напуштен површински коп на јаглен. Создадено е во почетокот на 80-те години на XX век со експериментален коп на јаглен во плиоцените седименти од страна на текстилната фабрика “Преспатекс” – Ресен. Езерото има неправилна трапезоидна форма со должина 150 m, широчина 78 m, максимална длабочина од 16 m, при што зафаќа површина од околу 9 360 m2 и волумен од 149 760 m3 вода. При мојата посета на 26. 05. 2004 г. температурата на водата изнесуваше 18,4 ºC, а pH вредноста 6,4-6,5. Во западниот дел е обраснато со трска. Водата од езерото се користи за наводнување и спортски риболов на крап, со кој што истото е порибено. Со вода се храни од изданот во кој што е всечено, како и со вода од врнежи.
Малата акумулација Рудник (Езерце), (Ангеловски, 2004) Во сливот на Боунска Река се планира изградба на мала акумулација со височина од 18 m, широчина на круната од 3 m, должина 135 m и вкупна запремнина од 720 000 m3 вода од кои 546 000 m3 вода би била корисна вода, а 15 550 m3 вода како мртов простор. Водата од оваа акумулација во основа ќе се користи за наводнување на 270 ha земјоделски површини засадени со овоштарници, како и за добивање на електрична енергија, во одредени случаи за рибарство и други потреби (Група автори, 1990). Во сливот на Источка Река исто така се планира изградба на мала акумулација, со височина на браната од 18 m, корисна зафатнина од 700 000 m3 вода. Водата од оваа акумулација ќе се користи за наводнување на 208 ha обработливи земјоделски површини, пред се засадени со овоштарници и за други потреби (Група автори, 1990).
Микроакумулации
Поради недостатокот на вода за напојување на стоката во високопланинските предели на Галичица, по директна наредба на Кралот на Југославија, во 30-те години на XX век се изградени поголем број на микроакумулации. Овде се напасувале преку 100 000 грла овци. Како локации се избрани местата каде што повремено се заезерувала водата по дната на карстните полиња, во скарстените речни долини, како и во поголемите вртачи. Истите се градени со наизменично редење на слоеви црвеница и волна и набивање со помош на коњи. При секое напојување стоката се пуштала низ локвите за дополнително да се набие подлогата, па така истите и се самоодржувале. Во текот на 50-те и 70-те години од XX век се извршени одредени санациони зафати, изградени се пумпи и бетонски водопоила. Но некои санациони зафати довеле и до нивно оштетување. Микроакумулациите на број ги има 23 од кои што 9 постојано имаат вода, 7 имаат периодично вода, а 7 имаат повремено или воопшто не држат вода. Од нив една е ѕидана, две се ѕиданоземјени, 4 се бетонирани (чиј што средишен дел е во вид на бунар и имаат заштитен прстен од ѕидани камења), а останатите се земјени. Микроакумулациите народот ги нарекува локви, па при опишувањето ќе бидат употребувани автентичните имиња, а дополнително ќе бидат дадени и имињата под кои што се среќаваат во литературата и на картите. Опишувањето ќе биде од север кон југ.
Микроакумулацијата Петринско Поле се наоѓа на дното на една голема вртача под котата 1542 m. Таа е од земјен тип, кој со вода се храни од непосредната сливна површина, а поради неодржување и запуштеност, вода има само за време на топењето на снегот. Локвата има елипсоидна форма, со димензии 48 m должина, 27m ширина, а максималната длабочина изнесува 1 m. Нејзината површина изнесува 1 036,8 m2 .
Микроакумулацијата Горни Исток е сместена во полето кое се наоѓа помеѓу врвовите Бигла и Црвен Камен, на самиот пат кој води кон врелото Горни Исток, на 200 m од чешмата Горни Исток. Оваа микроакумулација е од земјен тип со елуипсовидна форма, со должина 23,3 m, широчина 13 m, длабочина 0,9 m и површина 242,32 m2 . На 21. 06. 2004 г. температурата на водата изнесуваше 26,3 4 ºC, а pH вредноста 7,1. Со вода се храни од непосредната сливна површина, како и од изданот во кој што е всечена. Во голема мера е исполнета со нанос и обрасната со барска вегетација и постојано има вода.
Микроакумулацијата Џафа (Ѓафа) е сместена во североисточниот дел на карстното поле Ѓафа. Таа е од ѕиданоземјена со димензии: должина 57 m, широчина 40 m, длабочина преку 1 m (месец април) и површина од 1 824 m2 . На 31. 03. 2004 г. температурата на водата изнесуваше 55,7 4 ºC, а pH вредноста 6,9. Со вода се храно од непосредната сливна површина, изворот Ѓафа, како и од преливот на блискиот бунар. Во јужниот дел е изградена пумпа со бетонски корита за напојување на стоката, а северно од неа има бунар. Околниот ѕид е доста оштетен. Таа постојано има вода.
Микроакумулацијата Црвена Земја (Дупкана) сместена е во централниот дел на полето Ѓафа, во месноста Дупкана. Таа е најголема микроакумулација на Галичица, а е изградена од набиена црвеница, од каде што доаѓа и името. Долга е 86 m, широка 52 m, длабока 0,5 m, а има површина од 3 577,6 m2 . На 02. 04. 2004 г. температурата на водата изнесување 11,7 ºC, а pH вредноста 7,4. Со вода се храни од стопениот снег и дождовите што се слеваат од полето Ѓафа.
Микроакумулацијата Долна Локва е сместена во јужниот дел на полето Ѓафа, во месноста Долна. Таа има облик на латинската буква “V” бидејќи е доста оштететна од возилата кои во летниот период, кога таа е сува, низ неа си направиле пат, при што е оштетен долниот заштитен слој. Долга е 75 m, широка 30 m, длабока 0,4 m, со површина од 1 800 m2 . На 02. 04. 2004г. температурата изнесуваше 15,9 ºC, а pH вредноста 6,6. Со вода се храни од непосредната сливна површина, како и од преливот на блискиот бунар. Вода има периодично.
Микроакумулацијата Горна Локва (Дива Јасика) се наоѓа во месноста Дива Јасика и е од бетонски тип. Нејзината должина изнесува 25 m, широчината 20 m, максималната длабочина во средишниот бунарест дел изнесува 2,5 m и има површина од 400 m2 . На 19. 06. 2004 г. температурата на водата изнесуваше 22,6 ºC, а pH вредноста 7,2. Таа постојано има вода. Во нејзина непосредна близина има и бунар.
Микроакумулацијата Самоска Локва (Асан Ѓура) (Сл. 4) е сместена во карстното поле Асан Ѓура, на планинарската патека кој што води од планинарската куќа кон Самоска Пештера. Таа е од земјен тип и има кружна форма. Нејзината должина изнесува 37,8 m, широчината 37 m, длабочината 0,5 m, и има површина од 1 118,9 m2 . На 02. 04. 2004 г. температурата на водата изнесуваше 14,7 ºC, а pH вредноста 7,6. Со вода се храни од непосредната сливна површина и има постојано вода.
Микроакумулацијата Симонческа Локва во карстното поле Асан Ѓура, во полето помеѓу Гребенине и котата 1527 m. Таа е од ѕидан тип и има елипсовидна форма. Нејзините димензии изнесуваат должина 22 m, широчина 11 m, длабо;ина од 2,5 m и површина од 193,6 m2 . На 02. 04. 2004г. температурата на водата изнесуваше 9,0 ºC, а pH вредноста 6,5. Со вода се храни од изданот во кој што е всечена, како и од преливот на блискиот бунар. Во пролетниот дел на годината таа е од проточен тип, каде водата што истекува од неа понира во блискиот понор. Околу неа има пумпа со бетонски корита, а помеѓу бунарот и неа има земјени корита. Вода има постојано.
Микроакумулацијата Студино I е сместена во увалата Студино. Има траголна форма, сместена е во близина на бунарот Студино и е од земјен тип. Околу неа се забележуваат траги од поголемо заезерување. Нејзината должина изнесува 9 m, широчината 8 m, длабочина 0,4 m, има површина од 75,6 m2 . На 09. 04. 2004 г. температурата на водата изнесуваше 16,1 ºC, а pH вредноста 7,7-7,8. Со вода се храни од непосредната сливна површина, како и од преливот на блискиот бунар. Вода има периодично.
Микроакумулацијата Студино II е сместена во централниот дел на увалата Студино. Таа е од земјен тип со елипсовидна форма. Нејзината должина изнесува 54 m, широчина 30 m, длабочина 0,5 m, и има површина од 1 296 m2 . На 09. 04. 2004 г. температурата на водата изнесуваше 16,8 ºC, а pH вредноста 7,7. Со вода се храни од непосредната сливна површина, а во нејзина близина се наоѓа бунареста вртача која што најверојатно е продолжение на пештерата Самоска Дупка. Вода има периодично.
Микроакумулацијата Студино III е сместена јужно од Студино II. Таа е од земјен тип со елпосовидна форма. Нејзината должина изнесува 51 m, широчина 26 m, длабочина 0,45 m, и има површина од 1 060,8 m2 . На 09. 04. 2004 г. температурата на водата изнесуваше 20,7 ºC, а pH вредноста 7,7-7,8. Со вода се храни од непосредната сливна површина, а вода има само периодично.
Микроакумулацијата Студино IV е сместена југоисточно од Студино III. Таа е од земјен тип со кружна форма. Нејзината должина изнесува 20 m, широчина 15 m, длабочина 0,3 m, и има површина од 240 m2 . На 09. 04. 2004 г. температурата на водата изнесуваше 24,3 ºC, а pH вредноста 7,8. Со вода се храни од непосредната сливна површина, а вода има само периодично.
Микроакумулацијата Два Бунари сместена во месноста Два Бунари во една длабока вртача. Таа е од бетониран тип со бунарес дел во центарот. Обликот и е кружен со дијаметар 10 m, длабочина 1 m, и има површина од 80 m2 . На 09. 04. 2004 г. температурата на водата изнесуваше 1 ºC, а pH вредноста 6,8. При нашата посета во поголем дел беше испонета со снег. Со вода се храни од непосредната сливна површина и од преливот на блискиот бунар, а вода има периодично. Во околината има ѕидана ограда од камен и бетонски корита за напојување на стоката.
Микроакумулацијата Мечкина Локва е сместена во шумата Косто Бачило и југозападниот дел од Суво Поле. Таа е од земјен тип со кружна форма. Нејзината должина изнесува 14,5 m, широчина 13,6 m, длабочина 0,6 m, и има површина од 157,8 m2 . На 11. 05. 2004 г. температурата на водата изнесуваше 11,9 ºC, а pH вредноста 7,2-7,3. Со вода се храни од непосредната сливна површина, како и од блискиот бунар, а вода има преку целата година
. Микроакумулацијата Косто Бачило е сместена во месноста Косто Бачило и е од бетонски тип со бунарен средишен дел и ограда од камен и бетон. Таа има пречник од 18 m, длабочина 2 m, со површина од 259,2 m2 . На 19. 06. 2004 г. температурата на водата изнесуваше 23,5 ºC, а pH вредноста 7,3. Со вода се храни од непосредната сливна површина, како и од преливот на блискиот бунар. Таа е исполнета со нанос и во поголемиот дел е обрасната со барска вегетација. Вода држи преку целата година. Во нејзина близина има бетонско корито и ѕидан бунар.
Микроакумулациите Симонческа Локва и Мечкина Локва
Микроакумулацијата Црвен Камен е сместена во месноста Црвен Камен и е на најголема надморка височина од околу 1870 m. Таа е од земјен тип со кружна форма со дијаметар 36,7 m, длабочина 1,5 m, и има површина од 1 077,5 m2 . Таа во минатото држела вода преку цела година, а птици доаѓале дури од Охридското Езеро. Меѓутоа, месното население сакајќи да го исчисти наносот од неа, го оштетило заштитниот слој и истата сега не држи вода. Во нејзина близина има бунар.
Микроакумулацијата Зли Дол е сместена десно од превојот Галичица (1600 m) во бунарестата вртача Зли Дол. Таа е од бетонски тип со кружна форма и бунарест дел во средината. Нејзината должина изнесува 20 m, широчина 19 m, длабочина 1,5 m, и има површина од 304 m2 . На 25. 04. 2004 г. температурата на водата изнесуваше 8,7 ºC, а pH вредноста 8,3. Со вода се храни од непосредната сливна површина, и вода има преку целата година. На патеката кон врвот Магаро во месносна Липова Ливада (Липоња) се наоѓа микроакумулацијата Липова Ливада која што е оштетена, не држи вода и тешко може да се утврди нејзината локација.
Микроакумулацијата Глајшо е сместена увалата Поле до црквата Св.Спас. Целото поле во пролетно време е заезерено. Таа е од земјен тип со кружна форма со дијаметар 33 m, длабочина 0,6 m, и има површина од 871,2 m2 . На 11. 05. 2004 г. температурата на водата изнесуваше 22,3 ºC, а pH вредноста 7,6. Со вода се храни од непосредната сливна површина, изданот во полето и преливот од блискиот бунар. Вода има само периодично. Во поголем дел е обрасната со трева, а во средишниот дел со барска вегетација, па затоа тешко се одредуваат нејзините граници.
Микроакумулацијата Св.Атанасие е сместена под манастирот Св.Атанасие, кај с.Љубаништа.. Таа е од ѕидано-земјен тип со елипсовидна форма. Нејзината должина изнесува 20 m, широчина 6 m, длабочина 0,5 m, и има површина од 96 m2 . На 27. 08. 2004 г. температурата на водата изнесуваше 10,9 ºC, а pH вредноста 7,0-7,1. Таа е од проточен тип. Водата се користела за наводнување на Љубанишко Поле. Со вода се храни од изворите кои што се во неа и еден извор од страна
Микроакумулациите Војтина I, II и III се наоѓаат во месноста Војтина, под изворите Крека и Попов (Велички) Клајнец. Поради близината на граничната линија тие се запоставени, обраснати со трева, не држат вода и тешко можеше да се утврди нивната локација.



